Post Views: 38
Немав намера да пукам во Ромео Ѓузелоски ниту во било кој друг човек, отидов да си ги побарам парите што ми ги должи, изјави Бојан Петрески првообвинетиот во случајот на двојното убиство во Император. Денес во Основниот суд во Охрид се одржа главна расправа од овој случај каде се вршеше распит на двајцата обвинети. Првообвинетиот раскажа дека при обид да си го побара долгот од сега починатиот Ромео, тој ја подигнал кошулата со цел Бојан да види дека носи пиштол и му се заканил дека ќе го убие. Веднаш потоа на терасата од ресторанот започнала тепачка при што се скршила...
Post Views: 0
За прв пат во Охрид, организиран државен натпревар на угостителско – туристичките училишта. Идејата и организацијата на овој настан е наша, вели директорот на овој училишен центар Секула Баткоски. Претставници од седум градови од Република Македонија зедоа учество. Покрај од нашиот град, своите кулинарски вештини ги претставија и учениците од Скопје, Тетово, Крушево, Гевгелија, Штип и Македонски Брод. Се натпреваруваа готвачи, келнери, бармени и фламбери. Интересно е тоа што натпреварувачите имаа подготвено и своја презентација за градот од кој доаѓаат.
Директорот...
Post Views: 2
Многу жени без разлика на општествениот статус трпат семејно насилство. Жените трпат физичко, психичко, економско и сексуално насилство напоменуваат од ЖЦ Бисера. Нада Мартиноска претседател на центарот напоменува дека семејното насилство постои иако на негово спречување работат од 1998 година. Соработувале со многу институции и се направени многу промени но сепак во Охрид нема шелтер центар за прифаќање на жртвите па жените се препраќаат во други градови, подвлекува Мартиноска. СОС линијата во нивниот центар по 15 години функционирање е згасната веќе една година.
„...
Post Views: 0
Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) апелираат до граѓаните кои се позитивни на Ковид 19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување.
Директорката на инспекторатот Ирина Бухова, вели дека апелот го упатуваат со цел да ги заштитат граѓаните и нивното здравје.
Од инспекторатот известуваат дека добиле претставка од здравствен работник, за починато лице инфицирано со Ковид 19, кое по утврдената дијагноза од матичен лекар, по 14 дена од...
Post Views: 0
Кооринативното тело за управување со кризи, а поради информаците добиени од УХМР дека во наредните денови под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот се очекува врнежи на дожд и над 40л/м2 упати препораки до Единиците за локална самоуправа, Градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН, АРМ и МВР. -Градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси, градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР, градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата...
Post Views: 1
Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2021 година, а врз основа на претходно објавен повик, Општина Охрид започна со исплата на 1 154 000 денари на 84 домаќинства од Охрид за субвенционирање при набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред. Според планираното општината им надоместува дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
Со ваквиот проект локалната власт настојува да ги стимулира жителите на општина Охрид (домаќинствата)...
Post Views: 1
Оваа година нема доделување на Св. Климентовата повелба. Така едногласно одлучи Комисијата за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија до која пристигнале три апликации, но ниту една од нив не ги задоволувала критериумите за добивање на ова престижно општинско признание.
Од она што го разгледавме Комисијата поради малиот број на апликации одлучи оваа година да не се додели повелбата. Се надеваме дека сите заедно ќе поработиме до година оваа манифестација да си го врати стариот сјај и што поголем број граѓани да конкурираат за да ја добијат...
Post Views: 3
„Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, ова е пораката која центарот ЦИВИЛ ја испрати од Охрид. На средбата на која присуствуваа претставници од медиумите, граѓани и граѓански организации, и претставници на политички партии, беше нагласена целта од целокупниот проект, јакнење на свеста на граѓаните и граѓанките за моќта која тие ја имаат на самиот ден на изборите.Граѓаните зад параванот на самите избори имаат право слободно да ја изразат својата волја и со тој чин да ги изберат оние кои ќе ја спроведат нивната политичка волја и кои за сите свои постапки за...
Post Views: 4
Зимските проблеми со кои среќаваат возачите секое утро се замрзнатите стакла на автомобилите. Борбата со тврдиот слој на мраз вообичаено носи мрзнење на рацете и одзема многу време за чистење и стругање на стаклата во утринското брзање, па затоа многумина би посакале спасоносна течност за топење на површините зафатени со мраз.
Течноста за топење на замрзнатите површини ќе ви заштеди време и пари, а сами ќе ја направите од само три состојки:
-Потребен материјал: сад со распрскувач, 1dl медицински алкохол (70%), 5 капки детергент за садови и 4dl топла вода.
-Постапка:...
Post Views: 3
Четири охридски фамилии стравуваат како ќе ја поминат зимата која доаѓа. Како што кажаа станарите при врнежи на дожд или снег куќата во која моментално живеат попушта. Таваните веќе се распукани, во одаите на дел од ѕидовите има и мувла а на средина од собите распослани се кебиња бидејќи од сите страни им капе. Станува збор за објект кој се наоѓа помеѓу охридската Маларична болница и ОУ „Григор Прличев“.
„Овде живееме уште од поплавата кога беше во Воска. Ни кажаа за итен смештај и овде не остадоа. Се плашам, кога врне повеќе овде пробива бидејќи чатијата е отворена,...
Post Views: 1
Еко караванот на Пакомак пристигна во Охрид. Основците од Христо Узунов се првото охридско училиште кое се вклучува во проектот. Првоодделенците од ова училиште денес преку забава научија како да ја заштитат животната околина.
Еко караванот досега посетил над 60 основни училишта во Македонија и вклучил голем број ученици , напоменува Ивица Маринковиќ, попознат меѓу децата како Ивце Пивце.
„ Денес е прв ден и овој проект е со цел да се едуцираат децата за рецеклицирање. Селектирање, а потоа и рециклирање, да не ни се трупа отпадот туку да успее да го рециклираме....
Post Views: 2
ЗНМ и Владата се на чекор до декриминализација на клеветата и навредата. Сега се пеглаат одредени ставови, како тоа колку да изнесува паричната казна, како да се дефинира навредата, но од ЗНМ и од Владата најавуваат дека за една недела ќе излезат со конкретен текст на законот.„Клеветата и навредата се бришат од кривичниот законик, ќе се регулираат со посебен граѓански закон, имаме начелен став дека казната треба да се ограничи, прашање на договор е колку ќе биде казната.“-Насер Селмани,ЗНМ.
Со Законот кој засега се вика Закон за граѓанска одговорност за клевета и навреда...