Post Views: 2
Проектот за изградба на скијачкиот центар на Галичица сеуште чека понуди од заинтересирани компании кои ќе го реализираат големиот инвестициски проект. Според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, станува збор за проект кој треба во голема мера да придонесе за развојот на економијата во градов преку развојот на зимскиот туризам.
„Засега, немаме компанија која што е блиску со своите понуди или со своите проекции до реализација на овој голем инвестициски зафат кој што би требало да биде некаде 76 милиони евра, досега немаме компанија која што е блиску до реализација...
Post Views: 5
Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово заеднички ќе работат на сузбивање на нелегалната трговија со оружје. Денес шефовите на полициите од овие земји потпишаа и меморандум за соработка со кој се официјализира и формирањето на експертска група која ќе работи на подигнување на превенцијата, ефикасноста, оперативноста и соработката во справувањето со овој вид на криминал.
Петер Доналд Колмрон од Нордиската полиција и царински врски смета дека официјалното формирање на експертската група од Југоисточна Европа и тоа како ќе придонесе за откривање на нелегалната трговија...
Post Views: 2
Цената на нафтата денес повторно падна на меѓународните пазари, достигнувајќи ниво под 48 долари, откако новиот саудиски крал Салман ги пригуши стравувањата од период на нестабилност и промена на политиката по превземањето на власта на најголемиот светски извозник на нафта.
На лондонската берза еден барел се тргуваше по 86 центи пониска цена во однос на претходното затворање на берзата, односно 47,93 долари, додека на американскиот пазар за испорака во март се тргуваше по 62 центи пониска цена, односно 44,97 долари.
Новиот саудиски крал Салман, кој ја превзеде должноста...
Post Views: 0
Од 1-ви ноември стапува во сила нов режим за сообраќај на крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Македонски просветители“.Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид информираат дека со новиот режим на сообраќај семафорскиот систем ќе биде исклучен и моторниот сообраќај ќе се одвива по новиот кружен тек. Граѓаните за пешачки сообраќај нема да можат да ги користат постојните пешачки премини туку ќе треба да ги користат новите пешачки премини кои соодветно ќе бидат обележани.
„ Во моментов има соодветна хоризонтална и вертикална...
Post Views: 1
Од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид информираат дека на ден 1.11.2015 година(недела), поради премин кон новиот режим на крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и ул.„Македонски просветители“ семафорскиот систем ќе биде надвор од употреба и моторниот сообраќај ќе отпочне да се одвива по новиот кружен тек.
Меѓу другото се известуваат граѓаните дека за пешачки сообраќај нема да можат да ги користат постојните пешачки премини туку ќе треба да ги користат новите пешачки премини кои соодветно ќе бидат обележани.
Со оглед на тоа што активностите...
Post Views: 1
Старосната граница за пензионирање нема да се зголеми, односно ќе остане 62 години за жени и 64 за мажи, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.“Нема да се зголеми старосната граница за пензионирање. Таа останува 64 за мажи и 62 години за жени. Апелирам до сите политички и неполитички субјекти, и сите останати, да не ги злоупотребуваат граѓаните во насока на создавање на конфузија и добивање на свои лични политички поени. Оваа влада во овој момент не планира да ја зголеми границата, односно годините за пензионирање“, изјави Ристовски.
Тој...
Post Views: 1
Од изградбата на новиот хируршкиот блок на Општата болница во Охрид, во мај 2013 година заклучно со јуни годинава, се згрижени 89.594 амбулански пациенти и 6.817 болнички пациенти, информира директорот на оваа јавна здравствена установа Љубен Арнаудов.
Според него, од 2006 година наваму, охридското здравство има доживеано драстично позитивни промени во набавувањето медицинска опрема и во подобрувањето на здравствените услуги на пациентите.
– Во делот на дијагностиката на болести се набавија најдобрите медицински апарати во вредност околу 2 милиони евра, како што се комјутерски...
Post Views: 5
За успешните надалеку се слуша. Овој епитет го понесе ОУ „Јосип Броз Тито“ од Струга, бидејќи после неколку години работа ова училиште зеде учество во проект на Академијата на централни европски училишта. Таа секоја година објавува различи теми за обработка, годинава тема е ненасилството и реализација на активности во таа насока. Маргарита Ничевска, наставник по информатика од ова училиште, вели дека преку оваа тема ќе се иницира решавање на проблемите во училиштата, во околината, во семејствата и насекаде каде се случуваат конфликти. Таа посочи дел од нивните активности.Ничевска...
Post Views: 1
Во организација на Секторот за ТЛЕР и неколку истакнати охридски хотелиери, синоќа во х.Ривиера, градоначалникот Никола Бакрачески имаше работна вечера со претставници на италијански тур-оператори и туристички агенции и гости, кои претстојуваат во Охрид. Пред гостите од Италија преку видео презентација беа претставени туристичките потенцијали на нашиот град и поволностите што Република Македонија ги дава на потенцијалните партнери во привлекувањето на странски туристи.Оваа иницијатива е резултат на неколку годишната соработка на х.Гранит со италијанскиот партнер и претставува...
Post Views: 2
Бугарската влада побара од земјите-членки на Европската Унија да ѝ помогнат да се справи со актуелната криза со коронавирусот. Портпаролот на Европската комисија кажа дека Бугарија вчера го активирала Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, додавајќи дека ѝ недостига медицинска опрема, како маски за кислород и болнички кревети.
Овој механизам има за цел да ја засили соработката на полето на цивилната заштита и да ги подобри превенцијата и одговорот на катастрофи и земјите преку него можат да побараат помош од други членки. Во механизмот учествуваат и држави кои не се членки...
Post Views: 0
Стартуваа градежните работи за уредување на речното корито во Воска. Жителите од улицата Ариф Мустафа може да здивнат од можните поплави со кои се соочуваа при пообилни врнежи. Каналот ќе се гради од армиран бетон и со ѕидови од камен со дебелина од 30 до 40 цм , во должина од 280 метри, со ширина во долниот тек од 1,5 м и ширина на горниот тек од 1,7 м, најави градоначалникот Никола Бакрачески.
„Тоа ќе подразбира и уредување на просторот на каналот за биде пристојно катче за живеење. Работите ќе течат според предвидениот рок на изведувачот од 120 дена за кои треба...
Post Views: 3
Во црквата „Света Софија“ синоќа се одржа концерт во рамките на проектот „Подиум на млади“ на „Охридско лето“. Пред фестивалската публика настапија младите уметници, обоистот Андреј Петрески од Република Северна
Македонија и пијанистот Александар Хаџиевски од Република Србија. И двајцата настапуваат првпат на фестивалот изведувајќи ги Сонатата за обоа и пијано од Франсис Пуланк и Концертната пиеса за обоа од германскиот композитор Риец.
-„Охридско лето “ е голема промоција за младите музичари. Тие не добивааат многу можности да свират, но „Охридско лето“ го прави тоа,...