Фасадата на општината ќе треба да се молерисува по синоќешниот протест на #Протестирам

Post Views: 0 Екипи на територијалната противпожарна единица од Охрид, синоќа со дополнителна работа. Неколку пожарникари со помош на вода ја миеја општинската зграда од остатоците од фрлени јајца по завршувањето на вчерашниот протест на неформалната група #протестирам. На лице место, синоќа и секретарот на општината Димитар Спасески под чие будно око, пожарникарите ја чистеа општинската фасада. На синоќешниот протест на неформалната група #протестирам кои по втор пат од Охрид побараа оставка од претседателот на републиката, Ѓорѓе Иванов, настрада општинската зграда односно зградата...

Continue reading

Пецаков : Охрид да биде град во кој младите ќе ја гледаат иднината

Post Views: 8 „Стојам пред вас со гордо исправена глава, искрено и чесно и ви ветувам за Охрид и охриѓани доаѓаат подобри времиња.“ Со овие зборови го започна своето обраќање на синоќешната трибина, кандидатот за градоначалник на град Охрид од ВМРО – ДПМНЕ Кирил Пецаков.  Во овие 4 години владеење на СДСМ и Заев, видовме само национален срам и понижување, особено во последната година по предвремените парламентарни избори, видовме дека не постојат буквално никакви граници и уште пострашно никакви национални чувства.  Токму ова последново е мојата ѕвезда водилка околу кандидатурата...

Continue reading

Одбележан патронатот на ОУ „Христо Узунов“ на тема „Синџир алки од стихови ковани“

Post Views: 0 Со отварање на ликовната изложба на дела од основците од „Христо Узунов“, започна Свечената Академија по повод патронот на ова училиште. Директорот Тони Симоноски, рече дека се гордее со успесите на своите ученици и нивните ментори, посебно што се потрудиле се да подготват во една беспрекорна организација со културно уметнички точки посветени на една од најмаркантните личности во Охрид и околината, Христо Узунов. Тој ја нагласи и добрата соработка со збратимените училишта од Србија кои беа дел од свечениот амбиент. „Имавме тркалезна маса и разменивме доста мислења околу...

Continue reading

Еко цртежи и садење садници за одбележување на Денот на планетата Земја

Post Views: 8 Дружба на генерациите, од најмали волонтери од бреинобреин програмата, како и детскиот час за приказни на англиски јазик, како и повозрасните волонтери кои ја следат програмата за стари лица денес ги обединија силите како достојно би го одбележале Денот на планетата земја. Еве што тие ни подготвија. “Сите тие се здружија за денеска заедно да посадиме садници кои што ќе го красат овој дел, кои ќе бидат и обележје и некој линк кој ќе ги поврзува овие две генерации, дечињата во рамки на доаѓањето во Црвениот крст и следењето на оваа програма, ќе ги залеваат со вода,...

Continue reading

Симоноски: 39 години гордо го носиме името на големиот револуционер Христо Узунов

Post Views: 6   39 години гордо го носиме името на големиот револуционер Христо Узунов, истакна директорот на истоименото училиште Тони Симоноски. И денес продолжуваат бројните активнсти по повод чествувањето на патрониот празник. Годинава отпочнуваме со една значајна традиција, односно делегациите од збратимените училишта од Крагујевац, Врање и Будва ќе ги носиме во посета на куќата на Христо Узунов, открива директорот. Симоноски, вели дека сеуште очекуваат општина Охрид да му придаде поголема важност на големиот Узунов. „Ние сме едни од иницијаторите за именување на малиот плоштад...

Continue reading

САД извршиле 2.320 воздушни напади над Исламската држава

Post Views: 1 Нападите на американските сили чинат 80% од сите напади кои ги изведува меѓународната коалиција против Исламската држава. Вкупно сите заедно извршиле 2.893 воздушни напади од што 1.631 во Ирак и 1.262 во Сирија, а погодиле 5.314 цели, соопштил Пентагон. Повеќе од 60 земји учествуваат во коалицијата против Исламската држава. САД, Австралија, Белгија, Канада, Данска, Франција, Јордан, Холандија и Велика Британија ги изведуваат нападите во Ирак, додека САД, Бахраин, Јордан, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ги напаѓаат целите во Сирија. Објавените податоци...

Continue reading

Новата градинка во Пештани не ги исполни првичните очекувања

Post Views: 3   Новата градинка во Пештани која беше отворена пред два месеци во склоп на ОУ „Св Наум Охридски“, не ги исполни првичните очекувања. Според анкетата која беше направена во оваа дисперзирана група на градинката „Јасна Ристеска“ требаше да бидат запишани  25 дечиња, а сега има само 12. Нормативите за успешно работење на една група се од 15 до 20 деца. Причина за тоа што долго време се чекаше за да се отвори оваа група па многу деца кои беа на возраст од  пет до шест години сега не се запишаа бидејќи од наесен ќе започнат да одат на училиште. Еден дел од родителите кои...

Continue reading

Зголемен бројот на повици во охридската итна медицинска помош

Post Views: 5   Нестабилното време, температурните разлики, односно покачувањето на температурите над просекот за овој период од годината, има сериозно влијание врз здравјето на луѓето. Тоа го потврдуваат и охридските лекари кои последниве два месеци кажуваат дека имаат полни раце работа. Притисок, срце, главоболка, премаленост се најчестите симптоми на кои се жалат граѓаните поради разликата во температурите нагласува д-р Горан Симјаноски, раководителот на итната медицинска помош. „Во последниот период бројот на повиците кои што се однесуваат за мозочни инциденти е зголемен за 70...

Continue reading

pivo

Отсега ќе знаеме колку пивото дебелее

Post Views: 6 Согласно новиот правилник за безбедност на пивото кој е на сила од минатиот петок, на амбалажата на пивото мора да пишува колку дебелее. На амбалажата на пивото, покрај процентот на алкохолот во овој пијалок, од што е произведено, дали е пастеризирано или не, задолжително ќе мора да биде наведено и колку дебелее. Со новиот правилник за безбедност на пивото предвидено е во означувањето на пивото да има и податок за неговата енергетска вредност која треба да биде изразена во килоџули. Според стариот правилник, новата обврска беше задолжителна само за лајт пивата, односно...

Continue reading

Охриѓани со десетици автобуси и комбиња на протест во Скопје

Post Views: 9 Охриѓани попладнево организирано тргнаа за Скопје. 10 автобуси и десеттина комбиња им беа на располагање паркирани на булевар Туристичка наспроти гимназијата. За вечерва во Скопје се најавени два протести. Еден на неформалното граѓанско движење протестирам и друг во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Никој од нашите согрaѓани кои во голем број заминаа организирано за Скопје не беше расположен за разговор. Не сакаа да одговараат на прашања за тоа која е нивната цел, што поддржуваат, кој е организатор, ниту  како дознале за организираниот превоз....

Continue reading

Запленето оружје и дрога во Велешта

Post Views: 8 Над 400 куршуми калибар 7,62 милиметри, ловна пушка од Руско производство без соодветни документи, неколку куршуми за огнено оружје пиштол, повеке патрони за ловна пушка, помала количина опојна дрога Хероин како и рачни часовници Ролекс и Кварт, мобилни, се пронајдени  при два одвоени претреси извршени вчера кај две лица во струшкото село Велешта. По претходно добиена судска наредба, СВР Охрид реализира претреси во Велешта. Претресите се извршени во содејство со криминалистичката полиција при Полициската станица Струга при што во домовите на овие две лица, дополнително...

Continue reading

расадник

Се одгледува и продава сезонско цвеќе во охридскиот расадник

Post Views: 2 Во охридскиот расадник, кој работи во рамките на ЈП Комуналец се одгледуваат лисно и цветно декоративни садници. На површина од  2 хектари  под пластеници и под стакло се произведува сезонско цвеќе. За засадување и одржување на хортикултурните површини се грижат околку 25 работници. За хортикултурно уредување на јавните површини во парковите, но и за продажба за приватни дворови и градини се одгледуваат различни видови на сезонско цвеќе, информира Трајче Љатков  од ЈП Комуналец.   „ Најмногу сме определени за цвеќе од хибридно семе кое се покажа најсоодветно на временските ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top