Post Views: 0
Охридската цреша е новиот македонски бренд. Процедурата за заштита на географското потекло на уникатната цреша е во тек. Таа наскоро ќе застане рамо до рамо со повеќе македонски производи кои веќе се заштитени според потеклото, географската ознака или како гарантиран традиционален специјалитет.
„Веќе се завршени сите формалности, доставен е елаборат за заштита на земјоделски производ кој е потврден од сите релевантни институции и сега само формално треба да се добие заверка од Министерството за земјоделство“, вели Ванчо Стојаноски-земјоделец
Според законската регулатива,...
Post Views: 2
Притоа, мешани патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција, претставници од Советот на родители во основните училишта, од Секторот за образование при локалната самоуправа во Охрид, извршија превентивна обиколка на повеќе угостителски објекти во централното градско подрачје, но и на периферијата од градот, како и на други јавни места на отворен простор каде, во ноќните часови младите најчесто се собираат и задржуваат.
Целта на кампањата е родителите да видат каде нивните деца излегуваат, како и во каков амбиент младите се забавуваат во ноќните...
Post Views: 1
На улица Илинденска, во близина на античкиот театар, е куќата на Момирови во сопственост на НУ Завод и Музеј. Забот на времето остава траги врз куќата на која видливо се оштетени кровот и прозорите. Од ден на ден објектот добива изглед на запоставена и неискористена куќа.
Во последниве две- три години се реализираат проекти со кои ресорното министерство обновува фасади, кровови и статичко зајакнување на куќи во центаралното градско јадро. Oд НУ Завод и музеј имаат објаснување зошто куќата која е во нивна сопственост годинава не влегла во планот за реконструкција.
„...
Post Views: 6
Од јавното претпријатие МЈП Проаква Водовод Охрид информират дека денес ,среда, поради дефект на водоводна линија ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „Радојца Новичиќ“ и „Прилепска“, од 09.00 до 12.00 часот.
Екипите на МЈП Проаква се на терен и работат на отстранување на дефектот.
Post Views: 4
Српскиот државјанин Бојан У. од Краљево обвинет за убиство на Димитар Матилоски од Охрид за време на Новогодишната забава пред кафе-барот „Табана“ во Охрид, ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства.
Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот српски државјанин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. Според полицијата, на 31.12.2015 година пријавениот бил сместен во вила во Охрид заедно со неговите пријатели М.П. и Ѓ.П. ,исто така државјани на Република Србија, и на истите...
Post Views: 3
Компанијата Apple треба да плати 532,9 милиони долари откао сојузната порота утврдила дека софтерот на технолошкиот гигант за iTunes содржи три патенти во сопственост на тексашката компанијата за лиценцирање на патенти Smartflash.
Иако Smartflash бараше отштета од 852 милиони долари, пресудата изречена во вторникот вечерта сепак претставува сериозен финансиски удар за Apple, кој во постапката тврдеше дека надоместокот за користење на ови три патенти не може да изнесува повеќе од 4,5 милиони долари.
По осумчасовниот судски процес на судот во Тексас, поротата заклучила...
Post Views: 0
Посетителите на НП Галичица се соочуваат со запуштена локација кај излетничкиот видиковец. Местото за одмор во блиската шума веднаш до управната зграда на паркот му треба реконструкција и пред се чистење. Расфрланото ѓубре е одраз на нашата некултура и низок степен на чувство на одговорност кон околината, додека преполнетиот контејнер кој подолго време е неисчистен го покажува инфериониот однос на надлежните во паркот.
Се обидовме да дознаеме од НП Галичица кога ќе ги обноват искршената клупа и двата уништени инфо пултови, и кога ќе поднесат барање за чистење на...
Post Views: 2
Ацо Димитриески, познатиот охридски филигранист вели во Охрид филигранскиот занает во моментов е во нагло изумирање. Тој повеќе од 2 децении изработува филигрански накит и ја продолжува семејната традиција на неговите дедо и прадедо Диноски, стара повеќе од 200 години. Во последниве 5 години никој од помалдите не се инетерсира да го учи занаетот. Во моментов на прсти може да се избројат млади филигранисти. Во занаетчиската комора нема само филигранисти туку изработувачи на накит и бижутерија, додава Димитриески.
„ Интересот за изучување на филигран е многу слаб....
Post Views: 5
На гробиштата во струмичкото планинско село Рич, денеска ќе бидат погребани телата на Блажо (50) и Пено (46) Стојанови, работници на ЈП „Македонски шуми” -шумско стопанство „Беласица”, кои настрадаа во гаснењето на пожарот во понеделникот над Струмица.
Општина Струмица денеска прогласи Ден на жалост за несреќно загинатите.
– Сочувствуваме и ја делиме болката со семејствата на трагично загинатите наши сограѓани, кои и по цена на нивните животи се жртвуваа во гаснењето на огнената стихија. Во истовреме нашите молби се за заздравување на преостанатите тројца наши...
Post Views: 9
Охридскиот слатководен рак кој пред речиси две и пол децении исчезна од крајбрежниот дел на Охридското Езеро, се враќа. Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот Завод изјави, дека благодарение на самопречистителната моќ на езерото било овозможено дел од популацијата на ракот да живее во подлабоките води, така што во овој момент ракот од подлабоките се враќал во плитките води.
„Тоа не е во такви количини кои порано беа присутни. Од друга страна треба да се знае дека ракот е животно кои што се храни со животински отпадоци, треба да има детритус, животни кои што угинуваат....
Post Views: 1
Не е испочитуван рокот за свикување на 25 тата седница на Советот на општина Струга. Ваков е ставот на дел од струшките советници. Бројните забелешки на советниците за низа недостатоци со кои се соочуваат за време на седниците не изостанаа ниту овој пат. Најголем револт кај македонскиот блок политички партии предизвика 5 тата точка од дневниот ред, Нацрт-Статут на општина Струга. Координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ Јулијана Узуноска, побара одлагање на оваа точка, за да не се направи политичка злоупотреба и оваа точка да се протурка низ мала врата, од...
Post Views: 5
Сто проценти се намалени штетите во Студенскиот дом Никола Карев. Тоа се должи на одговорноста и посветеноста на менаџерскиот тим кои работат на подобрување на условите во студенскиот дом. Како што обелодена првиот човек на домот Маријан Ристески, минатата година бил поставен видео надзор, а со тоа значително се подобрила и безбедносната состојба во објектот.
„Она што беше проблем да се лоцира вината на студентите во заедничките простории. Објективно ние во самите соби правиме записник и вршиме контроли тука можеме да најдеме виновник во случај на утврдување на штета....