akcija

ЈП „Охридски Комуналец“ го средува кејот

Post Views: 4 Во зависност од временските услови и вегетациониот период на растителниот свет во Охридското Езеро,  екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец” редовно спроведуваат акции за чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј. По налог на општинскот инспекторат оваа работна седмица се реализира  чистење на наносите од муљ, трска и натрупан комунален отпад во крајбрежниот појас  во близина на Холандскиот Парк. Чистењето, подигањето и транспортот на наносите од муљ се изведуваше со багеровање со специјална механизација (ровокопач-ИЦБ и  камион ФАП), при што се подигнати околу 20...

Continue reading

pratenik

Пратеник, голема одговорност кон народот

Post Views: 23 Млада и пред голем предизвик. Надица Николовска претседателот на ВМРО – ДПМНЕ и раководителот на пазарниот инспекторат од Струга, неодамна седна на пратеничката фотеља во Собранието на Р. Македонија. Таа согласно партиските начела на ВМРО – ДПМНЕ, дојде на местото на пратеникот Владо Стефаноски, кој неодамна почина. Како што е добро познато Стефаноски во текот на извршувањето на функцијата пратеник пред останатите советници се  истакна со најголем број амандмани 166. Николоска допрва ќе треба да се докаже, но сепак настапува со одредена цел. Функцијата пратеник е голема...

Continue reading

garet i bakraceski

Амбасадорот Гарет во посета на Охрид

Post Views: 0 Британскиот амбасадор во нашата земја Чарлс Гарет, оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Во разговорот беа разгледани повеќе прашања, кои се од интерес за Охрид и Обединетото Кралство. На средбата стана збор и за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за која соговорниците се согласија дека треба да се вложат максимални напори и добра волја на сите политички актери, за надминување на постоечката состојба. Градоначалникот Бакрачески го запозна британскиот амбасадор, со плановите за развојот на Охрид и перспективите кои ги нуди нашитот град....

Continue reading

Црн Дрим Струга

Пронајдено оружје кај 49-годишен стружанец

Post Views: 6 Полициски службеници од Полициската станица Струга, вчера го лишиле од слобода С.А.(49) од Струга. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „Зброевка“ калибар 7,65 мм, еден сигнален пиштол „Гмаа“, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал – информираат од МВР. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue reading

„Не кажувај либе добра ноќ“

Post Views: 24   „Не кажувај либе добра ноќ“. Петар Маркоски заедно со своите соработници ќе им подари на охриѓани еден незаборавен концерт посветен на љубовта и виното. На  празникот Св. Трифун и Св. Валентин преку звуците на староградските песни тој ќе допре до срцата на сите заљубени но и на оние кои малку подзаборавиле на искажувањето љубов. Концертот ќе биде реализиран во соработка со режисерот и продуцент, Даниел Јовески кој ќе свири на пијано, со групата Охридски чалгии и актерот Ивица Цонев кој ќе чита македонска поезија посветена на љубовта и виното. Сите музичари треба...

Continue reading

Од полноќ бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Post Views: 0 Минатата недела за половина дена се зголеми цената на бензините. Цените на Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот останаа исти. Ова се актуелните цени на нафтените деривати: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 37,719 (денари/килограм)

Continue reading

gluvi lica

Лицата со оштетен слух и вид ќе се обучуваат за водоинсталатери, заварувачи и масери

Post Views: 7 Во Охрид ќе се спроведуваат четиримесечни обуки на лицата со оштетен слух и вид. Обуките ги организира Агенцијата за вработување  и тоа за струката водоинсталатер и заварувач каде можат да се пријават глуви и наглуви лица и масери каде можат да аплицираат лица со оштетен вид. Целта е да им се овозможи на оваа категорија граѓани да имаат поголеми можности за вработување. Ова е убава иницијатива но сметам дека не треба да се застане тука. Најдобро би било овие струки да се воведат во средното специјално училиште за глуви ученици. Кај нас работодавачите сеуште немаат пракса...

Continue reading

ucenik

Лошата исхрана и недоволната физичка активност го земаат својот данок кај учениците

Post Views: 2 Специјалистите по школска медицина на  систематските прегледи кај  училишните деца од регионов констатирале  нарушување на телесната тежина. Ова го покажуваат статистичките податоци од охридскиот регионален Центар за јавно здравје кој ги покрива општините Охрид, Струга, Дебарца, Дебар и Вевчани.  Во текот на 2014 година со систематски прегледи биле опфатени околу 98 проценти од учениците, напоменува д-р Слободанка Коцевска од охридскиот Центар за јавно  здравје. Податоците  укажуваат дека лошата исхрана и недоволната физичка активност  го земаат својот данок кај  учениците. „...

Continue reading

Зошто февруари има 28 дена?

Post Views: 0 Она што го знаеме е дека сите месеци, освен февруари, имаат по 30 или 31 ден. Зошто е тоа така? Виновни за ова се старите Римјани, иако записите за римскиот календар се ретки и недоречени. Легендата вели дека првиот римски крал Ромул осмислил 10-месечен лунарен календар кој почнувал за време на пролетната рамнодневница во март, а завршувал во декември. Не е потполно јасно дали постојат месеци помеѓу декември и март, но веројатноста е дека не постојат бидејќи зимското време не било важно за жетвата. Друг римски крал, Нума Помпилиј, одлучил да направи поточен календар...

Continue reading

patrolen

Кривична за охриѓанец кој незаконски ловел риба

Post Views: 2 Регионалниот Центар за Гранични Работи – Запад поднесе кривична пријава против 51-годишен охриѓанец. Лицето се стекна со кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „незаконит риболов”. На 26-ти јануари годинава, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор ,,Охридско Езеро“ на брегот на езерото наспроти плажата „Потпеш“, го затекнале пријавеното лице со метален чамец и рибарска опрема како врши незаконит риболов. При извршен преглед во чамецот пронајдени биле две рибарски мрежи.

Continue reading

Дел од охридските советници незадоволни од одговорите на советничките прашања

Post Views: 6   Дел од охридските советници се незадоволни од писмените одговори кои ги добиваат на нивните прашањата упатени до Локалната самоуправа во Охрид. Вообичаена пракса е на седниците наменети за советнички прашања секој советник да има право да постави две а по договор и три прашања, со можност да добијат и писмен одговор, од страна на надлежните во општина Охрид. Оливија Пирузева Јанева, советничката на СДСМ  посебно е револтирана на одговорот кој го добила на прашањето кое се однесува за увид во документацијата за изградба на затворениот пливачки базен, па посочи пример...

Continue reading

ramkoven

11 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Post Views: 2 Рамковниот договор, на 13 август 2001 година, по повеќедневни проеговори во Охрид, беше потпишан во Скопје од тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДПА Арбен Џафери и на ПДП Имер Имери. Во својство на гаранти, документот го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Со договорот беше поставена рамка за унапредувања на правата на етничките заедници во Македонија, за унапредување на меѓуетничкиот соживот и за евроатланската...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top