Р Македонија и Р Албанија потпишаа меморандум од областа на енергетиката

Македонија претставува алка во регионалниот енергетски пазар, истакна министерот за економија на Р. Македонија Беким Незири. Денес беше потпишан меморандум за соработка меѓу Р. Македонија и Р. Албанија во областа на енергетиката, на билатералната средба која се одржа во Струга.

 |  Билјана Николоска  | 

Р. Македонија и Р. Албанија ќе соработуваат во делот на енергетиката. Овие две мали земји имаат потреба од меѓусебно енергетско поврзување од кое ќе имаат обостран интерс. Ваквите проекти значат нов регионален пазар во енергетиката пред се за двете земји но и за регионот. Таков е заклучокот на министерот за економија на Република Македонија Беким Незири и министерот за енергетика и индустрија на Албанија, Дамиан Ѓикнури. Денес во Струга беше потпишан меморандум за соработка меѓу двете држави во областа на енергетиката.
Македонија и Албанија ќе соработуваат во делот на енергетиката. Со тоа продолжуваат и се потврдуваат добрососедските односи меѓу Македонија и Албанија, истакна министерот Незири. Тој додаде дека бенефитите допрва ќе се почуствуваат.

„Со потпишувањето на овој договор ваквата соработка ги проширува сегментите на соработка во сферите на енергетска ефикасност, нафта и нафтени продукти, производство на електрична енергија преку мали хидроелктрани и ветерници. Преку потпишувањето на меморандумот кој што ги помина сите филтри и пренесуваме на јавноста  дека ваквата соработка ќе продолжи и понатаму“.- изјави министерот Незири.

Незири, потсети на потпишаниот договор на МЕПСО и ЕБРД за кредит за изградба на интерконективата врска меѓу Македонија и Албанија, однсно поврзување со интерконективна врска со 400 киловолтна линија меѓу двете земји. Тој нагласи дека соработка во енергетскиот пазар имаме со Бугарија и со Србија, а со интерконективната врска со Албанија, проект кој треба да се реализира до 2018 година  Република Македонија ќе стане алка во регионалниот енергетски пазар.
Дамиан Ѓикнури, албанскиот министер за енергетика и индустрија пренесе дека двете држави имаат важен прогрес за реализација на проектот за изградба на интерконекцијата Битола – Елбасан и веќе во 2017 година очекуваат дека ќе има конкретни резултати.

„Обезбедени се средствата за реализација на проектот во двете земји. Интересот е огромен во двете држави со што ќе имаме поврзување во енергетскиот систем со Македонија, а со тоа и во Бугарија и Србија. Освен нашите земји бенефит ќе има и целиот регион. Проектот овозможува и поврзување на Албанија, но не само на Албанија би рекол и на Бугарија и регионот со Италија, преку море“.– изјави Ѓикнури – министер за енергетика и индустрија Албанија.

На билатералниот состанок двајцата министри разговарале и за гасификацијата, конкретно за проектот тап и танап, кои ќе го снабдуваат регионот, но и Европа од Каспиското море.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top