Во туристичкиот сектор e потребно создавање нови производи и понуди

Треба  да се работи на подобрување на слабите алки кои го сочинуваат. Меѓу барањата на туристите се престој во авто кампови, за што треба во постоечките сериозно да се вложува за да се обезбедат Европски стандарди.

 |  Валентина Неловска  | 

 На туристичкиот сектор во земјава му е потребна реорганизација и прилагодување на барањата на туристите, вели Љупчо Јанески, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Додава, оваа година, очекува дека ќе започнат инвестиции во зелени хотели со зелени ѕвездички. Уредување на авто кампови по светски стандарди за да се остварат во охридско-струшкиот регион 1 милион ноќевања од оваа дејност. Потребно е да се создадат нови туристички производи и понуди, вели Јанески.

„Ние немаме авто кампови. Во авто камповите треба сериозно да вложуваме. Потребно е и подобрување на инфраструктурата, понатака поголемо влијание на гастрономијата на домашната кујна тоа треба да го промовираме. Ако сакаме да го промовираме Охрид како град под заштита на Унеско треба се да направиме така да остане, да сме во таков дух, нешто треба да жртвуваме за нешто да остане“.

Во овој сектор треба многу повеќе да се работи на подобрување на слабите алки кои го чинат туризмот, како што се туристичката услуга и сместувачките капацитети. Исто така, да се искористат максимално потенцијалите кои ги имаме за подобро организирана туристичка понуда.

„Да развиваме рурален туризам во охридско- струшкиот регион, инфраструктурата е добра и селските средини се на неколку километри од Охрид и Струга. Зошто да не понудиме селски, еко и рурален туризам, автентични форми на авантуризам за кои имаме идеални услови и можности“.

Љупчо Јанески, напоменува дека домашните и странските гости имаат дијаметрално различни барања при туристичките патувања. Домашните туристи во дестинацијата во која претстојуваат имаат аранжман и сакаат вон пансисонска услуга, да потрошат, да истражуваат, да посетуваат, да откриваат. Странските туристи пак, сакаат да добијат онолку или нешто повеќе за аранжманот и средствата кои ги платиле за одмор.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top