Post Views: 0
Со весела песна и игра над 500 охриѓанчиња го поздравија доаѓањето на пролетта. На првиот пролетен ден децата од градинката Јасна Ристеска облечени во пригодни маски.
На градскиот плоштад се чуствуваше радоста и раздвиженоста која доаѓа со пролетта. Програмата ја следеа голем број родители, баби и дедовци, братчиња и сестричиња, кои уживаа како нивните најмили танцуваат и пеат, прикажувајќи што научиле од своите наставнички во градинките каде што престојуваат. На манифестацијата учествуваа дечиња на возраст од 4 до 6 години, истакна Роза Костоска директор на...
Post Views: 0
Локалната со проекти за тампонирање на земјоделски патишта во Лескоец, Горно и Долно Лакочереј. Овие земјоделски патишта ќе се тампонираат во рамките на проектите кои ги финансира Бирото за рамномерен регионален развој. На последната седница на советот на општина Охрид беше изгласан предлог проектот за уредување и санација на патиштата за пристап до земјоделско земјиште, шумски и водостопански површини што според секретарот на општината, Димитар Спасески претставува појдовна основа за изработка на проект во кој ќе биде утврдена и потребниот износ на средства за негова...
Post Views: 1
Британската канцеларија за истрага за измами ги повика трговците на британската банка Barclays и германскиот џин Deutsche Bank на разговори во врска со истрагата со која треба да се утврди дали имало манипулации со референтната каматна стапка euribor, извести Financial Times, повикувајќи се на извори поврзани со истрагата.
Британскиот регулатор истражува дали трговците манипулирале со меѓубанкарската референтна каматна стапка еuribor за отстварување на лична корист, а ги истражуваат и трговците на некои други банки, објави угледниот лондонски финансиски дневник, повикувајќи...
Post Views: 6
Православните христијани денес го слават големиот празник посветен на светиот великомаченик Теодор Тирон меѓу народот познат како „Тодорова сабота“. Првата сабота од великиот пост во очи столбот на православието, Велигден, денот на христовото воскресение е посветена токму на маченикот Теодор односно чудото кое Бог одлучил преку него да го направи. Отец Димче Азески, од црквата Св.Богородица Каменско, раскажа за историските околности кои вели дека го потврдуваат настанот кој денес се празнува. Имено царот Јулијан Отстапникот сакајќи да ги спречи верниците да се причестат,...
Post Views: 5
На Охрид повеќе од потребна му е пристојна велосипедска инфраструктура. Во градов постои велосипедски патеки, но за жал факт е истите се оштетени и не се одржуваат. За тоа каде лежи проблемот околу изградба на модерна и соодветна велосипедска инфраструктура открива Професор д-р Никола Крстаноски од Техничкиот факултет во Битола.
„Еден од корените на проблемот е начинот на изработката на Генералните урбанистички планови. Според сегашниот закон за урбанистичко планирање кога се работаат Генералните урбанистички планови единствено нешто што се бара од изработка ов делот...
Post Views: 27
Фондот за здравствено осигурување повика повторно да се регистрираат невработените лица и лицата кои лани добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот за себе и за своето семејство.
– Со цел да се обезбеди континуитет во здравственото осигурување за овие лица почнувајќи од 1 февруари 2013 заклучно со 31 март 2013 година, ги повикуваме сите лица кои согласно законот ги исполнуваат условите, да дојдат да се регистрираат. Оваа обврска се однесува и за сите оние кои се регистрираа во 2012 година, да се пререгистрираат во соодветната подрачна служба на Фондот...
Post Views: 0
Сместувачките капацитети во градов со исклучително високи оценки на најголемиот интернет сервис за онлајн закажување booking.com.
Бројни се капацитетите од секаков обем и со различен број на ѕвезди кои се закитиле со високи оценки кои претежно варираат од 8,5 до 9,7 што според стандардите на booking.com е навистина висока оценка. Овие оценки и критики кои ги добиле нашите сместувачки капацитети се дело на гостите кои таму престојувале, а кои покрај бројчаната оценка даваат и своја текстуална критика за она што најмногу им се допаднало или најмногу им пречело додека биле...
Post Views: 0
Oваа декларација беше усвоена на на неодамнешната Регионалната министерска конференција за интегрирано управување со речни сливови, од страна на петте држави низ кои се протега Басенот, односно, Македонија,Албанија, Косово,Црна Гора и Грција. Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за води вели дека станува збор за силна политичка подршка кон процес кој со години се води, процес кој ќе претставува олеснителна околност при добивањето на главниот проект преку Глобалниот еколошки фонд.
Сега сите овие пет држави застануваат зад управувањето со еден басен, во еден многу...
Post Views: 3
Фитнет Ф. (58) од селото Баланци, општина Центар Жупа, им подлегна на повредите со кои се здоби откако вчера беше нападната од глутница кучиња скитници.
Таа се здобила со тешки телесни повреди откако вчера претпладне во 10 часот и 30 минути била нападната и искасана на повеќе места по телото. Настанот се случил во селото Баланци, општина Центар Жупа на околу 150 метри оддалеченост од куќата каде, сега починатата живеела.
По нападот од поголем број кучиња скитници, Фитнет Ф. итно е префрлена во медицинскиот центар во Дебар каде бил присутен и Јавен Обвинител. Тука, докторите...
Post Views: 0
Министерството за здравство соопшти дека заклучно со 20 октомври против Ковид-19 вакцинирани се вкупно 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани, соопшти министерството за здравство.
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286 се ревакцинирани, а 1.068 граѓани примиле трета доза вакцина.
Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина.
Пред неколку...
Post Views: 10
СДСМ и нивните коалициски партнери темата образование неосновано ја експлоатираат за добивање на политички поени. Јавноста тоа ќе го препознае затоа што градоначаникот и оваа локална самоуправа постојано инвестира во образованието, истакна Димитар Спасески секретарот на општина Охрид реагирајќи на денешениот прес на СДСМ. Тој порача дека седниците на совет се место каде што се посочуваат и решаваат проблемите, а не на прес конференции што значи бегање од состојбите. Секретарот при тоа напомена дека училиштето во Трпејца не е во лоша состојба како што ја прикажуваат....
Post Views: 5
Заврши интеграцијата на Охридска банка кон групацијата Шпаркасе банка. Глигор Бишев, претседателот на Управниот одбор на „Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје“, по спојувањето со Охридска банка кон групацијата Шпаркасе напоменува дека како банка подеднакво ќе ги третираат сите клиенти, градови и населени места, но Охрид има посебно значење бидејќи од тука се почетоците на Шпаркасе.
Бишев кажа дека нема да има отпуштање од работа на вработените.
–За голем дел од вработените од Шпаркасе банка, по спојувањето со Охридска, од деловен аспект нема ништо да се промени....