Земјите од Балканот на заедничка школа за справување со тероризмот во Охрид

Целта на истата според предавачите од Унивезитетот Норвич од САД е земјите да станат проактивни во борбата против тероризмот. На оваа школа учество земаат сите земји од Балканот, како и учесници од САД, Канада и Белгија. 

 |  Мишел Наумоски  | 
nato skola

Земјите од Балканот разменуваат искуства и теоретски знаења за најдобрите методи за справување со глобалната закана тероризмот. Од вчера, па се до 19ти февруари повеќе од четириесетина учесници од десет различни земји ќе учествуваат на напредната школа за справување со заканата од тероризам во Југоисточна Европа.

napredna skola terorizam„Ова се високи претставници од разни институции од земјите во регионот, ќе придонесат за зајакнување на личните врски, за соработката помеѓу земјите во регионот бидејќи размената на информации е мошне значајна. Како што знаете Европа во последниве неколку години, особено минатава година се соочи со неколку терористички напади што укажа на потребата за заедничка соработка.“-вели министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски.

Деканот на воената академија „Генерал Михајло Апостолски“, полковник Орце Поповски вели дека ова е веќе четврта по ред ваква школа која ја организираат заедно со Унивезитетот од Норвич-САД.

nato kurs„Нашиот регион со бегалската криза е на најчувствителната маршрута. Се потсетувам дека пред отприлика година дена ние го потпишавме меморандумот за соработка со Норвич универзитетот, ја интензивиравме таа соработка, како што истакна и министерот, во таа насока еве го добивме овој проект, работиме уште на неколку проекти заедно, а за нас ќе биде најголемо задоволство да во септември ги дочекаме нивните двајца питомци, односно студенди на едно-семестрален престој на нашата воена академија.“-рече полковник Поповски.

проф.д-р Тревис Морис, претставник од Унивезитетот од Норвич вели дека е вистинско задоволсто да се води овој тренинг курс во Македонија, но не само со нашата земја, туку и со сите останати учесници.

„Ние составивме одличен курс, школо, и навистина очекуваме одлична работа тука, мислам дека најважната работа овде е што овој курс е за да спречи и за да бидеме проактивни, а не ретроактивни во борбата со тероризмот, ова се две различни работи. Се надеваме дека тука ќе ги донесеме најдобрите знаења,пракси и истражувања, дека ќе разговараме за нив, но и да ги ставиме во контекст на Македонија и Југоисточна Европа.“-изјави проф.д-р Морис.

Шефот на бирото за економска соработка во рамки на канцеларијата на градоначалникот на Подгорица, Владимир Рајчиќ смета дека ваквиот тренинг курс треба да е поттик и за идни тесни соработки помеѓу земјите од Балканот.

terorizam jie„Овде доаѓаат млади луѓе од регионот, да ги разменуваат нивните знаења, знаења и искуство кое подоцна ќе ги имплементираат во своите земји. Што поквалитетно поврзување на сите држави од поранешна Југославија, потоа Албанија и новонастанатата држава Косово, е најдобриот пат за да се надминат сите предизвици кои не очекуваат. Што поцврста интеграција, што повеќе средби, и заеднички активности ќе дадат квалитетна подлога за што подобро да се бориме со сите закани кои не очекуваат во иднина.“-рече Рајчиќ.

Инаку оваа напредна школа за справување со тероризмот, меѓу другото ќе го опфати и прашањето на справување со бегалската криза од аспект на опасноста од тероризам, а истата ќе трае до 19ти февруари.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top