maika

Позната шпанска музичарка со македонски корени смета дека природните убавини на Охрид треба да останат недопрени

Post Views: 0 Ова е Маика Маковски, во Охрид и земјава малку позната, но во Шпанија сериозна и позната музичарка со долгогодишна кариера. Со Македонија ја поврзува долга приказна и корени кои пред само три години ги открила. Таа е половина Македонка, по потекло од Буково. Вели дека Охрид го памети по неверојатните природни убавини, недопрената дивина, уникатноста на местото. Кога слушнала за најавените проекти за изградба на монденски плажи, ски центри и останатите проекти долж Охридското крајбрежје била ужасната од помислата дека можеби следниот пат кога ќе дојде во нејзината втора...

Continue reading

struga

Како Струга нема друга

Post Views: 12 Оваа изрека секој стружанец ја знае дури и во сон, но ја знаат и во земјава, а бога ми и надвор од неа. Градот кој е распослан на двата кеја од реката Црн Дрим и долж северната страна од ревиерата на Охридското езеро, има богато минато. Хотелот на Стефан Томан кој спечалил пари кај Алкапоне е дел од тоа минато. За Струга мора да се знае. Во овој град во текот на историјата се менувале најразлични господари кои секој на свој начин оставале дел од својата култура. Денеска малку е зачувано од тоа време. Во Струга сеуште има живи сведоци кои несебично се залагаат да го...

Continue reading

цесма

Денес, прекин на водоснабдувањето во центарот на Охрид

Post Views: 8 Од МЈП „Проаква“ информираат дека поради изведба на нова водоводна линија, денесво периодот од 08.30 до 13.30 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од булеварот „Туристичка“ и тоа од пресекот со ул.„ Јане Сандански“ до пресекот со ул.„ Даме Груев“. Новата водоводна линија  се изведува во рамки на градежните активности за изградба на кружниот тек на пресекот на „ Туристичка“ и „ Јане Сандански“.

Continue reading

Три лица загинаа во пожар во ковид одделение во Бугарија

Post Views: 4 Три лица загинаа во пожар во ковид-одделение во болница во Сливен, Бугарија. Сигналот за пожар на ковид-одделението бил примен во 02:39 часот. Целото одделение на болницата во градот Сливен горело. Во болницата се испратени две противпожарни екипи. За време на гаснењето на пожарот биле пронајдени две лица кои починале на самото место. Третиот пациент со амбулантно возило бил пренесен во Медицинскиот центар во Сливен со повеќе изгореници, а оттаму во специјализираната клиника за изгореници во Пловдив, но малку подоцна и тој починал.

Continue reading

До каде ќе оди спрегата политичари-медиуми?!

Post Views: 1 Турската амбасада во Македонија „на најсилен начин го осудува“ синоќешниот недоличен израз на главниот и одговорен уредник на Сител телевизија, Драган Павловиќ Латас, кон турскиот народ.Осудата уследи по синоќешното интервју со лидерот на опозицијата Зоран Заев, во кое уредникот на Сител му рече на претседателот на Социјалдемокрадскиот сојуз дека „лаже како Турчин“. Во наредниот Дневник, Латас им се извини на сите Турци, турската нација и на турската држава. И покрај извинувањето, од турската амбасада реагираат дека уредникот на Сител е далеку од состојбата да ја надомести...

Continue reading

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ЗА КУРБАН БАЈРАМ

Post Views: 0 Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан – Бајрам до сите охриѓани од исламска вероисповед и до Исламската верска заедница во државава со желби празникот да го минат во добро здравје и убаво расположение. – Примете ги моите искрени желби овој голем верски празник да го минете во добро здравје, среќа и благосостојба . Посакувам празнувањата да ви минат  во духот на  традицијата и обичаите делејќи радост со најблиските  и пријателите. Во духот на празнувањето да се потсетиме на вистинските вредности, разбирање,...

Continue reading

kucinja

И локалната и граѓаните решението на проблемот со кучињата скитници го гледаат во изградба на стационар

Post Views: 0 Три месеци не делат од стартот на туристичката сезона. И ова лето по се изгледа во македонскиот туристички бисер по парковите, плоштадите, улиците ќе шетаат глутници бездомни кучиња. Решението на овој горлив проблем со години наназад се гледа во изградбата на стационарот за кучиња кој барем досега е само пуста желба на граѓаните. Веќе извесен период, без скоро никакви средства, со повремени донации од странци како и дел општински средства, активистите од здружението Анималиа се борат за изнаоѓање на најадекватното решение за проблемот со кучиња скитници, но хумано решение...

Continue reading

bulevar

На Булевар Туристичка се поставуваат полиетиленски водоводни цевки

Post Views: 8 Се менуваат азбестните водоводни цевки со нови на  Булевар Туристичка од потегот на ЈП за Стопанисување со станбен и деловен  простор до пресекот со улицата Јане Сандански. Со тие активности ЈП Проаква со поддршка на ЛС ја реконструира  застарената водоводна мрежа, информира Љупчо Танески, портпарол на Одделението за комунални дејности и сообраќај. „ Станува збор за поставување нова водоводна инсталација и мрежа во должина од 300 м. Во првите 200 местри ќе биде поставена цевка со профил фи 110, а останатите 100 метри се редуцира на 63 фи замена на старите азбестни цевки...

Continue reading

Microsoft официјално се откажува од Internet Explorer

Post Views: 0 Во Windows 10 Microsoft и официјално ќе се откаже од Internet Explorer и ќе им понуди на корисниците алтернативен пребарувач кој најверојатно ќе се нарекува Spartan. Тој ќе биде потполно нов пребарувач способен да се натпреварува со модерните пребарувачи. По многу години Microsoft конечно одлучи да го згасне Internet Explorer засекогаш, а иако многумина веруваат дека се има негативна перцепција спрема овој пребарувач, во компанијата велат поинаку. Порачуваат дека вака не можело вечно и дека поправката на сите проблеми би можела да влијае на милиони интернет страници....

Continue reading

Украдени 30 пловидбени знаци

Post Views: 7 Украдени 30 пловидбени знаци. Станува збор за езерска сигнализација која Министерството за транспорт и врски ги постави минатата година  долж ревиерата на Охридското  Езеро. Капетанот на Капетанија на пристаништа Горан Устијаноски, обвинува дека жалосна е сликата кога се посегнува кон добрата кои се наменети за зголемување на безбедноста во водениот сообраќај. Тој кажа дека од ваквиот несовесен чин, капетанија претрпела штета од околу 2000 евра. „ Станува збор за една дрска кражба посебно на предмети кои придонесуваат за безбедноста. Се работи за пловидбени знаци кои...

Continue reading

Во тек е уписот за час за детски приказни по англиски јазик

Post Views: 0   Нов пристап кон англискиот јазик, час за детски приказни на англиски јазик. Волонтерите на Црвениот Крст, Охрид се подготвуваат за новиот пролетен циклус од оваа програма кој започнува на 28 февруари. Станува збор за програма која се реализира уште од 2009 година, како идеја на волонтерите на Црвениот крст Охрид и волонтерите на Мировниот Корпус од САД во Македонија. Како што истакна проф. Љубинка Трпеска, часовите се наменети за најмладите, односно за дечињата од 4-7 годишна возраст. Таа додаде дека оваа програма всушност не претставува класичен курс по англиски јазик,...

Continue reading

minister za nadvoresni

Македонија со серија предлози за Грција, во однос на спорот за името

Post Views: 66 Со предлози кои варираат од отворање на нов граничен премин со Грција во Маркова нога, па до подготвеност за средби на највисоко политичко ниво, Република Македонија покажува активност пред генералното собрание на ОН во Септември. Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски вели дека целта на нашата земја е да се создаде што е можно поповолна клима во однос на спорот со Грција околу уставното име на Македонија. Попоски смета дека нашиот јужен сосед треба сериозно да пристапи кон македонските иницијативи, доколку се искрени нивните намери...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top