Post Views: 3
На охридските улици се враќаат автентичните фенерчиња за јавно улично осветлување. Дел од вкупно предвидените 461 фенер веќе се поставени и светат на повеќе улички во Варош, Месокастро, Кошишта и Канео. Во рамките на договорот за модернизација на јавното улично осветлување досега се заменети 260 светилки, информира Љупчо Танески портпаролот на Одделението за комунални дејности. Тој ја појасни разликата помеѓу јачината на лед светилката и обичната светилка.
„ Јачината на фенерите е 36 вати од новото лед осветлување кое е еквивалентно на светилките од 150 – 200...
Post Views: 8
Од здобиените повреди, во возило на брза помош на пат кон Општата болница во Охрид, почина Јонче Ј. (64) од селото Требеништа.
Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот го преминувал коловозот на магистралниот пат од левата према десната страна при што дошло до удар од патничко моторно возило марка „Рено Лагуна“ со охридски регистарски ознаки управувано од М.Ш.(42) од Охрид. Ударот се случил на десната коловозна лента со предниот лев дел од патничкото возило кое се движело од Кичево кон Охрид.За време на увидот на местото на настанот, извршен од...
Post Views: 2
Министерството за надворешни работи на Република Македонија, најостро го осудува синоќешниот напад врз Амбасадата на Република Македонија во Приштина, кога непознати лица од возило во движење фрлиле молотов коктел врз објектот на Амбасадата.Имајќи предвид дека ова претставува уште еден посериозен инцидент, МНР очекува јасно и недвосмислено да се осуди и од косовските власти, како и да се пронајдат и соодветно да се санкционираат сторителите.Истовремено, Република Македонија очекува косовските власти да работат на превенирање на инциденти од ваков вид, со што на најдобар...
Post Views: 9
Наградата за најдобра поема за 2015 година „Григор Прличев“ се додели на поемата „Кирил 1830- Кирил 2001“ под шифра „Кирил“. Наградата за најдобра поема „Григор Прличев“ ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид. Добитник на наградата е авторот.
Глигор Стојковски (1952) бил новинар во „Нова Македонија“ и „Утрински весник“, главен редник на „Култура“, сега е сопственик на издавачката куќа ВиГ ЗЕНИЦА.
Автор е на поетски книги: Починка во чисти честички, Пајак, Очно дно, Студена минута, Зад билката молк, Око заборавено на небото, Порој, Капка оловна вода,...
Post Views: 8
Црвениот крст од Охрид во соработка со јога секцијата денес организира трибина на тема „јогата како превентива за срцевите заболувања“. Кардиоваскуларните болести за жал стануваат се почеста појава како последица на секојдневниот стрес, неактивниот спортски живот, нездравиот начин на исхрана и слично, вели Ванчо Тасески, професор по јога. Тој потенцира дека јогата е физичка активност која е погодна за сите возрасти. Преку неа телото без поголем физички напор се ослободува од сите состојки, кои се предизвикувачи на болестите. Целта со денешното предавање, кое почнува...
Post Views: 0
Локалната самоуправа е сериозно посветена кон донесување на повеќе урбнистички планови. Во последниве две и ол години општина Охрид сработила 33 урабанистички планови кои се реорден број во Макеоднија, истакнува секретарот Димитар Спасески.
Со несмалено темпо и интензитет продолжуваме на работата на урбанистички планови од 2 причини. Една е граѓаните имаат потреба од решавање на сопствените урбанистички прашања, а следејќи ја ситуацијата во општинатат приходите од комуналиите се значајни за општина Охрид“, рече Спасески.
Ова е заеднички интерес и на граѓаните и...
Post Views: 3
Директорот на Фондот за здравство Сашо Стефаноски ги слушна развојните планови на петте охридски јавни здравствени установи. Првиот човек на фондот со менаџерските тимови на Општа болница, специјалната болница за трауматологија и ортопедија Св. Еразмо и Кардиолошкиот завод, договораа конкретни здрвствени услуги за следната година. Стефаноски напомена дека во болниците ќе се инсистира да се унапредат или воведат нови методи пропратени со соодветна дијагностичка опрема.
„Дел од зафатот на буџетот на Фондот за 2016 во дел на здрвствените услуги и трансферирање на средства...
Post Views: 0
Ставен е под контрола пожарот на Петринска планина. Во огнената стихија, која избувна на сртот на планината, изгоре површина од околу 8 хектари со смрека, габер и тревна вегетација. Пожарот бил пријавен вчера попладне на крајно непристапен терен , без патна мрежа, на тромеѓето меѓу НП Галичица и шумските стопанства на Ресен и Охрид, информира Славчо Голабоски, директор на Национални шуми поддружница Охрид. Во гасење на пожарот биле вклучени вработените кои се опремени со лична заштитна противпожарна опрема и со т.н напртњачи со кои интервенираат на непристапни терени....
Post Views: 11
Компанијата Миса е фирма со имиџ и реномиран партнер на своите коминтенти. Денес во Охрид се отвори првиот маркет МИСА. Охриѓани добија уште еден голем маркет каде на едно место комплетно ќе се снабдат со сите потребни производи за домаќинството. Освојувањето на охридскиот пазар е нов предизвик за нас, но и исполнување на желбата на дел од нашите клиенти изјави Васко Миса, управителот на маркетот.
„Една од причините е таа што самите потрошувачи гледајќи ги нашите анализи доста охриѓани ги посетуваа нашите маркети во Струга после толку години се решивме да дојдеме и...
Post Views: 7
Охрид му оддаде почит на заштитникот на градот, Св. Климент Охридски. Со свечена академија што синоќа се одржа во ЦК „Григор Прличев“ завршија овогодинешните чествувања посветени на патронот на градов. Со изведбата на химната за Свети Климент од Димитар Масески од страна на хорот при ОСУ Св. „Климент Охридски„ беше поздравена бројната публика, претставници од јавниот и политичкиот живот и гости од земјава и странство кои беа присутни на академијата. Свое обраќање имаше градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој рече дека тука сме за да го чествуваме светителот,...
Post Views: 1
Веројатно тешко е да се поверува дека дете од 9 години може да заработува неколку пати повеќе од своите родители, а притоа добро да се забавува.
Evan е едно од тие деца и со помош на својот татко успеа да дојде до заработка од еден милион долари благодарение на својот YouTube канал кој во последните четири години има преку една милијарда прегледи.
Неговата работа е сон на секое дете, а тоа е отворање на најнови играчки, но Evan најмногу ги сака Angry Birds, Lego, Minecraft и Skylanders. Неговиот татко е задолжен за снимање и продукција на сите видеа, а Evan сето тоа...
Post Views: 5
Во рамките на одбележување на денот на превенцијата, денес полициски службеници ќе ја посетат детската градинка „Росица“, каде во соработка со локална самоуправа-Сектор за образование, и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, се спроведува проектот „Мојот пријател полицаец“.
Во Централното основно училиште „Братсво“, предвидено е едукативно предавање во врска со проектот „Реонскиот полицаец Ве советува“, што СВР Охрид го реализира со секторот за образование при локалната самоуправа.
Целта на овие активности е подигнување на свеста кај младите за поголема безбедност во заедницата како...