Post Views: 11
Зимата кај нас официјално почнува во вторник, на 22 декември, во 5 часот и 48 минути. Истиот ден на северната полутопка ќе биде најкраток за 2015 година, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден и воедно прв летен ден, бидејќи таму започнува летото.
Во Македонија, првиот зимски ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (22.12-23.12), ќе биде најдолга за 2015 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути. Веќе од средата (23.12), денот ќе почне да се зголемува за 2-3 минути дневно, се до 22 јуни 2016 година, кога ќе биде најдолг.
Зимата на северната полутопка...
Post Views: 8
Градежни работи причина за краткотраен прекин на сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево.
На 21.12.2015 година на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно кај Пресека – с.Врбјани, поради изведување работи на пат (минирање) во периодот од 12:30 – 14:30 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути.
Post Views: 2
Министерството за транспорт и врски распиша јавен конкурс за нивно давање под краткотраен закуп, а меѓу нив се и најатрактивните кај Билјанини Извори, Канео, Горица, Лагадин, Корали, Елешец, Лабино и Грашница.
– Со давањето под краткотраен закуп на плажите се овозможува нивно уредување согласно современите туристички стандарди и овозможување на сите предуслови за подобар престој на туристите, со што ќе се создаде поволна слика за дополнителен туристички развој – вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Закупците кои ќе ги добијат плажите се должни...
Post Views: 0
Неверојатни работи низ вековите доаѓале од Кина и се ширеле низ целиот свет. Една од моментално најинтересните е и нивната античка мисловна игра “Веичи”, која има и свое јапонско име “ГО” како и корејско кое гласи “Бадук”. Оваа фантастична игра, се игра и во нашиот град. Станува збор за мисловна игра налик на шахот, а самото нејзино име во буквален превод значи игра со обиколување. Филип и Анастазија Паскали се охриѓаните кои се обидуваат не само да ја запознаат јавноста со оваа игра, туку и да ја популаризираат. А бидејќи истата е...
Post Views: 0
Внимавајте темница!
Вака во последно време предупредуваат стружани незадоволни од уличното осветлувањ во градот. Се поголем e бројот на јавувања на мештаните на оваа општина до нашата редакција во врска со ова прашање. Градоначалникот Рамиз Мерко убедува дека тоа не е точно. „Не е вистина дека нема улично осветливање во Струга. Ние имаме специјални служби кои исклучиво се занимаваат со овој дел“, вели Мерко. Очигледно тој треба и во ноќните часови да прошета низ струшките улици, лично да се увери каква е реалната состојба на терен. Како дел од осветлувањето во градот...
Post Views: 2
Како да се препознае и како да се реагира на говорот на омраза. Ова е една од целите на денешната обука на која младите од различни етнички заедници, невладини организации, политички подмладоци, училишта, деца правобранители од градов добија теоретски и практични знаења како да се справуваат со оваа за жал се позачестена појава. Според обучувачот против говор на омраза од Младински совет Охрид, Вахид Мемед, говорот на омраза кај секој млад човек е всаден од мали нозе.
“Тоа е и важноста од оваа обука, денеска покрај теорија ќе имаме и неколку практични вежби, како...
Post Views: 0
Православните граѓани денес го слават Бадник. Денот со кој се најавува раѓањето Христово, најсветлиот празник во историјата на празнувањето на христијаните. Црковните храмови од утрово беа исполнети со верници кои дојдоа на утринската богослужба, вели отец Љупчо Бакрачески.
Во тој дух на љубовта, како што Бог нас не возљуби ние се собираме празнувајќи во духот на љубовта, проштевајќи си еден на друг, сакајќи се го очекуваме моментот на Христовото раѓање – кажа отец Бакрачески.
Бадник е денот кога христијаните со молитва и посна трпеза се подготвуваат за радоста...
Post Views: 0
Помала плата на иста позиција во споредба со мажи на истата работна позиција, не постоење на еднаков третман и еднакви можности за кариерен развој, непостоење на разбирање за влијанието на мајчинството врз работните обврски….листата е долга за жал на права кои жените на хартија ги имаат, но во реалност не ги уживаат. Се прават чекори кон тоа и има одредени подобрувања, но родовата еднаквост според Гордана Коњановска, претседател на Советот на општина Охрид сеуште не е реалност, не само кај нас туку и во светот. Таа вели дека е факт дека жените можат подеднакво...
Post Views: 0
Студијата се изработува од страна на Меѓународната Унија за Заштита на Природа IUCN ECARO како дел од активностите за донесување на Законот за ре-прoгласување на Охридско Езеро како Споменик на природата.
На состанокот покрај претставниците на Меѓународната унија за заштита на природа (IUCN ECARO), Програмата на ООН за животна средина (UNEP), Министерството за животна средина и просторно планирање беа присутни и градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, градоначаникот на Општина Струга, Размиз Мерко и градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.
На...
Post Views: 0
Охрид за Новогодишните празници очекува гости од целиот свет. Хотелите очекуваат солидна посетеност за престојните празници. Според направените резервации и закупени аранжамни, најбројни и оваа година ќе бидат гостите од соседните држави Бугарија, Србија, Албанија, Косово, а неизбежни се и традиционалните гости од Црна Гора, вели Климент Наумов, претседателот на здружението туристички водичи „Кеј“. Додава дека ќе има присуство на гости и од далечниот Исток, тие немаат сезонски карактер и преку цела година се присутни на нивните кружни тури низ Балканот. Наумов со...
Post Views: 8
Во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” во рамки на одделението за детска ортопедија функционира оддел , единствен од таков вид во Македонија, за рехабилитација на деца со рани пречки во развојот.
За празникот Св Никола, посветен на светецот кој во христијанството важи за заштитник на морепловците но и на децата, женскиот Лајонс клуб „Деница“ ги посети дечињата во овој болнички оддел.
Со дружење и новогодишни пакетчиња дениците се обидоа барем на кратко да им го разубават секојдневието на децата кои престојуваат таму. Во тоа...
Post Views: 0
Откако беше објавено дека швајцарската HSBC, една од најголемите банкарски институции во светот, помагала на своите бројни богати клиенти да избегнуваат плаќање на милиони евра данок, светот се прашува кој е човекот кој го разоткри криминалот.
Herve Falciani бил долгогодишен финансиски експерт во HSBC кој полицијата во Женева го привела во декември 2008 година поради сомнение дека украл податоци за клиенти. Тој бил пуштен само неколку часа по испрашувањето со услов да се врати дома следното утро, но тој ја искористил приликата и пребегнал во Франција со сопругата и двете...