Post Views: 0
Охридските ракометари викендов забележаа уште една победа. Тие на домашен терен со 30-22, (12-9) на полувреме го совладаа составот на Прилеп пред своите гледачи во дербито на колото во Супер лигата.
Охридските „гладијатори“ викендов го одиграа својот најдобар натпревар во Супер лигата. Тие во спортската сала „Атина Бојаџи“ забележаа уште една победа, овојпат над ракометарите од РК „Прилеп“. И овој пат главна одлика на играта на охридските ракометари беше силната одбрана збогатена со разновидноста во нападот. Оваа петта победа сезонава им донесе на охриѓани сигурно место...
Post Views: 2
Врабтеноста на работниците од областа на хемијата неметали и метали во земјава е на ниско незадоводилетелно ниво. Ваквата состојба ја предочи претседателот на Синдикатот Зоран Мироноски кој смета дека состојбата можеби ќе се подобри, но засега тоа одело многу споро и покрај тоа што се отворале работни места во слободно економските зони. Нивното незадоволство било посебно изразено во тие слободните економски зони, бидејќи таму немале членство, а работниците биле изложени на тортура на работодавачите, затоа што работниците немале никакви права и обврски и не припаѓале...
Post Views: 1
Шестмина скијачи кои исчезнаа во саботата, во лавина на југоистокот во француските Алпи, се пронајдени мртви, објавија спасувачките екипи.
Четворица мажи и две жени, сите со големо скијачко искуство, од француска националност помеѓу 50 и 70 годишна возраст, отишле на скијање во саботата наутро, но ги изненадила лавина, објавила префектурата департмани Hautes-Alpes (Високи Алпи).
Несреќата се случила на масивот Queyras, во близина на градот Ceillaca.
Првите три тела се пронајдени во текот на ноќта, а другите три по четири часа трагање.
“Кога заминаа, небото беше чисто,...
Post Views: 2
Останатите стотина вработени во АД ЕМО да бидат згрижени во некои од државните компании-побараа од синдикатот на некогашниот охридски гигант. За конечно надминување на нивната ситуација, побараа останатите стотина вработени да добијат еднаков третман како и педесетината довчерашни вработени во ЕМО кои неодамна склучиле договор за вработување во државната МЕПСО. Тие уште еднаш побараа исплата на четириесетина заостанати плати, како и придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Меѓу другото, велат дека ќе побараат и соодветни одговори од Народниот правобранител околу...
Post Views: 0
Охриѓани иако живеат на езеро многу малку јадат риба. Според статистичките податоци македонецот годишно конзумира само 2 кг риба. Ова го потврдуваат и сопствениците на рибарниците во градов. Јахја Јахја кој веќе дваесет години се занимава со продажба на свежа и замрзната риба кажува дека граѓаните се поретко го купуваат овој прехрамбен производ иако речиси сите знаат колку е здраво да се јаде риба. Според него има повеќе причини за тоа. Првенствено во прашање е се помалата куповна моќ на граѓаните. а и менталитетот поради кој луѓето побрзо би купиле еден кг. свинско...
Post Views: 8
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно и без забрани, по наместа влажни коловози.
Поради ниските температури се забележува појава на голомразица на повеќе патни правци во земјава, особено на мостовите, планинските превои и осојничавите места.
На патниот правец Дебар – Струга се препорачува исклучителна внимателност поради честата појава на одрони.
АМСМ на сите возачи им препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
Интензитетот на сообраќај е умерен на патните правци...
Post Views: 0
Возете се со кајче во Охридското Езеро, направете фотографија од црквата “Св.Јован Канео”, посетете ја Светиклиментовата Црква на Плаошник, видете го Античкиот театар, разгледајте ја музеј-куќата на фамилијата Робевци, видете ги фреските во црквата Света Софија, восхитувајте се на погледот од Самоиловата тврдина, купете Охридски бисери, посетете го манастирот “Св.Наум” и изворите на Црн Дрим, дојдете во допир со природата во националниот парк Галичица.
Ова се десетте работи кои секој турист мора да ги направи кога ќе го посети Охрид, според експертот...
Post Views: 16
Изгореа три куќи во Калишта, струшко. Пожарот се случил синоќа околу 11 часот. За влакно куртулиле 10 те члена од домаќинствата на сега изгорените куќи од кои 2 деца. Пожарот го приметила братучетката на Ваљон Мимини, еден од сопствениците на изгорените куќи. Мимини со голема болка раскажува како се се случило за миг. Тој рече дека пламените јазици не само што ги оставиле без покрив на глава туку не им оставиле буквално ништо ниту облека ниту покуќнина.Мимини рече дека секој ден во селото имало проблем околу напојувањето со електрична енергија па не ја исклучува можноста...
Post Views: 13
Холивудска насмевка и бели заби по скратена постапка. Ова е желбата која најчесто ги тера охриѓани да се подложат на третман за избелување на своите заби. Оваа некогаш повеќекратна, болна па дури и штетна стоматолошка практика, последниве години доживува вистински технолошки развој. Дел од оваа современа технологија која во денешно време е и побезбедна, побрза и поефикасна, се работи и во стоматолошкиот центар “Д-р Баткоски” во Охрид. Стоматологот, д-р Емилија Стојаноска, вели дека ласерскиот третман кој тие го нудат на пациентите е врвно технолошко достигнување...
Post Views: 0
Ќе се менува азбестниот кров на Детската градинка „Сонце“ во Струга. Оваа детска установа години наназад има голема потреба од менување на кровот бидејќи истиот прокапува и е азбестени. Сите знаеме дека азбестот е штетен по здравјето на луѓето, а докторите постојано укажуваат дека азбестот има канцерогено својство и воопшто не е здрав за децата.
Врз основа на четирите општински стратегии усвоени Советот на општина Струга и тоа од од сферата на образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации, стружани извршија приоретизација на проектот за...
Post Views: 2
Во рамките на концептот ,,Полицијата со заедницата”, СВР Охрид и отсекот за превенција, ја отпочнаа кампањата ,,Превенција од кражби”.
Целта е зголемена заштита на граѓаните и туристите од сторители на кражби и тешки кражби во нивните патнички моторни возила и во домовите, подигнување на безбедносната култура на граѓаните за потребата од поголема внимателност, градење на партнерство и јакнење на меѓусебната доверба како и фаќање на сторители на кражби и други имотни деликти.Кампањата ја спроведуваат полициски службеници кои се присутни на плажите, паркинг...
Post Views: 0
Денот на револуционерната борба 23 Октомври општина Охрид го одбележа на свечен начин. Од името на ЛС пред пристутните во големата сала во општинската зграда, се обрати претседателката на општинскиот Совет Гордана Коњаноска. Горди сме и со крената глава, но и одговорни пред подвизите и жртвите на нашите предци за слобода на Македонија, свесни дека овој ден е, бил и ќе биде засекогаш врежен во колективната меморија на нашиот народ, рече пред гостите Коњаноска. Претседателката потсети на значјаните исторсики датуми, настани и личности од трнливата борба за слободна...