Охридскиот центар за култура има потреба од нови простории

Post Views: 1   ЦК Григор Прличев има потреба од проширување на постоечките капацитети. Уште пред две години од центарот испратиле барање и идејно решение за решавање на оваа потреба до Министерството за култура.  Поголемото  просторно решение  произлегува од зголемените активности во центарот за култура и формирањето на охридскиот театар, информира директорката  на Центарот Драгана Боцевска. Неопходно е  да се осовременат и подобрат условите во кои работиме, додава Боцевска. „Се јавува потреба од негово проширување или надградување. Првична беше идејата за надградба, има и проект...

Continue reading

Булеварот „Туристичка“ во лоша состојба

Post Views: 0 Дупки, крпен коловоз и нервозни возачи е секојдневната слика за булеварот „Туристичка“, во Охрид.  И покрај тоа што оваа улица претставува една од најпрометните сообраќајници во општина Охрид, таа и понатаму останува горлив проблем како за возачите така и за пешаците поради лошата состоба во која се наоѓаат тротоарите долж булеварот. Од локалната самоуправа за телевизија ТВМ признаваат дека овој булевар не е комплетно саниран, но најавуваат дека наскоро ќе започнат со реконструктивен зафат. „Во тек е тендер за асфалтирање на пристапни патишта и улици на територија на...

Continue reading

Дивеењето на швајцарскиот франк ги изнесе Полјаците на улица

Post Views: 6 Поради дивеењето на швајцарскиот франк на светските берзи, стотици Полјаци со излегување на улица го искажале своето незадоволство. Сопствениците на недвижнини, излегоа пред зградата на Швајцарската народна банка за да го искажат своето незадоволство. Властите ги притиснаа банките на 20 јануари да ги олеснат плаќањата на кредитите за дури половина милион граѓани и побарале истрага за околностите при издавањето на такви кредити, јавува Reuters. Полјаците протестираа во Краков, Гдањск, Вроцлав и Варшава. Како едно од решенијата полското министерство за финансии го наведува...

Continue reading

svr

Турски студент во Струга фатен со марихуана

Post Views: 6 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци  и прекурсори“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против К.Х.(30) од Измир Република Турција. На 25-ти август годинава, по добиена согласност од сопственикот,  извршен е претрес  во стан во Струга што пријавениот привремено под закуп го користел. Притоа,  во една од собите пронајдено е најлонско кесе со мешавина од тутун и марихуана со нето маса од 2,81 грама. Пријавениот К.Х.  кој е студент на еден Меѓународниот...

Continue reading

crtanje

Се разубавува дворот на Основното училиште „Св.Климент Охридски“

Post Views: 3 Учениците кои се дел од ликовната секција од ова основно училиште деновиве пристапија кон акција за разубавување на средината во која минуваат добар дел од денот. Тие под менторство на наставникот Димитрије Ристески започнаа цртање на дел од дворот со цел истиот да добие попријатен амбиент и стане повесело катче заучениците.

Continue reading

voin na konj

(видео) Бугарска пародија на Скопје 2014

Post Views: 3 Бугарската телевизија “bTV” направи 20-минутен документарец за Скопје 2014. Главна тема им е антиквизацијата што во последниве години се прави кај нас, а го обработуваат, според нив, и јакњенето на антибугарското расположение.Меѓу изјавите во прилогот се и оние на Љубчо Георгиевски, Мирослав Грчев, кои се спротиставуваат на овој проект, и кои досега многу пати беа јавно жигосувани од власта и нејзините мегафони. Тука е и изјавата на архитектот Вангел Божиновски кој тврди дека римјаните со катедралата и плоштадот Св. Петар ја копирале древната македонска архитектура...

Continue reading

Risto Cado

Улицата „Ристо Чадо“ денес го доби првиот асфалт

Post Views: 8 Поставен првиот асфалт на улицата „Ристо Чадо“. После неколкумесечната целосна реконструкција на оваа улица, денес изведувачите од АД „Илинден“ од Струга го положија седум сантиметри дебелиот слој асфалт од типот БМ ХС 16 кој според луѓето од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици е еден од најквалитетните типови. Во текот на денешниот ден беше асфалтиран еден дел од оваа улица почнувајќи од кружниот тек кај Сојузот на возачи во правец кон објектот „Стобекс“. Љупчо Танески, од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици вели дека паралелно со аслфалтирањето,...

Continue reading

sud Struga

Повторно одложен претресот за случајот во Струга

Post Views: 0 По втор пат, во основниот суд во Струга се одложи главниот претрес за една од поголемите трагедии што се случи на 11 ти септември годинава, во која од струен удар загинаа тројца видни луѓе од овој град. И денес на обвинителната клупа седнаа тројцата обвинети Вранишкоски Цвете, Миладиноски Климе и Јанески Гоце. Главниот претрес за овој случај го води судијата Живко Аврамоски. Во салата за судење повторно не се појави бранителот на првообвинетиот Вранишкоски, Ставре Џикоски поради негов ангажман во Скопје. Но причината заради која овој пат судијата Аврамоски го одложи...

Continue reading

Семејството Илбер засега останува во својот дом

Post Views: 12 Демо Илбер заедно со неговата сопруга и 8 те малолетни деца засега нема да ја напуштат бараката во која живееле 15 години. Иако пред една недела добија решение за иселување, директорот на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов вели дека ќе имаат одредена толеранција додека семејството не се снајде каде да се смести. Нема да ги иселиме за осум дена. Ние многу пати досега сме пуштиле вакви решенија, но не сме ги иселиле. Преовладуваат човечките и хумани чуства, но ова е само за некое време, можеби да ја поминат зимата бидејќи од таа...

Continue reading

Две лица од Камерун со милион лажни евра сакале да влезат во Македонија

Post Views: 8 Полицијата уапси двајца фалсификатори од Камерун кои се обиделе да внесат скоро милион фалсификувани евра на скопскиот аеродром, дознава Миа од извори на истрагата. Според нив, фалсификаторите во Скопје допатувале од Милано. Од МВР го потврдуваат апсењето на фалсификаторите односно дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работи на случајот во координација со Јавното обвинителство, а детална информација најавуваат за утре.   Извор/MИА

Continue reading

zid

Се санира потпорниот ѕид над музејот Робевци

Post Views: 0   Започна да се санира срушениот ѕид од северната страна на музејскиот комплекс Робевци. Од охридскиот Завод и музеј изработиле проект и спровеле  геомеханичко истражување на просторот. Тоа овозможува да се изведува новиот потпорен ѕид кој ќе биде заштита на карпата  и објектите изградени на горното плато од музејскиот двор, информира директорот на Завод и Музеј  Тања Паскали Бунташеска. „ Тој ѕид ќе биде целосно реконструиран, обложен со камен и ќе ја заштити карпата од понатамошни  оштетувања и музејскиот двор од комплексот Робевци ќе го добие конечно ликот“, подвлекува...

Continue reading

78-годишен Охриѓанец загина кај Свети Еразмо

Post Views: 5 Во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на магистралниот пат Подмоље-Охрид, кај Св. Еразмо животот го загуби 78-годишен охриѓанец. –На 10.07.2021 година во 14,40 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Подмоље-Охрид, пред манастирот „Св.Еразмо”, се случила сообраќајна незгода помеѓу “фолксваген голф” со охридски регистарски управуван од Љ.Г. (51) од Охрид, патничко моторно возило „ауди А4″ со охридски регистарски ознаки управувано од Е.Љ.(22) од Охрид, патничко моторно возило “фолксваген голф” со...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top