Post Views: 2
Утрово се преврте автобус, со кој се превезувале работници од „Кромберг и Шуберт“ од индустриската зона Жабени кај Битола. Од МВР соопштија дека се повредени неколку лица.
Денес во 06.28 часот во СВР Битола било пријавено дека на излез од фабрика во близина на с.Жабени, битолско, на пат за Битола, се превртел автобус со патници. До сега од несреќата како повредени со телесни повреди се пријавени тројца патници и возачот, а помош им е укажана во Клиничка болница Битола, информираат од МВР за Курир.
Полициски екипи на лице место извршиле увид.
Post Views: 1
Охриѓанки за превентивните мамографски прегледи се упатуваат во Вевчани.
2000 покани се испратени до жените од Охрид, Струга, Вевчани и Дебар за бесплатни мамографски скрининг прегледи. За два месеци, од кога Министерството за здравство започна да го спроведува проектот до сега, се пријавени 246 жени или 11,2 посто. Од нив 175 направиле мамографски прегледи во болниците во Вевчани и Струга .Од кои в 4,6 проценти охриѓанки, 3,5 проценти стружанки и 1,9 дебранки. По завршување на јануарските празници се очекува оваа бројка да биде поголема.Но, охриѓанки ќе треба...
Post Views: 0
Тие се изреволтирани поради тоа што отпадот на депонијата гори, притоа се шири мошне непријатна миризба која не само што е тешко поднослива туку, како што нагласуваат, и опасна по нивното здравје. Нивните барања се задолжително да се преземат активности за затворање на депонијата „Буково“ каде се одлага отпадот од Охрид, Ресен и населените места од регионот, со најава дека ќе го блокираат пристапот до локацијата се додека не се санира односно не биде изгаснат пламенот што го загадува воздухот.
Томе Стојчески од ресенското село Крушје вели дека зголемен е и бројот жители...
Post Views: 0
Охриѓани го прославија Денот на Рибарите. На култното место Сараиште каде се празнувал од памтивек, со староградските песни на групата Билјана јуниор, со рибната чорба која ја подготвија учениците од СОУ „Ванчо Питошески“, традиционалната пача направена од студентите на гастрономската насока на ФТУ, вино и топла ракија, уживаа граѓаните кои пристигнаа во голем број од сите краеви на државава, па и од странство. Овој настан подеднакво е интересен и за најмладите, но и за повозрасните генерации.
Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека Денот на рибарите е еден белег...
Post Views: 2
Денес и официјално се изврши свечено примопредавање на детското игралиште во близина на каналот Студенчишта. Ова детско катче после цели 11 години целосно е реконструирано, адаптирано и проширено, со помош на средства во висина од 8.000 евра доделени од амбасадата на СР Германија. Проектот е реализиран во соработка со Локалната самоуправа, од Охрид. Како што нагласи првиот човек на градот Никола Бакрачески, благодарение на помошта од германската амбасада голем број дечиња ќе најдат своја рекреативна содржина како и тоа да ги изразат своите имагинации, со што би им...
Post Views: 7
Министрите за финансии на еврозоната се договорија на вонредниот состанок во Брисел за продолжување на програмата за финансиска помош на Грција за уште четири месеци.
Во заедничката изјава на министрите за финансии на еврозоната се вели дека “грчките власти најдоцна до 23 февруари ќе го предложи првиот список на реформи”.
Потоа “институциите” ќе ја дадат првата оценка дали тие мерки се доволни. Изразот институции се користи наместо досегашната “тројка”, која ја сочинуваат Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европската комисија.
Договорот ќе биде...
Post Views: 5
Денеска заврши зимскиот распуст и од утре 21ви јануари започнува второто полугодие од учебната 2015/2016 година за учениците од основните и средните училишта.
Распустот започна на 30ти декември 2015 година и годинава учениците имаа еден ден повеќе распуст поради престапната година. Од одделението за образование при локалната самоуправа информираат дека во охридските основни и средни училишта се е подготвено за започнување на новото полугодие. Училиштата во градот се снабдени со нафта за греење, а исто така и подрачните училишта во Лескоец, Куратица, Ливоишта, Трпејца,...
Post Views: 0
Андреј, Ката, Марија, Никола, Димитар, Коста, се само дел од православните верници кои беа дел од групното крштевање на Сараиште. Годинава по шести пат во водите на Охридското Езеро, се изврши овој христијански обред на големиот празник Богојавление. Светата тајна, крштение, денес ја примија над дваесеттина некрстени лица, на различна возраст, меѓу кои верници од Кичево, Битола, Ресен па дури и соседна Албанија. Велат чуството е прекрасно а и секој кој е некрстен треба да го доживее.
„Од Кичево сум, татко ми ми кажа, и не случајно сум тука на Богојавление. Ние сме...
Post Views: 0
Македонската филхармонија вечер ќе одржи симфониски концерт под водство на познатиот гостин диригент од Велика Британија Тимоти Редмонд.
На програмата се три премиерни изведби – Концертот за пијано и оркестар бр. 4 г-мол од Сергеј Рахмањинов во изведба на истакнатиот шведски пијанист Роланд Понтинен, свитата од операта „Итра мала лисица“ од Леош Јаначек и композицијата „Руски погреб“ за лимени дувачи и удиралки од Бенџамин Бритн.
На програмата ќе биде изведено уште едно дело на Рахмањинов, „Остров на мртвите“ оп. 29. Напишано е како инспирација од истоимената...
Post Views: 4
Петар Рупески по трет пат најсреќен меѓу стотината верници кои денеска скокаа по Светиот крст што во осветените води на Охридското Езеро го фрли митрополитот на Дебарско-кичевската епархија Тимотеј. Дваесет и шестгодишниот варошанец последен пат го фати крстот пред две години кога посака среќа во животот и вработување.
Чуството е како прв пат да го фаќам крстот, секогаш е посебно, пресреќен сум што и годинава бев благословен од бога. Иако е многу ладно многу ми е топло во душава. Нема никакви посебни подготовки зџа овој чин. Крстот ќе го фати оној кој е предодреден...
Post Views: 6
„Мостот на Нина“, како што го нарекуваат стружани, или дрвениот мост во Струга, и покрај ветувањата на надлежните дека ќе го санираат, сеуште се наоѓа во незавидна состојба. И покрај предупредувачката табла за опасност од тука секојдневно поминуваат многу луѓе, свесно или не превземајќи си го ризикот врз себе.
Во врска со овој проблем првично како најповикан се почуствува првиот човек на ЈП „Комунално“ Струга, Петко Кутаноски. Тој пред камерата на ТВМ уште во месец јули минатата година вети оти до крај на 2010 стружани ќе добијат нов и безбеден мост.
За крајно лошата...
Post Views: 11
Сарaиште е подготвено за утрешниот ден кога се прославува Денот на рибарите. Подолго време манифестацијата која се одржуваше на градскиот плоштад ќе се пренесе на оваа локација. Во одбележувањето на денот ќе се вклучи и ансамблот Билјана јуниор кој ќе исполни охридски староградски песни.
„ Трета година како настапува Билјана Јуниор на Водици на 19 и 20. Сите музичари настапувавме на пристаниште, но по неколку години музичкиот настан се враќа на старата локација каде што се прославува Денот на рибарите на Сараиште. Ќе ја имаме таа чест оваа година ние да бидеме почестени...