Доживотен затвор за првообвинетиот во случајот „Император“

Доживотен затвор за првообвинетиот во судскиот процес за двојното убиство во хотел Император. Второобвинетиот доби затворска казна од една година за помагање во извршување убиство. Одбраната на првообвинетиот ќе ја обжали изречената пресуда на Основниот суд во Охрид.

 |   | 

Прогласени за виновни обвинетите во судскиот процес за двојното убиство што во август минатата година се случи во хотелот „Император“ во Охрид. Ваква е одлуката на Судечкиот совет при Основниот суд во Охрид која беше донесена денеска.
На првообвинетиот Бојан Петрески од Охрид кој се товареше за кривично дело убиство и неовластено поседување на оружје и распрскувачки материјали, судот му изрече единствена казна доживотен затвор. Тој е прогласен за виновен за извршено кривично дело убиство со умисла над 38-годишниот Ромео Ѓузелоски и 56-годишниот Васил Ристески.
Второобвинетиот Ристе Силјаноски од Охрид е прогласен за виновен за помагање на сторител по извршено кривично дело убиство. Нему судот му изрече казна затвор во траење од една година, во која му се пресметува и времето минато во притвор.
Одбраната на осудениот Бојан Петрески, најави дека по добивање на пресудата на писмено, одлуката на Основниот суд во Охрид ќе ја обжали пред апелацискиот суд.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top