Post Views: 0
Пештани доби нова градинка. Таа работи во склоп на ОУ „Св Наум Охридски“. Во овој објект ќе бидат згрижени 25 пештанчиња. Првиот човек на градот Никола Бакрачески, истакна дека продолжува нивната стратегија за доближување на условите за згрижување на деца во населените места и руралните средини, со што негата и одгледувањето на децата стана достапно за мештаните кои живеат надвор од централното градско подрачје.
Фитбекот од родителите кој што го имавме во изминатите две години покажа дека ова стратегија за отварање градинки во посебни просторни услови е ефикасна и...
Post Views: 2
Крај или почеток на расветлување на кривично правен настан. На денешниот судски претрес во врска убиството на Џемаил Исмаили кое се случи на 30. 08 минатата година беше сослушан еден од клучните сведоци Ади Крека, виш инспектор при СВР Охрид и Др. Владо Кочоски вешто лице. „Доказите се речиси исцрпени и се наѕира крај и на доказната постапка и на расветлување на целиот настан“, изјави Димитрија Цобоски бранителот на оштетениот Мефаил Исмаили. Тој додаде, дека исказите на сведоците, кои имале сознанија за случувањата кои претходеле на кривично правниот настан и сведочењата...
Post Views: 0
Локалната самоуправа прави стратегија за преземање мерки за санација на свлечиштето на Даљан, обелоденува градоначалникот Никола Бакрачески одговарајќи на новинарско прашање на ТелевизијА ТВМ. Бакрачески појасна на што се должи ваквата состојба.
„Во текот на изминатите два месеци кога имавме услови на невреме и кога беа поплавени поголеми подрачја на градот беа преземени мерки со кои што сакавме да ги отстраниме последиците од поплавите меѓу кои и проширување на речни корита а едно од нив беше и на реката Даљан каде што експертите кои се занимаваат со оваа област...
Post Views: 6
Во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, се одржа промоција на книгата „Манастирите во Дебарско – Кичевската Епархија“. На промоцијата претходеше света архиерејска Литургија, на која во присуство на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.
На Литургијата присуствуваа и Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид, како и Сашо Донев, претседател на Советот на Општина Охрид. По завршувањето на Литургијата, Епископот Партениј се обрати кон верниците...
Post Views: 0
На охридско – струшкото крабржје нема доволен број хотелски капацитети , вели Крсте Блажески првиот човек на Хотам. Во моментов на располагање за гостите се 6500 до 7000 легла додека една туристичка дестинација се смета за сериозна ако располага со најмалку 10.000 легла посочува Блажески.Тој напоменува дека хотелската индустрија располага и со застрарени објекти на кои им треба обновување. Појаснува дека во моментов 10 -тина нивни членки не можат да почнат со доградба на хотелите.
„ Владата излезе со предлог комуналиите да се намалат на 5 посто за дограба...
Post Views: 12
На 19.07.2021 година во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир со физички напад извршен на 18.07.2021 година во 20.30 часот од А.А. врз неговата сопруга, двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.07.2021 година во СВР Охрид, пријавен е помор на риби од рибник, лоциран кај месноста „Речица” на пат кон охридското село Куратица. Од извршениот увид, констатирано е дека поради прекин на електрична енергија во рибникот дошло до помор на 260 парчиња риба Охридска пастрмка.
На 19.07.2021 година во 16.30 часот на улицата „Стив...
Post Views: 2
Од МЈП „Проаква Водовод Охрид“ информираат дека денес, 16- ти февруари, поради изведба на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улицата „ Јане Сандански“ од семафорите кај охридската гимназија до кружниот тек кај Општата болница, како и на улиците „ Сирма Војвода“, „ Карпош Војвода“, „ Мирче Ацев“, „ Ванчо Питошески“, „ Галичица“, „ Никола Карев“, „ 8-ми Септември“ и „ Лазо Трпоски“.
Прекинот ќе биде во периодот од 08.30 до 15.00 часот.
Post Views: 1
Започнаа градежните активности за поставување на автобуски постојки низ градот. Се прават припремни зафати како што се копање на ровови и подлоги за поставување на современите постојки на кои ќе има клупи за седење и настрешница, информира Љупчо Танески, портпарол на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. „ Ќе бидат поставени 5 автобуски постојки в долж Булевар Туристичка на најфрекфентните места каде што досега беа поставени. Кај маркетот Тамаро од двете страни, една кај зградата Печијаре, една кај гимназијата и ОУ Григор Прличев. Уште една на пресекот...
Post Views: 0
Нервозата меѓу жителите на Бремен воочи натпреварот на нивниот клуб со второпласираниот состав од Бундес лигата внесе соопштението на германските безбедносни служби.
Тие најавија дека постои закана од исламисти пред натпреварот Вердер – Волфсбург, кој треба да се одигра денес во 17.30 часот, и како што пишува Bild, превземени се посебни превентивни мерки околу стадионот на Вердер.
Во градот од рано наутро се забележуваат зголемени полициски сили од вообичаеното, а засилени се и мерките на безбедност на јавните места.
Генералниот менаџер на Вердер, Thomas Eichin најави...
Post Views: 2
Земјите од Балканот разменуваат искуства и теоретски знаења за најдобрите методи за справување со глобалната закана тероризмот. Од вчера, па се до 19ти февруари повеќе од четириесетина учесници од десет различни земји ќе учествуваат на напредната школа за справување со заканата од тероризам во Југоисточна Европа.
„Ова се високи претставници од разни институции од земјите во регионот, ќе придонесат за зајакнување на личните врски, за соработката помеѓу земјите во регионот бидејќи размената на информации е мошне значајна. Како што знаете Европа во последниве неколку години,...
Post Views: 1
Средното општинско стручно училиште Св.„Кирил и Методиј“ час поскоро треба да се поднови. Од буџетот на Општина Охрид секоја година се издвојуваат средства за реновирање на основните и средните училишта, но на оваа образовна институција и е потребна поголема финансиска инјекција. Училиштето бидејќи години наназад работеше во рамките на гимназијата Св. „Климент Охридски“ малку беше подзаборавено. Уште пред четири години требаше да се реновира фискултурната сала, да се изградат нови соблекувални и кабинет по физичка култура, но досега сеуште ништо од тоа.
Во летниот период...
Post Views: 6
Агенцијата за електронска комуникација, заедно со трите мобилни оператори, Т-мобајл, ВИП и ОНЕ, денеска ќе го промовираат проектот за регистрација на при пејд корисници.
Агенцијата за електронски комуникации наложи од 15 октомври 2012 година секој кој ќе купи број – пост пејд да приложи лична карта и да биде иднетификуван во системот како имател на бројот.
Во АЕК велат дека со реализацијата на овој проект ќе се унапреди пазарот на електронски комуникации во државата и ќе се зголеми нивото на безбедност на корисниците. Со реализацијата на овој проект и Македонија ќе...