Насоки за справување со организираниот криминал

Во Струга, деновиве се изврши размена на искуства помеѓу регионалните, меѓународните и македоснките експерти. Тема на дискусија беше организираниот криминал и давање на насоки како подобро да се остварува истрагата и изготви обвинението.

 |  Билјана Николоска  | 
kriminal
криминал

kriminalЗемјите во транзиција, се соочуваат со предизвиците на организираниот криминал. Македонија не е поштедена од тоа зло. Два дена во Струга македонски експерти и практичари споделија искуства со регионалните и меѓународните експерти од областа на организираниот криминал. Џими Ворен, постојан правен советник на програмата ОБДАТ при американската амбасада во Скопје, рече дека добро е претставниците од правосудството да ги слушнат насоките на нивните колеги од другите земји, како подобро да се води истрагата и да се дојде до обвинението во разните облици на организиран криминал.

Правниот советник од американската амбасада не сакаше да коментира околу нивните сознанија за тоа каква е состојбата со организираниот криминал во нашата земја. Ворен, за ова прашање не упати до Министерството за правда. Но генерално гледано, според неа, земјите на транзиција и развој секогаш се соочуваат со извесни предизвици од областа на борбата против организираниот криминал. Таа додаде дека овој проблем постои и во далеку поразвиените земји. Ворен, рече дека важно е сите професионалци кои работат во областа на спроведување на закон и спроведување на прогонот, да работат тимски, бидејќи ова зло му пречи на општеството и е насочено директно кон граѓаните и нивната благосотојба. Програмата ОБДАТ се спроведува со партнерска организациаја не само од американската амбасада, туку и од Британската, како и од Академијата за судии и обвинители и здруженијата на млади правници од земјава.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top