Неопходни се синдикални здруженија во приватниот сектор

Голема е потребата од синдикални здруженија во приватниот сектор. Така би се ставил крај на тортурата на работниците во приватниот сектор и би се обезбедиле нивните права. Актуелниот лидер на Синдикатот на хемија неметали и метали Зоран Мироноски, смета дека Сојузот на синдикати и останатите конфедерации на синдикати или Владата мора да биде партнер со синдикатот, за да може нешто да се смени, инаку работниците би биле  оставени на цедило.

 |  Биљана Николоска  | 

 

Врабтеноста на работниците од областа на хемијата неметали и метали во земјава е на ниско незадоводилетелно ниво. Ваквата состојба ја предочи претседателот на Синдикатот Зоран Мироноски кој смета дека состојбата можеби ќе се подобри, но засега тоа одело многу споро и покрај тоа што се  отворале работни места во слободно економските зони. Нивното незадоволство било посебно изразено во тие слободните економски зони, бидејќи таму немале членство, а работниците биле изложени на тортура на работодавачите, затоа што работниците немале никакви права и обврски и не припаѓале во ниеден колективен договор.
„За остварување на нивните права ние се обидуваме да влеземе, но дали е тоа некоја…кажана соработка претходно да ги отворат работните места, каде што синдикатот им звучи многу тешко, лошо, бидејќи немаме никаква допирна точка до нив праќаме писма но резултатите се дека нема потреба од синдикат, меѓутоа очигледно е дека постојат многу проблеми таму ако некој проба да направи синдикат завршува лошо. За жал мора нешто да се смени или на ниво на Сојузот на синдикати и на останатите конфедерации на синдикати или ќе мора Владата да биде некој партнер со синдикатот за да може нешто да се смени, инаку вака работниците ги оставаме на цедило. Навистина тешко и жалосно е за работникот да работи и да не може да преживее да работи за 12 000 или 8 – 9000 илјади тоа е смешно и жално“. – вели Зоран Мироноски – претседател на Синдикат на хемија на неметали и метали

Слична е состојбата и во соседна Србија. Љубиша Несторовиќ претседателот на синдикатот за хемија, рече дека членовите на синдикатот во Србија имаат голем ентузијазам, веруваат во синдикатот бидејќи  им овозможувал заштита на нивните работнички права. Додаде дека работниците биле подготвени на секаков вид на борба за остварување на своите права, тие знаеле дека социјалниот дијалог е единственото можно решение како и тоа дека колективниот договор е меродавен за остварување на правата во однос на капитлот.

„За жал ниту една владеачка гарнитура не успеа да ги реши на начин кој е во интерес на нејзините граѓани и работници. Приватизацијата која беше катастрофални, лоповска, го опустоши српското земјоделство, верувам дека и во Македонија е така и работниците останаа без работа. Во Србија околу 1 милион луѓе останаа без работа. Секако ние како Синдикат сме тука за сите проблеми кои се јавуваат со тие статусни промени, кога се во прашање претпријатијата, укажувавме на неопходнос од социјален дијалог како единствено можно решение“. вели Љубиша Несторовиќ – претседател на самостојниот синдикат за хемија неметали и метали Србија

Синдикатот на хемија неметали и метали од земјава 15 години остварува соработка со република Турција. Генералниот претседател Тургут Душова истакна дека неолибералните политики на капиталистичкиот систем гледано во светски рамки, негативно се одразуваат на врботените луѓе во целиот свет.

 „Глобално гледано многу не сме задоволни како синдикалци, значи има многу приватизација на фирмите,со тоа нормално опаѓаат платите, така да минималните плати не се оние кои ние ги очекуваме и од ден на ден се трудиме да обезбедиме подобри услови“ – изјави Тургут Душова – генерален претседател „Петрол Иш“, Истанбул.

Денес во Охрид се одржа седмиот по ред Конгрес на Синдикатот за хемија, неметали и метали на Република Македонија. Делегатите расправаат за состојбите во оваа област и вкупно во синдикалното движење, а треба да се донесат и нови насоки за делување во иднина. Синдикатот е потписник на колективниот договор за регулирање на правата и обврските на социјалните партнери во оваа област. Инаку, хемиската индустрија во Македонија е една од најразвиените, а македонските хемиски производи покриваат значаен дел од извозот на производи во странство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top