брод

За празникот, со брод до Св.Наум

Post Views: 3 По повод големиот верски празник Св.Наум Охридски – Чудотворец, во вторник, 5-ти јануари, бродовите Александрија 1 и 2 ќе пловат до манастирот „Св.Наум“ по симболична цена од 100 денари. Заинтересираните граѓани карти можат да купат утре и задутре, односно на 3-ти и 4-ти јануари на градското пристаниште. Еден брод ќе тргне од Охридското пристаниште во 8:00 часот, а другиот од Пештани во 8:30 часот.  Враќањето од Св.Наум за Охрид ќе биде во 12:00 часот.

Continue reading

ТЛЕР бара начин како да им помогне на станоиздавачите од мал обем

Post Views: 2 Секторот за локален економски развој бара начин како да им помогне на станоиздавачите од мал обем поради проблемот кој се јави по имплементацијата на Законот за угостителска дејност со кој се оневозможени да издаваат решенија или да им ги продолжат старите решенија на сите станоиздавачи во колективните станбени згради, односно оние кои се наоѓаат под еден покрив. Неодамна ТЛЕР организираше јавна расправа на која беа присутни и хотелиери и приватни станоиздавачи и законодавците. На јавната расправа биле донесени неколку заклучоци, а пред се целта била да се изнајде компромисно...

Continue reading

Аргентина: Обвинети претседателката и министерот за надворешни работи

Post Views: 1 Аргентинската претседателка, Cristina Fernandez de Kirchner вчера и формално е обвинета за наводно прикривање на вмешаност на Иран во нападот на еврејската заедниаца во Буенос Аирес во кој во 1994 година се убиени 85 лица. Државното обвинителство ја обвини претседателката врз основ на обвиненијата што против неа ги изнел обвинителот Alberto Nisman кој 11 години го истражуваше нападот. Nisman на 14 јануари предал акт во кој се тврди дека властите примениле план за да го заштитат Иран кој го нарачал нападот. Четири дена подоцна Nisman е пронајден мртов, убиен со куршум...

Continue reading

vodici

Се обучуваат водичи за на планина

Post Views: 2   Се создаваат услови за развој на авантуристичкиот и планинскиот туризам во Македонија, но и во Охрид.15 млади лица се обучуваат за да станат професионални интернационални водичи во планина. Обуката ја организира Македонската асоцијација на интернационални водичи. Обуката ја вршиме по меѓународни критериуми  и по највисоки стандарди и јас сум убеден дека оваа генерација  ќе биде една од подобрите  што излегле од нашата организација, вели Антонио Додевски, генералниот секретар на  на македонската асоцијација на интернационални водичи. Нашите планини нудат идеални услови...

Continue reading

Се чека првото бебе во Охрид

Post Views: 1   Годинава во Охрид започна без принова. На одделението за гинекологија при општа болница  сеуште се чека првото новороденче во Новата 2016 год. Меѓутоа охриѓанка се породила во Струга, па така првото охриѓанче според информациите од Општа болница во Струга е родено на ова одделение. За разлика од Охрид, соседна Струга, годината ја започна со 5 новороденчиња. Првото родено е во 6 часот и 55, машко дете со тежина од 3 150 грама. Според народните кажувања ако прво родено во новата година е женско, годината ќе биде бериќетна. Како ќе биде тоа годинава допрва ќе видиме.

Continue reading

Vartolomej

И вселенскиот патријарх заинтересиран за чудото во Св. Димитрија

Post Views: 0 За несекојдневниот феномен што се случува со фреските во скопската црква Св. Димитрија се заинтресирал и вселенскиот партијарх Вартоломеј кој денеска во Истанбул се сретна со претседателот Ѓорге Иванов. Иванов утрово во Цариградската патријаршија присуствуваше на литургија  за што ја предводеше Вартоломеј Тема на разговор биле и нерешените црковни проблеми. “Секоја посета на Истанбул ја користам за средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј, стекнавме едно лично пријателство и меѓусебна почит и затоа ме покани на денешната литургија и на молитва која се прави еднаш во...

Continue reading

Дочек на Нова година на градски плоштад Охрид

Post Views: 3 Неколку илијади охриѓани и гости Новата 2016 год ја дочекаа на охридскиот плоштад „Св Климент Охридски“, со легендарните хитови на дивата Калиопи. И покрај ладното време и минусните температури атмосферата во центарот на Охрид беше жешка благодарение на настапот и на останатите познати македонски музички имиња како Боби Мојсоски, незменливите „Билјана Јуниор“, Викторија Лоба и Компас бенд. Со овие имиња и величенствениот огномет, охриѓани и гостите влегоа во Новата 2016 година и точно на полноќ заменик градоначалникот Ангел Јанев со кратко обраќање на своите сограѓани...

Continue reading

NP

Народниот правобранител во Вевчани

Post Views: 1 Претставници на народниот правобранител во Вевчани. „Напредување на соработката на Централната власт и Локалната самоуправа со народниот правобранител“ е главната цел поради која на тркалезна маса седнаа претставниците на народниот правобранител како и претставници на надлежните институции од оваа општина. Градоначалникот Перо Илиески, како домаќин рече дека присуството на народниот правобранител во неговата општиина е мошне значајно. Заменикот на народниот правобранител, Даут Селман, рече дека многу малку луѓето од руралните средини се зпознати со носечката улога која...

Continue reading

Млад охриѓанец го загуби животот во физичка пресметка што синоќа се случи во кафе барот „Табана“

Post Views: 3 Црн биланс по новогодишната ноќ во Охрид. Едно лице го загуби животот во тепачка што синоќа се случи во кафе барот „Табана“. Димитар М. (27) од Охрид, им подлегна на повредите во општата болница во Охрид, откако претходно пред  кафе барот „Табана“ бил физички нападнат од еден државјанин на Република Србија кој на сега починатиот на плочникот од улицата пред влезот на кафе барот му нанел повеќе удари со раце и нозе по главата и телото. На овој напад, му претходела жестока вербална расправија помеѓу две групи во кои од една страна бил сега починатиот Димитар и уште други...

Continue reading

Нов случај на семејно насилство во струшко

Post Views: 3 На 24.10.2021 година околу 09 часот, во ОВР Струга пријавен е физички напад врз Е.Д.(26) од струшкото село Корошишта, извршен во нејзиниот дом од членови во семејството при семејна расправија. Таа се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Умерено со храната и алкохолот за најлудата ноќ

Post Views: 5 За новогодишните празници Општа болница Охрид и Итната медицинска помош ќе работат 24 часа. Медицинскиот персонал на охриѓани и на гостите кои во случај да имаат потреба од медицинска ургенција им стои на располагање нон стоп, вели раководителот на Итната медицинска помош д-р Горан Симјановски. Тој нагласи дека вечерва од 20 до 08 часот наутро ќе рабти и итната стоматологија во рамки на Здравствен дом Охрид. „Во овие празнични денови бидејќи матичните лекари не работат нашата дежурна служба за сите оние на кои им треба помош е отворена. Не само за граѓаните на Охрид...

Continue reading

Ракометниот Супер Куп ќе се игра во Охрид

Post Views: 2 Натпреварот помеѓу шампионот Вардар и финалистот од Купот на Македонија, Еурофарм Пелистер ќе се игра во СРЦ „Билјанини извори“. Денот на одржување е 11-ти август, а поради овој двобој и Струшкиот турнир ќе се игра еден ден подоцна од планираното. Досега се одиграни три Супер Куп дуели, а сите титули ги освоија најтрофејниот клуб Вардар. Во првиот ваков натпревар, Вардар во 2017 го победи Еурофарм Работник со 30-25, во 2018 славеше над Металург со 33-24, а во 2019 беше подобар од истиот ривал со 26-24.   извор: 24rakomet

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top