Почина Коле Петкуќески

Post Views: 6 Денес ненадејно почина нашиот сограѓанин Кољчо Петкуќески. Петкуќески беше еден од основачите и главен организатор на детскиот фестивал Распено Рибарче, организатор на голем број концерти во Охрид и Македонија, ценет од цела македонска естрада. Коле Петкуќески, долги години беше раководител и на Школата за модерни танци. Организирал повеќе стотици културно-забавни настани, а освен школата за танци, го организираше традиционалното детско музичко фестивалче – „Распеано Рибарче“. Првото „Распеано рибарче“ беше организирано во 1998 година. Благодарение на ентузијазмот и...

Continue reading

pateka

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот бара најповолно решение за велосипедското поврзување помеѓу Охрид и Струга

Post Views: 1 Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во интензивна соработка со повеќе институции околу реализирањето на идејата за велосипедско поврзување на Охрид и Струга. Дека постои вистинска подготвеност да се реализира овој проект говори и фактот што оваа идеја односно проект е веќе дел и од програмата на Републичкиот совет за безбедност. Замислата е ова велосипедско поврзување помеѓу двата соседни града е да се направи по стариот пат Охрид-Струга. „Идејата е да се направи една коловозна лента, да се издвои, физички да се издвои, со соодветна сообраќајна сигнализација,...

Continue reading

Izgubeni germanci

„Изгубени германци“ вечер во МНТ

Post Views: 7 Театарската претстава „Изгубени Германци“ работена по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Слободан Унковски, премиерно вечeр во МНТ. Ова е трета претстава на тандемот Дуковски- Унковски кои досега ги реализираа и претставите „Буре барут“ и „Другата страна“.Со оваа претстава, воедно, режисерот Унковски се враќа, по осумгодишна пауза на сцената на МНТ, по поставувањето на последната претстава „Црнила“ во 2005 година. Во неа улогите ќе ги толкуваат актерите: Камка Тоциновски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Ѕвезда Ангеловска, Јовица Михајловски, Јордан Симеонов,...

Continue reading

Убавицата и ѕверот

Post Views: 0 Со преставата Убавицата и ѕверот охридскиот народен театар ја започнува театарската сезона на детски престави. Оваа премиера ќе биде изведена од петмина актери кои со својата сензитивна игра имаат намера да ја привлечат не само помладата публика туку и повозрасните. Тоа всушност е една љубовна драма во која може дa се видат вистинските вредности  на човештвото  преку одредени ликови кои играат во преставата. Тоа е една драматургија убаво извезена, вели директорот на охридскиот народен театар, Горан Стојаноски. Јас успеав да видам неколку од пробите  и сватив дека се...

Continue reading

proekt

Меѓурелигискиот дијалог предизвик или визија?

Post Views: 3 Младите се зафатија за работа и седнаа на маса на меѓурелигиска комуникација. Од денес па во наредните 7 дена во Хотел „Дрим“, 30 учесници од 29 земји од Европа и надвор од неа ќе бидат на обука во Струга. Тема на обуката е да се овозможи простор за споделување и создавање на нови концепти на меѓурелигискиот дијалог адресиран на младински работници кои што работат во различни културни и религиски опкружувања. Претставникот од центарот за меѓурелигиски дијалог Линдита Реџепи од Куманово, рече дека време е да се види дали младите можат да се соберат и да разговараат на...

Continue reading

apel

Заедно за спас на малечкиот Кирил

Post Views: 5 Да му помогнеме на малиот Кирил кој само што зачекори во животот мора да се бори со тешка болест. Ова единаесетмесечно бебе чиј татко Горан потекнува од Охрид боледува од многу редок тип на малигден тумор на левата хемисфера од големиот мозок. Неговото лекување чини помеѓу 70 и 90 илјади евра во зависност од ефективноста и начинот на лечењето. Средствата се итно потребни бидејќи лекувањето на малечкиот Кирил мора да започне наредната недела во Израел, а семејството Митрески кои моментално се наоѓаат во Киев, не можат сами да ги обезбедат овие средства. Горан и Марија...

Continue reading

Отчетно собрание на охридските пензионери

Post Views: 0   Здружението на пензионерите на општините Охрид и Дебрца, бележи успешна година. Тоа го покажува оценката од материјалното и финансиското работење, кое го изработило стручна служба како што информираше  претседателот на Собранието д-р Димитар Спасески. Денес пензионерите ја одржаа третата седница на која беше презентиран извештајот за нивната работа во 2015 год. „Здружението работело домаќински, рационално. Секако дека и плановите кои се носат за овој период 2016 – 2019  год ќе бидат успешни спрема предвидувањата од овие дејности. Секако здружението на пензионери има...

Continue reading

Кирил Родин, виолончело, Русија и Жени Захариева, пијано, Бугарија

Post Views: 1 Вечерва на програмата на фестивалот Охридско лето, за љубителите на класичната музика, концерт на виолочнчело и пијано. Во 21 часот во Црква Св.Софија, ќе настапат Кирил Родин и Жени Захариева. Кирил Родин-виолончело Кирил Родин е роден во Москва.Учи во музичката школа „Гнесин“ по што следат студиите на Московскиот конзерваториум во класата на Наталија Шаховскаја. Во 1984 и 1986 година е добитник на први награди и златни медали на натпреварите на Музичка младина во Белград и на VIII Интернационален натпревар „П. И. Чајковски“. Неговата кариера како солист ја гради со...

Continue reading

Реконструиран плоштадот во туристичката населба Љубаништа

Post Views: 3 Мини плоштадот во туристичкиот бисер Љубаништа реконструиран и разубавен. Уреден просторот околу спомен обележјето на паднатите борци, санирани оштетувањата на самиот споменик, реконструиран стариот потпорен ѕид, а целиот плоштад доби и соодветно хортикултурно уредување. Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески вели дека со ова продолжува нивната востановена пракса за рамномерен развој на сите населени места во Охрид. „На некој начин излеговме во пресрет на мештаните на на ова место да го уредиме овој мини плоштад, собиралиште на граѓаните од Љубаништа кое...

Continue reading

Голем интерес на охриѓани за проектот „Купи куќа за млади“

Post Views: 2 Охриѓани со голем интерес околу условите кои се нудат со владиниот проект „Купи куќа за млади“. Тие лично од претставниците на министерството за финансии слушнаа што се е потребно и какви им се можностите да дојдат до решавање на едно од најважните животни прашања, станбеното прашање. На младите охриѓани им стојат на располагање два модели за решавање на станбеното прашање,  субвенционирање на меечата рата и субвенционирање на учество. Според пресметките младите можат да добијат до 33 000 евра неповратни средства. „Има поволни услови, само да видиме како ќе е со рати,...

Continue reading

Закон за пакување на цигари во неозначени кутии

Post Views: 13 Ирскиот парламент вчера стана втор парламент во светот кој го донесе законот со кој цигарите мораат да се пакуваат во неозначени кутии, и покрај заканите од тужби од тутунските компании кои се противат на ваков закон. Компаниите Japan Tobacco International и Imperial Tobacco Group се заканиле со тужби против законот со кој се воведува забрана за истакнување логоа на кутиите, но сепак владата на Ирска се одлучила за ваков потез. Австралија сличен закон донесе во 2012 година со цел намалување на пушењето и е соочена со пријава на Светската трговска организација со образложение...

Continue reading

Злоупотребени слики од фејсбук на охриѓани

Post Views: 1   Пет охридски семејства – жртви на компјутерски криминалитет. Станува збор за злоупотреба на лични податоци. Пред два дена, на каналот Youtube осамна видео со порнографска содржина каде биле вметнати слики од деца и возрасни. Сликите, засега непознатиот сторител, ги симнал од профилите на оштетените на социјалната мрежа фејсбук. Засегнатите родители велат дека претрпеле голем шок и дека се соочиле со многу непријатни моменти. Посебно реагираат за злоупотребата на децата, од кои најмалото е бебе на 9 месечна возраст. Поголемите деца овие два дена одбивале да одат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top