Post Views: 1
На кружните текови и на реконструираната улица Питу Гули нема исцртани велосипедски патеки, реагираат охридски велосипедисти. Тие се чувствуваат небезбедно како ученици во сообраќајот. Од општинскиот совет за безбедност во сообраќајот напоменуваат дека имаат проекти за зголемување на безбедноста на велосипедистите.
Општинскиот совет работел самостојно но и со помош на СВР и ЛС за да се подигне степенот за безбедност на учениците во сообраќајот. Работат на едукација на сите возачи, велсипедисти и моторциклисти на потсетување на сообраќајните правила за движење по...
Post Views: 12
Земјите во транзиција, се соочуваат со предизвиците на организираниот криминал. Македонија не е поштедена од тоа зло. Два дена во Струга македонски експерти и практичари споделија искуства со регионалните и меѓународните експерти од областа на организираниот криминал. Џими Ворен, постојан правен советник на програмата ОБДАТ при американската амбасада во Скопје, рече дека добро е претставниците од правосудството да ги слушнат насоките на нивните колеги од другите земји, како подобро да се води истрагата и да се дојде до обвинението во разните облици на организиран криминал.
Правниот...
Post Views: 2
Претставата „ Стари времиња“ утревечер, премиерно ќе се игра пред охридската публика. Под режисерското водство на Нела Витошевиќ играат актерите Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ и Ирена Ристиќ. Ветуваат драмско задоволство во траење од 55 минути.
„ Стари времиња беше одиграна минатата година на фестивалот Охридско лето. Се одигра и на фестивалот во Струмица. Ова е премиера во нашата матична куќа. Претставата е наградена со Европска награда за театарски сензибилитет “, кажа директорот на Народниот театар , Горан Стојаноски.
Покрај оваа престава од народниот...
Post Views: 2
Со ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот д-р Кирил Пецаков промените во Охрид се видливи. Започнаа многу подобри денови во раководењето со Охрид преку проекти што носат светлна иднина за сите охриѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид во реакцијата на вчерашната прес-конференција на СДСМ Охрид за 100 дена од новата локална власт.
Понатаму во нивната реакција се вели:
“Само за раководството на СДСМ за жал тие не се видливи, па држи смешни прес-конфереции за 100 дена. Наместо тоа очекувавме Науме Јованоски да си поднесе оставка, но за жал не смогна сили и покрај нивното криминално и...
Post Views: 0
Градежната механизација на охридските јавни претпријатија од денес се пред хотел Даљан. Во текот на денешниот ден треба да пристигне камен, кој што ќе се употреби во првата фаза за санација на насипот, со цел да се заштити тлото од понатамошно ерозирање на делот од патот до Извиднички Центар. Стручни лица и претставници на Локалната самоуправа денес беа на лице место кај свлечиштето, ја согледаа состојбата на терен, односно оштетувањата на патот, предизвикани од обилните врнежи, како што кажа секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
„Градоначалникот Бакрачески...
Post Views: 1
Ажурирањето се врши во самата апликација МојДДВ.
– Граѓаните на брз, лесен и едноставен начин може да ја сменат трансакциската сметка со тоа што треба да се најават во апликацијата МојДДВ и да го одберат прозорчето профил, кое ќе се отвори и во полето за трансакциска сметка ја впишуваат новата трансакциска сметка и го одбираат прозорчето зачувај. Заради зачувување на измените по извршеното ажурирање ја впишуваат и лозинката на апликацијата МојДДВ, информираат од УЈП.
Исплатата на парични средства како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки скенирани во тримесечјето...
Post Views: 1
Нема видливи повреди и траги на насилство врз безживотното тело пронајдено во кампот „Партизан“ во населбата „Воска“ во Охрид.
Ова беше констатирано од стана на докторите на охридската Брза помош, откако беше извршен увид и медицинскиот преглед врз телото кое денес беше пронајдено во кампот.
– Од извршениот увид, предводен од Јавен обвинител во содејство со полициски службеници на СВР Охрид, констатирано е дека се работи за 49-годишниот Есад М. од Охрид кој во СВР Охрид беше пријавен за исчезнат на седми овој месец. Според наводите во пријавата поднесени од неговиот...
Post Views: 1
Од УЈП ги информираат обврзниците на радиодифузна такса дека поради потребата од дополнителни проверки на базите на податоци за РДТ и координативни активности со ЈП МРТ, доставата на декемвриските и јануарските Решенија за радиодифузна такса ќе се врши во месец Февруари, односно е веќе отпочната.
Плаќањето на Радиодифузната такса за овие две Решенија (Декември и Јануари), граѓаните и фирмите потребно е да го извршат во најкраток можен рок од приемот на решенијата.
Post Views: 1
IKEA не траба посебно да се претставува, а компанијата размислува вон рамките на модерниот мебел за што зборува новата иновација која овозможува полнење на телефоните по бежичен пат.
Имено, компанијата низ проектот Home Smart, со кој се развиваат иновативни решенија кои придонесуваат подобар живот во домовите, во својот мебел вградила технологија за бежично полнење на мобилните телефони и таблети. За да остане сѐ во стилот на IKEA, оваа технологија е скоро невидлива, а каблите стануваат минато.
“Направивме паметна бежична технологија која ги елиминира каблите. Благодарение...
Post Views: 0
Охридската локална самоуправа ќе реконструира помали улички и потпорни ѕидови во Стариот дел на градот. За таа намена од буџетот се издвоени околу 100.000 евра. Распишан е тендер за избор на најповолен изведувач. Со проектот ќе се санираат голем број помали потпорни ѕидови.
„ Во рамките на јавните набавки и градежните зафати ќе се санира потпрониот ѕид кај црквата Панданос кој се одрона минатата година во Варош, како и помали и поголеми ѕидови кај Месокастро , и ѕидините на најпосетуваната црква Св . Јован Канео“, вели Танески.
Најповолниот изведувач ќе треба...
Post Views: 4
Заврши конкурсот кој го распиша Министерството за Транспорт и врски за идејно решение за изградба на градска марина во Охрид. Од министерството информираат дека пристигнати се седум идејни решенија од архитекти и проектантски куќи од повеќе градови во Македонија. Во огласот, Министерството бараше идејни решенија за две можни опции односно изградба на потполно нова марина во близина на каналот Студенчишта, или пак надградба на градското пристаниште со потребните елементи како истото би прераснало во марина. Посебна жири комисија составена од преставници од министерството...
Post Views: 3
Посредникот на ОН во разговорите за името амбасадорот Метју Нимиц денеска и утре во Њујорк ќе одржи нова рунда разговори со претставниците на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Службата за информирање на Обединетите нации соопшти дека посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција најнапред ќе води одделни разговори со Јолевски и со Василакис, а потоа ќе биде одржана и заедничка средба.
Најавеното продолжување на разговорите во Њујорк следи неполн месец по посетата на Нимиц на Македонија и на Грција. Тој за време на посетата истакна...