Post Views: 0
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.Р. (59) од струшкото село Шум.
На 20-ти овој месец околу пладне, пријавениот се упатил во домот на албанската државјанка Б.Ц. (54) со намера да побара враќање на паричниот заем од нејзиниот син Џ.Ц. Пријавениот започнал да sвони и удира по вратата од станот по што, со Б.Ц. која има привремено живеалиште во Струга, започнал вербална расправија околу паричниот долг.
Во момент кога од станот излегол...
Post Views: 0
Заврши реконструкцијата на локалниот пат кој од Охрид води до Велестово. Истиот, денес беше свечено пуштен во употреба, откако беше завршена и втората фаза од неговата целосна реконструкција, која започна уште минатата година. Тогаш, во првата фаза се асфалтираше дел од патот од бензиската пумпа кај Билјанини извори до управната зграда на НП „Галичица“ како и еден дел на самиот влез во селото во должина од околу 900 метри. Тој зафат беше финансиран со средства од 6 и пол милиони денари обезбедени преку Агенцијата за патишта на Република Македонија.
„Сега општина Охрид...
Post Views: 1
Дупката во законот за легално користење на поедини дроги во Ирска се створила кога Ирскиот уставен суд во вторникот го прогласи законот за злоупотреби на дрога од 1977 година за неуставен, бидејќи домовите од ирскиот парламент не се договориле околу новите дополнувања на законот, што значи дека дрогите кои законот од 1977 година ги забранил, сега се легални, јавува BBC.
Ирскиот министер за здравство се обидува да ја спаси оваа ситуација барајќи итно да се изгласаат доплнувањата на законот за повторно истиот да стапи на сила.
“Сега е важно за јавното здравство и право...
Post Views: 0
Улицата „Кирил и Методиј“ ќе се подновува. Започнаа градежните работи околу нејзината реконструкција. Ова е дел од годишната програма на општината за санација на улици и потпорни ѕидови во УЗ Стар град, а пред два месеци општината распиша и тендер за изнаоѓање најдобар изведувач. На тендерот најповолна понуда имаше АД „Илинден“ од Струга, со кого е потпишан договор за извршување на градежните работи.
Согласно планираното АД „Илинден“ треба да изврши санација по цела должина на овој крак, од чинарот, па до Горна Порта. Вредноста на проектот е 2милиона и 400 000 ден.,...
Post Views: 12
Дваесет и пет анкетари во Охрид и Дебрца ќе прават теренска проверка на спорните податоци од Избирачкиот список со овластувања од ДИК. Покрај нив ДИК издала овластување на исто толку набљудувачи од поголемите политички партии, информира Марга Димоска ракаводител на подрачното одделение за започната постапка за спроведување на ажурирање на податоците од избирачкиот список. Имињата на лицата кои ќе се вклуени во анкетирањето се доставени од ДИК, сите прифатија и покажаа подготовеност за работата, напомена Димоска.
„ Анкетарите се сите учесници во претходни активности...
Post Views: 7
Од средината на месецот април веќе нема да ни бидат потребни хартиени упати за кај специјалист.
Прегледите и интервенциите од средината на април ќе се закажуваат преку интегрален компјутерски систем, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.Електронското закажување на прегледи ќе се спроведува од примарното до терцијарното ниво на здравствена заштита.
Доколку пациентот треба да оди кај специјалист, откако веќе ќе отиде кај својот матичен лекар, матичниот ќе го закаже прегледот и ќе пополни електронски упат преку системот, а на пациентот ќе му остане само да отиде...
Post Views: 1
Католиците утре го слават најголемиот христијански празник Велигден. Според календарот на католичката црква денес е Велика Сабота, ден пред Христовото воскресение. Отец Оливер од охридската католичка црква истакна дека денес е крајот на 40 дневниот велигденски период, кој се состоел од пост и молитва се со цел дочек и прослава на Воскресението Христово.
„Овој период имавме т. н вазмено тридневие кое се состоеше од Велики четврток, петок и денес го крунисуваме ова тродневие со воскресната света литургија која што ќе биде врвот на целиот тој период кој што имаше за...
Post Views: 1
Успешна реализација на регионални проекти. Во присуство на министерот за Локална самоуправа Муса Џафери и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, во Струга се одржа завршната манифестација за два успешно реализирани проекти. Станува збор за „Студија за решавањ на проблемот со отпадни води“ и „ Промоција на земјоделски и млечни продукти“. Министерот Џафери најпрво искажа голема благодарност што бил удостоен да учествува на еден вака голем повод. Тој рече, дека основната цел на регионалниот развој на планските региони е да се подигне нивото...
Post Views: 4
Активностите за заштеда на енергија зависат од нас. Продолжува платформата „Со примена на енергетската ефикасност во домовите до намалени трошоци и квалитетен живот. Охрид домаќин на работилницата за медиумите, чија цел е поголема едукација на јавноста за потенцијалите од примена на енергетската ефикасност. Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер, рече дека темата за енергетска ефикасност е многу важна и секогаш од неа може да се научи нешто ново. Тој посебно ја истакна улогата на кампањата од едукативниот серијал Енергетска математика, преку...
Post Views: 0
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 % во однос на Одлуката од 20.12.2021 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денари/литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,504 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,360...
Post Views: 1
Најмладите во чест на Прличев. Денес во просториите на Култура 365 се рецитираше „Сердарот“ антологиската поема на нашиот ловороносец Прличев, како и литературните творби кои беа наградени на конкурсот „Охрид, Прличев и јас.“ Младите охриѓани од охридските основни училишта го дадоа најсветлиот придонес во достојното одбележување на годишнината од доделувањето на ловоровиот венец на Прличев. Еден од членовите на жири комисијата која ги оценуваше творбите, нашиот охридски автор, Смиле Наумоски вели дека навистина имале тешка задача.
„Го бараме естетското, во литературата...
Post Views: 1
Затварањето на патниот правец е заради потребата од реконструкција, а истовремено и обезбедување на сигурност и безбедност при вршењето на градежните активности кои ќе следат во гореспоменатиот правец, а ќе бидат изведувани од страна на А.Д. Илинден – Струга.
Поради бројните реакции кои пристигнаа до Јавната установа Национален парк Галичица, а и заради обезбедување на непречен транзит низ Националниот парк, секако во согласност со безбедносните мерки кои треба да се преземат при вакви активности, беше извршена комуникација со изведувачите на работите следствено на што...