Запуштен видиковецот за посетители во НП Галичица

 Запуштен видиковецот за посетители во НП Галичица.

 |  Валентина Неловска  | 
np

Посетителите на НП Галичица се соочуваат со запуштена локација кај излетничкиот видиковец. Местото за одмор во блиската  шума веднаш до управната зграда на паркот му треба реконструкција и пред се чистење.  Расфрланото ѓубре е одраз на нашата  некултура и низок степен  на чувство на одговорност кон околината, додека преполнетиот контејнер кој подолго време е неисчистен го покажува инфериониот однос на надлежните во паркот.

np galicica

Се обидовме да дознаеме од НП Галичица кога ќе ги обноват искршената клупа и двата уништени инфо пултови, и кога ќе поднесат барање за чистење на локалитетот,но останавме без одговор.

Од ЈП Охридски комуналец не инфомираа дека во јануари не добиле  барање од НП Галичица да го исчистат паркот. Барање за чистење на територијата на паркот немале добиено ниту во 2015 година.

Франкофонската патека која го опфаќа и овој видиковец  е изградена во 2008 година. Последниот поголем зафат за чистење на паркот машински, но и рачно беше во  2009 и 2010 година во две фази. 

 

klupiТогаш беа исчистени 25.000 хектари од националниот парк, а беа изнесени 150 камиони со ѓубре. За овој голем зафат беа потрошени 10.000 евра пари од германската КФ банка.             

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top