Се обучуваат водичи за на планина

15 млади лица се обучуваат за да станат професионални интернационални водичи во планина. Обуките започнаа пред неколку месеци, а ќе траат до напролет кога водичите ќе добијат и сертификати. Обучениот кадар на водичи во планина е еден од главните предуслови за развојот на планинскиот и авантуристичкиот туризам во нашава држава.

 |  Јаковлева Лионела  | 
vodici

 

Се создаваат услови за развој на авантуристичкиот и планинскиот туризам во Македонија, но и во Охрид.15 млади лица се обучуваат за да станат професионални интернационални водичи во планина. Обуката ја организира Македонската асоцијација на интернационални водичи.

Обуката ја вршиме по меѓународни критериуми  и по највисоки стандарди и јас сум убеден дека оваа генерација  ќе биде една од подобрите  што излегле од нашата организација, вели Антонио Додевски, генералниот секретар на  на македонската асоцијација на интернационални водичи.

Нашите планини нудат идеални услови за развој на планински и авантуристички туризам. Потребно е уште да се вложи во адаптација на сместувачки капацитети. Во периодиов што следува ќе се стимулираат сопствениците кои имаат куќи во високите планински села да ги прилагодат за потребите на туристите и да нудат барем ноќевање со појадок. Посебно европјаните се желни да ја откриваат нашата земја која сеуште е недопрена и еколошки чиста, вели Палацо.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top