Post Views: 2
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, денес во просториите на информатичкиот универзитет свечено го отвори патувачкиот филмски младински фестивал Џифони. Тој нагласи дека градот континуирано дава поддршка на ваквите настани со цел ширење на културниот производ и на филмската култура помеѓу младите во Охрид. Неговите очекувања се дека по завршувањето на интернационалниот младински филмски фестивал Џифони, дел од младите образованието ќе го продолжат во светот на филмот.
„На почетокот сакам да ви се заблагодарам што им овозможивте на учениците од средните училишта...
Post Views: 5
Црниот кожен ковчег, кој секогаш е некаде во близина на претседателот Barack Obama се вика “football”. Многумина ја нарекуваат и црна кутија, а долго се верувало дека во неа се наоѓа она злогласно црвено копче со кое се активираат американските нуклеарни проектили.
Иако има врска со нуклеарното оружје, во оваа торба сепак не се наоѓа кобното црвено копче. Поточно, во неа се наоѓаат 4 работи – црна книга на чии 75 страници, помеѓу другото, има постапка во случај на нуклеарен напад. Со неа има уште една книга со пописи на места на кои, во случај на нуклеарен напад, американскиот...
Post Views: 19
49 години успешна работа, надоградување и создавање на стручни и оспособени кадри. Електромашинскиот училишен центар “Св.Наум Охридски” синоќа го одбележа овој прекрасен јубилеј и својот патронен празник. Учениците и професорите на висина на задачата и во духот на образовните можности кои ги нуди центарот, беа презентирани сите образовни профили, па така можеше да се видат светилки во бои кои пулсираат во ритамот на музиката, демонстрација на машински автоматизирани делови, светилки кои се палат автоматски, па се до шминкање, правење фризури и масажи на...
Post Views: 8
Буџетот на општина Охрид за 2016 година тежок 18 000 000 евра. По неколку точки од дневниот ред, советниците отворија широка расправа посебно по однос на третата точка која се однесуваше за Предлог Одлуката за усвојување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Oхрид за 2016 година. Претстојната година ќе биде во знакот на сериозни инфраструктурни инвестициски зафати во Охрид, вели секретарот на општината Димитар Спасески.
„Се на се очекуваме фуукционален буџет пред се кој ќе може да ги задоволи нашите потреби и буџет кој реално...
Post Views: 4
Според истражувањата на Универзитетот „Колумбија“ од САД, Македонија се најде на 127 место од вкупно 156 светски држави според присуството на среќа во државата. Според истражувањето, од бившите југословенски републики кои биле дел од истражувањето, Словенија се наоѓа на 49 место, па следува Хрватска на 58 позиција, Србија и БиХ се далеку под нив, додека убедливо најлошо на Балканот котира соседна Бугарија, која е меѓу десетте најнесреќни држави.
Нашиот јужен сосед, Грција иако е на работ на егзистенција се наоѓа на 42 место, додека Шпанија, во која секојдневно има протести,...
Post Views: 4
Дружба, разговор, смеа и празнична атмосфера. Штитениците од здруженијата на лица со посебни потреби од секаков вид од Охрид и Струга денес на предновогодишен ручек во хотелот Даљан. Одговорните лица од здруженијата велат дека целта им е за своите штитеници да почувствуваат предновогодишна атмосфера и да се почувствуваат како подеднакво значаен дел од општеството.
“Ги тргаме од нивната секојдневност, да направиме нешто за нив да се почувствуваат рамноправни граѓани, да почувствуваат дека на нив се обрнува внимание, да почувствуваат дека ни претстои некој голем...
Post Views: 8
Пожар во ОУ. „Јосип Броз Тито“. Ове е само успешно реализирана практична показна вежба на Црвениот крст од Струга, во соработка со противпожарната служба, центарот за управување со кризи, ургентната медицинска помош. Соња Стојкоска од Црвениот крст од Струга рече дека неколку денови наназад напорно се подготвувале за реализација на вежбите кои се однесуваат на справување со состојба на земјотрес и пожар.Сирените на пожарните и полициските возила, како и на ургентната медицинска помош навреме стигнаа пред ОУ Јосип Броз Тито. Тие беа во реална готовност да ургираат на...
Post Views: 0
Патувачкиот филмски фестивал “Џифони” пристигна во нашиот град. Во рамките на истиот сто и триесетина средношколци од градов ќе имаат можност да запливаат подлабоко во водите на филмот и фотографијата, ќе гледаат проекции на филмови но и ќе ги коментираат истите. Џифони патува пак е проект на Џифони Македонија кој според директорката на оваа невладина организација, Елена Величковска има за цел да го приближи светот на филмот до младите.
“Тоа е еден голем проект каде што тие пред се гледаат филмови, после што следи дискусија за тие филмови, модерирана...
Post Views: 6
Пратениците во собранието ги изгласаа измените на Законот за додадена вредност, со што ДДВ-то за прометот на електрична енергија кон домаќинствата се намалува од 18 на 5 проценти.
ДДВ од 5 отсто ќе важи до 30 јуни 2022 година, а за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година даночната стапка за ДДВ ќе се накачи за пет проценти односно ќе изнесува 10 отсто. За периодот по 1 јули 2023 година даночната стапка повторно ќе се врати на досегашните 10 проценти.
Овие измени за граѓаните нема да донесат значително намалување на сметките за струја, затоа што додека од една страна...
Post Views: 1
Предновогодишен ручек за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца. Музика, новогодишни пакетчиња и неодминливиот Дедо Мраз за најмладите. Локалната самоуправа и Црвениот крст од Охрид денес го организираа традиционалниот свечен ручек за социјално загрозените граѓани во обид да ја приближат празничната магија барем за момент до оние кои се во незавидна положба. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески обраќајќи се пред присутните порача дека посакува најдобри и подеднакви можности за живот и просперитет, без социјални класи, етнички расни или било какви...
Post Views: 0
Анекс на Колективен договор со кој ќе се овозможи сите здравствени работници со завршено високо образование (медицински сестри, рентген техничари, физиотерапевти, лаборанти, итн.) да добијат додаток на плата, потпишаа денеска министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски.
-Договорот стапува во сила со февруарската плата која ќе биде реализирана со корекција на коефициентот. Вкупниот процент на корекцијата на платата е 36,9 отсто, истакна Каранфиловски.
Министерот Тодоров...
Post Views: 3
Министерството за транспорт и врски објави јавниот оглас за прибирање на идејни решенија за изградба на градската марина во Охрид. Во огласот, Министерството бара идејни решенија за двете можни опции односно изградба на потполно нова марина во близина на каналот Студенчишта, или пак надградба на градското пристаниште со потребните елементи како истото би прераснало во марина. Капетанот на Капетанијата на пристаништата на Република Македонија, Горан Устијаноски, кој воедно е член и на жири комисијата која ќе ги оценува идејните решенија кои ќе пристигнат на конкурсот...