Post Views: 2
Програмата за управување со отпад на општина Охрид за 2016та година се чини беше точката која побуди најсериозен интерес и најопширна дискусија помеѓу градските советници на денешната 51 седница на Советот на општина Охрид. Немањето на регионална депонија што за жал постои веќе како децениски проблем на општината, како и дискусијата околу тоа дали на депонијата во Мауцкер сеуште се одлага отпад и дали е тоа само градежен или таму се одлага и комунален отпад беа само дел од темите кои ги покрена токму оваа предлог одлука која не доби зелено светло од градскиот совет....
Post Views: 8
Започнаа работите на терен за изградба на затворениот базен. На површина од 15 000 метри квадратни се копа за да се постават основите за затворениот пливачки базен со димензии од 33 на 22 метри. На тој простор предвидено е да се направат и трибини со над 500 седишта. Се чини дека се поизвесно е дека по долги години искчекување Охрид и охриѓани ќе добијат затворен базен во чии рамки ќе има и деловен простор.
Имам информација дека работите се интензивираат и дека се оди по зацртаниот план. Ако се работи со оваа динамика, за три години, како што ветија од Агенцијата за...
Post Views: 5
Парламентарното Собрание на Советот на Европа во резолуцијата за Бугарија го избриша од текстот македонското малцинство што е во спротивност со своите досегашни залагања на ПССЕ.
Како што јавува Дојче веле, исфрлањето на македонското малцинство од текстот на резолуцијата е резултат на преговори и компромиси меѓу членовите на ПССЕ, кои се до последен момент немаа одлучено дали ќе продолжи или не следењето на Бугарија.
Бугарскиот парламентарец Лачезар Тошев кој го бранеше амандманот пред ПССЕ, смета дека отстранувањето на македонското малцинство и на помаците од текстот...
Post Views: 6
Катерина Мирческа, Бисера Николоска и Бојан Стојаноски беа дел од охридските гимназијалци кои денес трчаа крос во рамките на Светскиот ден на ретки болести. Средношколците дадоа свој придонес во кампањата за покренување на јавната свест за постоење во нашето секојдневие лица кои боледуваат од ретки болести.
„Прва година сум и присуствував на овој ден да ги поддржам оние кои имаат ретки болести, вели Катерина. Бисера додава дека ги поддржува децата кои имаат ретки боелсти иако приватно не познава такви личности, но би сакала да запознае. Бојан пак, за разлика од Бисера,...
Post Views: 2
Разврска на убиството на Џемаил Исмаили. Конечно денес во Основниот суд во Струга падна пресуда за сторителот на ова убиство. Џемаил Асани е сторител на кривично дело убиство. Судскиот совет предводен од судијата Живко Аврамоски, Асани го прогласи за виновен и го осуди на затворска казна од 15 години. Димитрија Цобоски, бранителот на оштетениот Мефаил Исмаили, рече дека изречената казна е максимумот што може да се извлече од една ваква правна квалификација за обвинетиот, но според него прашање е дали е погрешна правната квалификација со која настапил застапникот на...
Post Views: 2
На уличниот хуманитарен концерт на охридските музичари, за помош на малиот Кирил Митрески, во собирните каси на Црвен крст Охрид, за неполни 2 часа беа собрани 65 184 денари.
Прекрасните музички изведби на Јован Куциноски, Богдан Василески, групата „Билјана Јуниор“, басистот Јане Тодороски, гитаристот Јован Бочвароски и други членови на охридски музички бендови, привлекоа многу посетители кои ја покажаа својата хуманост донирајќи за лечењето на малиот Кирил. Изразувајќи благодарност до оние кои денес беа хумани, ги покануваме нашите сограѓани да учествуваат во хуманитарните...
Post Views: 0
68 ученици од предвидените 69 ученици од средното училише „Зеф Љуш Марку“ во Скопје се негативни на Ковид-19, покажаа резултатите од скринингот кој денеска се спроведе во тоа училиште. Скрининг денеска се спроведе и во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.
Денеска во средното училише „Зеф Љуш Марку“ почна скринингот за Ковид-19 каде беа опфатени 68 ученици од предвидените 69 ученици. Имавме потпишана согласност од родителите и со тоа бевме во можност и дадовме согласност да се тестираат нашите ученици. Иницијативата за скринингот за Ковид-19 е добра и за нас...
Post Views: 1
Можност за привлекување на уште поголем број на туристи од Србија, но и конекција со остатокот од светот доколку се оствари авио линијата Охрид-Белград. Ова се предвидувањата и очекувањата кои ги има локалната самоуправа по одржаната средба на делегација од општина Охрид предводена од градоначалникот Бакрачески и амбасадорката на Република Македонија во Србија, Вера Јовановска-Типко со генералниот директор на „Етихад“ групацијата односно „Ер Србија“, Дане Кондиќ. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, кој потенцира дека оваа средба дошла на иницијатива на „Етихад“...
Post Views: 0
Општина Охрид има потреба од вработување работник на неопределено време на работна позиција телефонист.
Кандидатите кои сакаат да се пријават на огласат може да ги погледнат условите кои треба да ги исполнуваат на следниот линк:
Post Views: 1
Охрид покажа дека има големо срце, за ретките болести. Во тек е интернационалната кампања „Прегрни ја реткоста! Прегрни за Гинис!”, која ја организира Националната алијанса за ретки болести на Македонија. Претседателката на Алијансата Весна Алексоска, нагласи дека во сите градови во земјава се обидуваат да најдат организации или волонтери кои сакаат нешто да направат и да помогнат, што повеќе луѓе да се приклучат кон ваквите акции како и тоа што повеќе луѓе да ја покажат својата хуманост, топлина и емпатија за луѓето со ретки болести преку прегратка.
„Мислам...
Post Views: 1
Покрената иницијатива за именување на некоја од главните охридски улици со името на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков како и поставување на негово спомен обележје. Ова само како предвесник на денешното чествување на 108 годишнината од неговата херојска смрт за вечните македонски идеали. Претседателот на комисијата за одбележување на празници и манифестации, Дејан Паноски вели дека во реализацијата на оваа иницијатива ќе бидат вклучени историчарите, како и семејството на Бошњаков како би се донела најправилната одлука.
„Во иницијативата е напоменато една од главните...
Post Views: 7
Основачот на Facebook, Mark Zuckerberg, оваа недела ја посети Барселона и саемот на мобилна индустрија Mobile World Congress, а причината не била телефонот на Facebook (за кој многу се зборува), туку само учествувал на конференцијата на која одговарал на прашања од новинари. Веројатно најинтересното прашање било поврзано за вработување на нови луѓе во Facebook па така еден од новинарите прашал кои карактеристики ги бара од кандидатите за работа, односно каков кандидат тој би вработил. Mark му дал едноставен и многу интересен одговор. Имено, тој вели дека ќе ги вработи...