Post Views: 4
Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни активности денес го чистеа градското пристаниште од отпадни материи, а во пресрет на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Оваа акција има за цел обезбедување на локација каде што ќе се фрла светиот крст од разните отпадoци кои претставуваат потенцијална опасност за скокачите по крстот.
„Воглавно наоѓаме доста големи количини на отпадни материи, но овие последниве години со акциите за чистење на езерото сепак се разбудува свеста кај луѓето, се намалува количината на отпадни материи, меѓутоа сепак...
Post Views: 1
Поројниот дожд кој од утринава го зафати Охрид поплави и блокира влез пред дуќан на ул. Туристичка . Честите поплави, во подруми, пред влезови на објекти после врнежливо време не се нешто ново во градов. На еден таков проблем укажа нашиот сограѓанин Ментор Цаноски, кој цели 7 години при врнежи од дожд и снег се соочува со истата мака. Вели дека надлежните треба да го решат проблемот, а доколку не преземат ништо тој во иднина ќе треба да набави рибарски чизми за да може муштериите да го посетат неговиот дуќан.
„При секои врнежи на дожд и снег водата од олуците нема каде...
Post Views: 0
И покрај потешкотиите со кои се соочуваат во бизнисот, охридските стопанственици се обидуваат да се одржат на пазарот. Славко Николовски од Млечаната индустрија „Лабрадор“за телевизија ТВМ открива дека во денешни услови не е лесно да се работи, треба голема одговорност, бидејќи се соочуваат со мал пазар а исклучително висока конкуренција и присуство на голем број на фирми кои се занимаваат со производство на млечни производи.
„Потешкотија е и неможноста на овој пазар, односно малата куповна моќ која што ја имаат граѓаните и се поголемото осиромашување на купувачите,...
Post Views: 3
Цената на барел нафта вчера на меѓународните пазари достигна 59 долари, притиснати со порастот на американските резерви и можното зголемување на производството во Саудијска Арабија, што го поттикна стравувањето од прекумерно производство.
На Лондонската берза цената за барел нафта падна 1,52 долари во однос на претходниот ден на 59,01 долари. Ден порано имаше скок до на најголемо ниво во последните два месеци, од 63 долари.
На американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по 2,1 долари пониска цена во однос на претходниот ден, од 50,04 долари.
Вниманието на пазарот...
Post Views: 0
Охрид не може да се пофали со поволна економска клима. Доц. д-р Александар Трајков од Факултетот за туризам и угостителство потсетува дека Охрид во минатото бил град во кој, во доходот учествувале повеќе големи производствени компнии кои пред се занимавале со извоз и ги пласирале своите производи во земјите од поранеша Југославија, Европа па дури и во целиот свет. Додека пак денеска имаме мал број производствени компании и во доходот доминираат фирми кои доаѓаат од услужниот сектор, како што е туризмот угостителството, транспортот, образованието, трговијата и правните...
Post Views: 1
Најавениот зголемен снежен бран и температури до минус 16 кој се очекува да ја зафати територијата на Охрид овој викенд, почнувајќи од сабота попладне ги алармираше службите во рамки на општинскиот штаб за заштита и спасување. Тие денес на координативен состанок разговараа за тоа што е преземено од сите чинители како би се овозможило нормално функционирање на градот и службите во пресрет на најавите за обилни снежни врнежи. Митко Темелковски од регионалниот Центар за управување со кризи вели дека сите субјекти во рамките на општинскиот штаб за заштита и спасувње ги презеле...
Post Views: 1
За гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, реална е прогнозата во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дека економскиот раст во РМ годинава ќе биде 2, а следната 3,2 проценти. Гувернерот деновиве е учесник на пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон. Богов очекува на овие средби да биде зголемен буџетот на Фондот за 400 милијарди долари и да стане достапен и за земјите надвор од евро-зоната.Тој смета дека светот ја преброди должничката криза по преземените мерки во евро-зоната, иако не се отстранети сите ризици....
Post Views: 1
Неисчистените оџаци претставуваат темпирани бомби. Во секој момент поради неисчистен оџачки канал може да избие пожар и да предизвика голема катастрофа, не само за сопствениците на куќата туку и за објектите во пошироката околина, велат од Територијалната Противпожа единица од Охрид. Според податоците кои ни ги пренесе заменик командирот Горан Маркоски, од почетоков на годинава до денес имале 15 интервенции од кои само 12 отпаѓаат на пожари од оџаци.
„Со правилник на Дирекцијата за заштита и спасување назначено е дека најмалку два пати годишно треба да се чистат оџаците,...
Post Views: 17
Дупките во Струга добија свое име, „Меркови дупки“ . Кај да се свртиш дупка до дупка, скоро и да нема улица во градот од која не зјаат длабоки дупки. Од ваквата состојба најпогодени се возачите кои ги искршија своите моторни возила. На стружани преку глава им е од неодговорниот пристап на општината кон локалните патишта. Велат, дека кога плаќаат за регистрација на возилото, добар дел од сумата е наменет за патиштата, а за возврат точно од овој аспект нивните возила секојдневно трпат последици и оштетувања.Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко во краток телефонски разговор...
Post Views: 1
Од февруари во болницата во Охрид, болните од рак ќе добиваат терапија поблиску до местото на живеење.
Онколошките лекови за пациентите ќе бидат обезбедени во сите општи болници низ државата, најави Министерството за здравство.
Постапката ќе ја контролираат лекари од Клиниката за Онкологија. Овој проект започна од тетовската болница, а ќе продолжи и во болниците во останатите градови.
Освен хормонска и антихормонска терапија, во првата фаза ќе се аплицира и бисфосфонатна терапија наменета за сите пациенти со коскени метастази од било кое потекло и таргетирана терапија...
Post Views: 2
При сообраќајни контроли извршени на подрачјето на СВР Охрид на 15/16.07.2021 година, полициските службеници затекнале и санкционирале 5 возачи на моторни возила кои управувале под дејство на алкохол (Охрид-02, Струга-03) и 26 возачи кои во населено место ја пречекориле дозволената брзина на движење (Охрид-05, Струга-12, Кичево-07, Дебар-02).
-Сообраќајните контроли ќе бидат интензивирани со цел доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, зголемување на безбедноста во сообраќајот и смалување на можностите за сообраќајни незгоди.-се вели во соопштението на...
Post Views: 1
Лесковчани до крајот на годинава би требало да ја добијат долгоочекуваната фекална канализација. Нешто повеќе од еден милион евра вредниот инфраструктурен зафат во Лескоец, во моментот се наоѓа во втора и трета фаза од неговото спроведување. После извесен период од поставувањето на првите шахти за оваа канализација, непосредно пред почетокот на оваа година, беа започнати зафатите за поставување на потребната инфраструктура за реализација на наредните две фази од овој важен проект за лесковчани.
„Во моментов течат втората и третата фаза од поставувањето и изградбата на...