humanitarna

Охриѓани на кафе муабет за една хумана мисија

Post Views: 4 Секој пијалок-мала помош но со големо значење. Денес охриѓани на кафе муабет во кафе барот Аквариус со една хумана цел. Втора година со ред, познатите личности од градов, со келнерските и шанкерските способности кои ги стекнаа на минатогодишната хуманитарна акција, вооружени со насмевка и ведрина дадоа свој придонес за помош на оине на кои тоа им е потребно.  “Секое патување почнува со првиот чекор. Се надеваме дека ќе прерасне во традиција, тоа е наша желба и интенција е да се повторуваат и да се множат вакви настани. Еве како што гледате, хуманитарниот карактер...

Continue reading

Во Охрид има хиперпродукција на неквалитетни туристички водичи

Post Views: 3 Да се промени начинот на полагање на стручниот испит, бараат од здружението на туристички водичи и придружници „Кеј“. Како што нагласи Климент Наумов, од ова здружени, бројката на водичи на ниво на Македонија е близу 700 и не може да се каже дека има диви водичи. Тој нагласи дека биле направени низа разговори со инспекциските служби при општина Охрид како и со УЈП кои треба да ги контролираат плаќањата во туристичките текови односно работењето на туристичките водичи. Наумов кажа дека според неговите сознанија инспекциските служби направиле неколку контроли при што биле...

Continue reading

gin

Бесплатни ПАП тестови

Post Views: 11 Матичните гинеколози од 1 април со покани ќе ги повикуваат жените да направат бесплатен ПАП-тест. Според плановите на Министерството за здравство, најнапред ќе бидат повикувани жените на возраст од 24 до 35 години кои до сега воопшто не направиле вакво тестирање, а во следните две години ќе бидат опфатени и жените од 36 до 60 години. – Преку Програмата за рано откривање на малигни заболувања, со активности за организиран скрининг, секоја жена од оваа целна група има право на еден бесплатен ПАП-тест на секои три години, што впрочем е препорака и практика во европските...

Continue reading

Охридските гробишта осигурани од природни непогоди

Post Views: 1 Охридските гробишта се сколони на поплавување. Посебно опасност постои во зимскиот и пролетниот период кога се топат снеговите и надојдените реки од Велгошти можат да направат проблем. Според првиот човек на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоноски, претходните раководства на ЈП „Градски гробишта“ уште во 2004 донеле непромислена одлука за копање канал сметајќи дека ќе го решат проблемот. Во тоа време бил ископан канал во близина на главната водоводна цевка на гробиштата, но за жал тој канал не ги задоволувал потребите бидејќи истиот немал капацитет водите да ги обезбеди...

Continue reading

Упад во црквата Св. Ѓоргија

Post Views: 0 Во срцето на Струга насилен упад во црквата Св. Ѓоргија. Нешто подоцна во временски интервал од дваесетина минути на идентичен начин, упад и во Н.У. Др. Никола Незлобински од Струга. Верските објекти, најлесна мета за криминалците. Веќе подолго време во континуитет преку ноќ исчезнува вредното културно наследство од струшкиот регион. Утрово во срцето на Струга, имаше упад во црквата Св. Горѓија од засега непознати сторители. Нешто подоцна по дваесетина минути, мета на непознати сторители бил и музејскиот објект на Др. Никола Незлобински. Директорот на оваа установа...

Continue reading

Доживотен затвор за првообвинетиот во случајот „Император“

Post Views: 6 Прогласени за виновни обвинетите во судскиот процес за двојното убиство што во август минатата година се случи во хотелот „Император“ во Охрид. Ваква е одлуката на Судечкиот совет при Основниот суд во Охрид која беше донесена денеска.На првообвинетиот Бојан Петрески од Охрид кој се товареше за кривично дело убиство и неовластено поседување на оружје и распрскувачки материјали, судот му изрече единствена казна доживотен затвор. Тој е прогласен за виновен за извршено кривично дело убиство со умисла над 38-годишниот Ромео Ѓузелоски и 56-годишниот Васил Ристески. Второобвинетиот...

Continue reading

Приведен српски државјанин кој превезувал мигранти

Post Views: 2 Полициски службеници вчера на влезот во Гевгелија, на граничниот премин „Богородица” го лишиле од слобода М.А.(47) од Република Србија, поради превезување на мигранти. Како што информираат од МВР, во патничкото моторно возило „шкода суперб” со српски национални ознаки, кое го управувал, превезувал две лица мигранти – A.J.(30) од Индија и М.M.(29) од Пакистан. За настанот е известен јавен обвинител, а М.А. бил предаден на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ. Лицата мигранти се сместени во Транзитен центар „Винојуг” во Гевгелија...

Continue reading

Р Македонија и Р Албанија потпишаа меморандум од областа на енергетиката

Post Views: 3 Р. Македонија и Р. Албанија ќе соработуваат во делот на енергетиката. Овие две мали земји имаат потреба од меѓусебно енергетско поврзување од кое ќе имаат обостран интерс. Ваквите проекти значат нов регионален пазар во енергетиката пред се за двете земји но и за регионот. Таков е заклучокот на министерот за економија на Република Македонија Беким Незири и министерот за енергетика и индустрија на Албанија, Дамиан Ѓикнури. Денес во Струга беше потпишан меморандум за соработка меѓу двете држави во областа на енергетиката.Македонија и Албанија ќе соработуваат во делот на...

Continue reading

Жителите од „Ванчо Питошески“ и „Мирче Ацев“ бараат итна санација на раскрсницата

Post Views: 9 На пресекот од улицата „Ванчо Питошески“ со улица „Мирче Ацев“ како што велат граѓаните, потегот е оставена ископан речиси еден месец , по интервенција од ЈП „Водовод“. Револтот кај жителите на овие улици се зголемува по инцидентот кој се случил за време на невремето минатиот викенд кога автомобил останал заглавен во дупката на самата улица. По интервенција на полицијата по инцидентот била поставена сообраќајна сигнализација, но сега и таа е отстранета, а дупките делумно се покриени со песок. Раскрсницата претставува опасност во сообраќајот и за локалното население,...

Continue reading

breinobrein

„Мозочињата“ од Охрид, со успех и во Дубаи

Post Views: 1 На еден од најголемите светски фестивали на кои се презентираат стекнатите вештини и мултитаскинг техниките од БРЕИНОБРЕИН програмата, кој на 5 декември оваа година се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, во конкуренција од 2000 натпреварувачи, 9 охридски генијалци од Центарот за развивање на животни вештини при Црвен крст Охрид кои ја следат БРЕИНОБРЕИН програмата, освоија вредни награди и признанија. Со задоволство Ве покануваме на средба со учесниците на БРЕИНОБРЕИН натпреварот во Дубаи која ќе се одржи на 11.12.2015 (петок) во 12:30 ч. во просториите на Црвен...

Continue reading

rabotnici

За еден месец во охрид издадени три одобренија за градење

Post Views: 1 Во октомври годинава се издадени 326 одобренија за градење, што е за 35,3 проценти повеќе во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.050.934.000 денари што е за 52,9 проценти повеќе во однос на октомври минатата година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 187 (57,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 45 (13,8 проценти) од нискоградба и 94 (28,8 проценти) за објекти за реконструкција. Од 326-те објекти, на 202 (62 проценти) како...

Continue reading

Кинезите и понатаму во офанзива

Post Views: 5 Сѐ поевидентно е дека Кинезите од “евтина работна сила која работи за големите играчи” и “смешни ликови кои изработуваат евтини копии на скапи телефони” брзо се трансформираат во лидери на пазарот, а со вакво сценарио гледаме дека остатокот на светот се повлекува пред налетите на кинескиот капитал и технологија. Повеќе не е спорно дека Кинезите покажаа и докажаа дека знаат и можат да приозведат квалететен производ по конкуретни цени, а тоа ги загрижува многумина. Новиот удар од кинеското подрачје пристигна по објавата дека Alibaba, чии акции вредат повеќе од оние на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top