Јованоски: 100 дена нова Локална власт предводена од градоначалникот Кирил Пецаков и ВМРО ДПМНЕ, но воедно и 101 лага и 101 празно ветување

Post Views: 18 100 дена нова Локална власт предводена од градоначалникот Кирил Пецаков и ВМРО ДПМНЕ, но воедно и 101 лага и 101 празно ветување дадени на охриѓани, обвини на прес конференција претседателот на СДСМ Охрид Науме Јованоски.  „Граѓаните се во неверување дека поминаа повеќе од три месеци од мандатот на новиот градоначалник бидејќи на терен нема ниту траг од ветените проекти. Прашуваат каде се промените и просперитетот на градот, каде се активностите за Спорт за сите? Кога ќе започне спортскиот развој и изградбата на новите мултифункционални спортски игралишта во Велгошти,...

Continue reading

На 24-ти април не би можеле да се спроведат квалитетни избори, сметаат од ЦИВИЛ

Post Views: 0 На 24-ти април не би можеле да се спроведат квалитетни избори, смета претседателот на центарот за слобода-ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Оваа констатација доаѓа како резултат на проценките на неговата организација која долги години наназад ги следи изборните процеси во Македонија.  Цивил во сериозна комуникација и консултација со широка експертска група, која вклучува и меѓународни експерти со кои често соработуваме, дојдовме до заклучок дека навистина нема многу време до 24-ти април. Технички и стручно гледано, не веруваме дека има услови тие да се спроведат квалитетно. Без разлика...

Continue reading

Охридско Езеро – извор на питка вода од кој може да зависиме во иднина

Post Views: 3 До средината на овој век пристапот до вода за пиење ќе биде сериозен предизвик за голем дел од светската популација. Водата како ограничен ресурс ќе станува подрагоцена од нафтата. Неопходно е постојано истражување, следење и заштита на изворите на вода и нивна правилна експлоатација. За охридскиот регион, впечатокот кај граѓаните е дека лежи на вода и никогаш не може да се соочи со недостаток.  Како изворишта на вода се користат: Билјанини Извори, подземна вода од Беј Бунар, Летнички И звори од Рамне, извор Св.Илија од Велгошти, подземна вода во близина на Коселска...

Continue reading

Општината до 2017 год ќе ги реши комуналните проблеми на жителите од ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“

Post Views: 5   Прашање на време е кога ќе завршат бројните комунални проблеми на жителите на ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“. Како што ТВМ веќе информираше, жителите на овие две улици се пожалија дека немаат канализација, патот е каллив и неасфалтиран години наназад, немаат ниту улично осветлување а дополнителен проблем претставува депонијата во близина на  реката која поминува тука. Портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, Љупчо Танески рече дека овие потези се во рамки на тригодишната развојна програма на секторот 2015 – 2017 год. „Согласно плановите...

Continue reading

Изградбата на ОДВ ЕЛЕКТРИК во мирување

Post Views: 2   Измина речиси половина година од поставувањето на камен темелникот за изградба на фабриката на ОДВ ЕЛЕКТРИК. Од  тогаш па се до денес во технолошко индустриската зона помеѓу Охрид и Струга впечатокот е дека работитетешко се одвиваат. Амбасадорката на Германија во Скопје, Кристине Алтхаузер, при неодамнешната работна посета во Охрид немаше нови информации околу реализацијата на оваа германска инвестиција, во нашиот регион. „И ние немаме нови информации. Според наши сознанија фабриката треба да се отвори во јуни, но немаме да додадеме нешто ново“. Но затоа пак првиот...

Continue reading

Внимание за корисниците на Gmail

Post Views: 1 Ако во последно време сте праќале електронска пошта од  Gmail на Google, би било добро да поверите дали тие пораки отишле на вистинските адреси или сте ги пратиле на погрешни лица. Имено, откако на Twitter некои корисници се пожалиле дека електронската пошта на Gmail отишла кај погрешни лица, од Google потврдиле дека имаат проблем со автоматските предлози на e-mail адресите во контакти и поради тоа корисниците на Gmail ги пратиле пораките на погрешни лица. Проблемот се наоѓа во предлозите на Google кој ги дава при праќање на поштата – кога во Gmai ќе ја напишете првата...

Continue reading

Подобри услови и за охридските студенти во студенскиот дом

Post Views: 3   Четири машини за перење и исто толку машини за сушење ќе ги задоволат потребите на студентите кои престојуваат во Студенскиот дом „Никола Карев“, Охрид. Овој проект ќе се спроведува преку МОН, а ќе започне од почетокот на наредната година. Како што изјави првиот човек на Студенскиот дом Маријан Ристески во периодов што следи треба да се спроведат постапките за набавка на неопходната опрема. „Со тоа се надмина еден голем долгогодишен проблем на студентите исе задоволи уште едно нивно барање. Државниот студенски дом располага со индустриски машини за перење и сушење...

Continue reading

Колку е штетен азискиот Толстолобик за охридските автохтони риби

Post Views: 11 Во Охридското Езеро уловени се примероци на кинески вид риба Толстолобик. Спортските риболовци предупредуваат дека овој вид риба е неавтохтона и може да предизвика сериозни последици посебно врз охридската пастрмка. Примероци од овој вид риба пронајдени се во Радожда, Пештани и на Далјанот во Струга. Претседателот на здружението Радован Димитриески смета дека треба да се вклучи црвениот аларм за спас на езерото „Останува енигмата како овој вид на риба кој е карактеристичен за во Кина и кој само таму се размножува во реката Амур како стигна во водите на Охридското Езеро....

Continue reading

toplo vreme

Тропски топлотен бран во Македонија

Post Views: 3 Времето во Македонија во наредните четири дена ќе биде сончево и многу топло. За време на викендот во јужните делови од Републиката температурата ќе достигне и до 38 степени. Утре температурата ќе се движи од 28 до 35 степени. Од денес до вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ која ќе услови претежно сончево и многу топло време. Температурата на воздухот во поголемиот дел од земјата ќе биде над 30 степени, а во јужните делови и до 38 степени. Утре дневната температура ќе се движи од 30 до 38 степени, а во недела до 36. Министерството...

Continue reading

ЈП „Билјанини извори“ ќе се грижи за детското игралиште во близина на каналот Студенчишта

Post Views: 11   ЈП „Билјанини извори“ ќе се грижи за детското игралиште во близина на каналот Студенчишта.  Ова беше одлучено на денешната седница на Совет. Причина за ваквата одлука е што ова детско катче после цели 11 години пред десет дена целосно е реконструирано, адаптирано и проширено, со помош на средства во висина од 8.000 евра доделени од амбасадата на СР Германија. Проектот е реализиран во соработка со Локалната самоуправа, од Охрид. Општината сакајќи да го зачува во добра состојба му одреди стопан. Генералниот став на локалната е за одредени добра во градов  да има точно...

Continue reading

Merko

Струга ќе добие назад атрактивни делови државно земјиште

Post Views: 29 Струга е чекор понапред од останатите општини во реализација на процесот за менаџирање со неизграденото државно земјиште, вели струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Со новиот Закон за градежно земјиште, управувањето со градежното неизградено земјиште, ќе почнат да го вршат единците на локалната самоуправа. Струшкиот градоначалник вели дека моментално, интензивно работат на урбанизација на атрактивните локации кои треба да се вратат владение на Општина Струга. „Направив нешто повеќе од другите општини, за 5 години колку што се зборуваше дека ќе има закон за враќање на...

Continue reading

Општина Охрид по четврти пат ќе го покрие долгот што ОУ „Григор Прличев“ го има кон ЕВН Македонија

Post Views: 0 Општина Охрид ќе го покрие долгот во висина од околу 300 000 ден. што ОУ „Григор Прличев“ го има кон ЕВН Македонија. Ова беше одлучено на денешната седница на Совет. Градските избраници по четврти пат носат ваква одлука откога пред три години ЕВН му ја исклучи струјата на ова училиште поради неплатен долг. Причина за тоа е блокираната сметка на школото поради спорот кој веќе години наназад го води со физички лица кои се сопственици на дел од дворот на училиштето. Уште при носењето на првата одлука од страна на градоначалникот беше ветено  дека проблемот со блокираната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top