Година на големи инфраструктурни зафати најавува Бакрачески

Post Views: 2   Реализација на серија инвестиции за 2016 год најави првиот човек на градот Никола Бакрачески. Дел од нив се нова марина, две катни гаражи, пешачка патека од пристаниште до Канео, Конгресен центар, како и нов објект за Домот на култура. Заедно со претходно потпишаните инвестиции за градба на покриен базен и покриен зелен пазар, нова современа авотбуска станица, како и Дом за стари лица, се решаваат  потребите на градот за следните 30 до 50 години, вели Бакрачески. Една од поголемите инвестиции е изградбата на Дом за стари лица во населба Даљан, кој според најавите на...

Continue reading

struga

Струшката чаршијата ќе се ревитализира

Post Views: 1 Одамна уништената гордост на градот, чаршијата, во рацете на локалните моќници. Стружани не знаат  каков е планот на локалната, но стравуваат дека што и да се стави на местото на сегашниот камен, машинеријата која секојдневно ја гази чаршијата се ќе уништи. Јово на ново. После повеќе од 30 години ќе се ревитализира струшката чаршија и двата кеја на реката Црн. Дрим. Познатата струшка чаршија за која се испеани многу староградски песни, стана жртва на промена на разни времиња, култури, мислења а во последно време и на лични интереси. Надлежните очигледно се немоќни пред...

Continue reading

Одбележан патронот на ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 15 Свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“ се одржа синоќа во Центарот за култура Охрид. Свеченоста започна со прекрасната изведба на  легендарната “1762 Лето” од страна на училишниот хорот. Присутните гости во преполната сала ги воодушеви прекрасниот рецитал на трите наградени литературни творби од учениците, Дарјан Ангелоски, Христијан Мише и Сара Јолакоска…. Беа изведени повеќе музичко забавни точки а исто така членовите на драмската секција од школото изведоа фрагменти од претставата „Бегалка“. Синоќа свечената приредба по повод патрониот...

Continue reading

Заедничко родителство и по развод

Post Views: 0   Заедничко старателство и одговорно родителство и по развод. Група родители неодамна покренаа иницијатива за измени на Законот за семејство. Оваа иницијатива беше поддржана од првата детска амбасада „Меѓаши“. Директорот Драги Змијанац за ТВМ изјави дека основната причина за отпочнување на иницијативата  како предлог закон за измена за воведување заедничко родителство по развод е да се надминат проблемите кои ги имаат родителите по прашање за уредување на времетраењето на видување на едниот или другиот родител кои се развеле по однос на чување, згрижување и воспитување...

Continue reading

Во туристичкиот сектор e потребно создавање нови производи и понуди

Post Views: 7  На туристичкиот сектор во земјава му е потребна реорганизација и прилагодување на барањата на туристите, вели Љупчо Јанески, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Додава, оваа година, очекува дека ќе започнат инвестиции во зелени хотели со зелени ѕвездички. Уредување на авто кампови по светски стандарди за да се остварат во охридско-струшкиот регион 1 милион ноќевања од оваа дејност. Потребно е да се создадат нови туристички производи и понуди, вели Јанески. „Ние немаме авто кампови. Во авто камповите треба сериозно да вложуваме. Потребно е и подобрување...

Continue reading

nagrada grigor prlicev

Глигор Стојковски годинешен лауреат за најдобра поема “Григор Прличев”

Post Views: 4 Поемата “Завет, јад”, со поднаслов “Кирил 1830, Кирил 2001”, е поетскиот восклик кој годинава на познатиот македонски новинар и публицист Глигор Стојковски му ја донесе престижната награда за најдобра поема за 2015та, “Григор Прличев”. Поемата говори за судбината на прекрасниот Лешочки манастир и едно име, великанот Кирил Печиновиќ кој го возобновува манастирот во 1830та, но и поетовата реакција кон претпоставеното однесување на владиката Кирил во чија надлежност беше манастирот за време неговото вандалско разурнување во 2001та година...

Continue reading

Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата

Post Views: 0   Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата од три до шест годишна возраст. Овај проект се спроведува во соработка со Министерството за труд и социјална политика, а потребата за вакви прегледи се јавила од фактот што се поголем процент од децата уште во најмала возраст имаат проблеми со видот. После 16 ти февруари треба точно да се определи во кои денови ќе се вршат прегледите за да можат родителите да донесат здравствени книшки, но и да ги подготват своите деца доколку кај нив се воочи некаков проблем. И за возрасните носењето...

Continue reading

Најавена голема конференција на Apple

Post Views: 1 Иако продажбата на часовникот на Apple се најавуваше најрано за април годинава, се чини дека тоа можеме да го очекуваме порано и дека тоа ќе се случи еден месец пред очекуваното. Од Apple се пратени поканите до медиумите за 9 март за конференцијата која ќе се одржи во Сан Франциско, а иако не објавиле никакви детали за производите кои ќе бидат претставени на неа, скоро е сигурно дека нагласокот ќе биде на нивниот паметен часовник. AppleWatch прв пат е виден во септември минатата година кога конечно се објави дизајнот на овој уред а воедно се дознаа и некои од опциите...

Continue reading

Охридските пчелари се едуцираа

Post Views: 1   Охридските пчелари секогаш се желни да научат нешто ново. Вчера на тема „Ридско планинското пчеларење“, се одржа трибина на која присутните имаа можност да ги слушнат искуствата на истакнатиот професор по пчеларство Ѓоко Зечевиќ од Србија. Како што појасна претседателот на Здружението на пчелари од Охрид, Тони Јосифовски на вчерашната трибина главен акцент бил ставен на брзиот развој на пчелните семејства да одговорат на главната паша, со цел да се добие поголем принос. Но, Јосифовски напомена дека присутни се и бројни проблеми кои час поскоро треба да се решат. „Најболната...

Continue reading

земјоделци

Шанса за младите земјоделци

Post Views: 75 Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството, објави оглас во кои е наведено дека сите што сакаат да се занимаваат со земјоделска дејност, а немаат наполнето 40 години, ќе може да аплицираат за Субвенции за млади фармери. Од Агенцијата објаснуваат дека за оваа година обезбедени се средства за преку 100 апликации. Интересот е огромен. Во 2012-та имаше само тројца апликанти, додека во 2013, 14-та и 15-та година кога интересот беше најголем, одобрени беа 134 во износ од 1,2 милиона евра. До последниот оглас објавен вчера, поддршката изнесува 1,5 милиони евра за вкупно...

Continue reading

svetci

Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј прогласени за свети

Post Views: 42 Во рамки на одбележувањето 45 години македонска црковна автокефалност, денеска, Македонската православна црква ги прогласи за свети тројцата свештеномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј кои пострадале за верата Христова во 1558 година. Светата архијерејска литургија се одржа во манастирскиот компкекс „Св. Богородица Пречиста“ кај Кичево. На Малиот вход првпат беше изнесена иконата на светите Пречистански преподобномаченици со која архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ги благослови присутните верници. Тој ги освети и темелите на новиот манастирски конак со параклис...

Continue reading

izlozba

Интересна изложба и промоција на книга на дедо и внука

Post Views: 3 Балерини со фустани од хартија, кори од портокали, изрежаниот молив, еже и рипчиња од капачиња. Овој чуден спој креативно поместен на креациите и делата на малата Ана Томоска денес беше изложен за сите посетители на НУ Градска библиотека-„Григор Прличев“. Создавани во период од три месеци, третоодделенката Ана своето слободно време го користи на еден ваков креативен начин. „Нешто гледам и одма го правам од тоалетни кутивчиња, капачиња. Од тоалетните ги виткам со тафет папир и им ставам очи, ги правам како ликови.“-вели авторката на изложбата, Ана Томоска. Освен роднинската...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top