Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (22/23.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 386 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Post Views: 11
Техниката на плаќање со кредитна картичка или со смарт телефон се покажа како многу практично и популарно решение.
Меѓутоа тие решенија наскоро би можеле да добијат сериозен ривал. Шведска стартап компанија претставила нова технологија на плаќање, која од муштериите бара само чиста дланка.
На овој начин, студентите на универзитетот Лунд во Шведска, секој ден купуваат кафе и ужина во едно кафуле. Кратко преоѓање со дланката преку инфрацрвен скенер и плаќањето е извршено.
Системот кој го добил името Quixter го смислил студентот Fredrik Leifland од универзитетот во Шведска.
“Идејата...
Post Views: 1
Медиумите во Македонија по објавувањето на Извештајот на Европската комисија и препораката за добивање датум за почеток на преговори притискаат за што е можно побрзо решавање на спорот со името.
Ова е заклучок од редовниот месечен мониторинг на медиумите, чиј фокус во октомври беше ставен врз на информирањето за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во 2009 година.
Деталите од мониторингот на медиумите ќе бидат објавени во вторник претпладне на прес конференција во НВО Инфоцентарот.
Мониторингот „Медиумско огледало“ го спроведуваат НВО Инфоцентарот...
Post Views: 9
Без претходно известување, веќе два дена интензивно се работи на оваа градба а наделжните не превземаат никакви мерки. Директорот на оваа институција укажа на реалната потреба од споредниот влез.
Струшкиот музеј „Никола Незлобински“ узурпиран. Во текот на викендов, претпоставените на градежниот објект на местото познато како „Стара Стружанка“ се подига ѕид прилепен до зградата на музејот. Со тоа бесправно се затвара вториот влез на оваа институција, тврди директорот на оваа институција. Истиот е наманет за излез на посетителите при пожари или други елементарни непогоди....
Post Views: 6
Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на порака од бугарското Министерство за одбрана, инцидентот се случил при извршување на задача за обука над морското подрачје на Република Бугарија, авион МиГ-29 на бугарското воено воздухопловство изгубил радио комуникација и исчезнал од радарите во 00:45 часот по локално време.
Акцијата за пребарување и спасување е започната веднаш и е во тек, засега нема информации дали пилотот бил спасен. Во потрагата се вклучени морнарицата, Заедничката команда за специјални операции, Граничната полиција и Бугарското воено...
Post Views: 5
Државниот завод за статистика денес го објави Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот 1-21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен во рамките на Пописот 2021. За територијата на Општина Охрид и Дебрца заводот има потреба од 21 попишувачи и инструктори, додека за општините Струга и Вевчани 14.
На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Северна Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини.
Пријавувањето се врши преку електронска...
Post Views: 1
Меѓународната организација за вино, соопштила дека конзумацијата на вино во 2013 година опаднала. Спрема нивната анализа, Американците најмногу пијат вино во светот, пред Французите познати по култот за пиење вино.
Во 2013 година испиени се 238,7 милиони хектолитри вино, односно 2,5 милиони помалку во однос на 2012 година. Најмногу од испиеното вино е во САД (29 милиони хектолитри), потоа доаѓа Франција (28 милиони), потоа следуваат Германија, Италија и Шпанија, се наведува во соопштението.
САД прв пат ја надминаа Франција, земјата на виното, не затоа што Американците...
Post Views: 2
Со лајв-промоцијата на проектот Амам на македонско-италијанското трио Скопје конекшн, во четврток , во Домот на армијата стартува 28-то издание на Скопскиот џез фестивал.
Оваа година фестивалот е дисперзиран на неколку локации – Домот на армијата, Универзалната сала, Македонската опера и балет и ноќниот клуб Хард рок.„Скопје Конекшн“ го сочинуваат Емин Џијан, Георги Шарески и Лука Акуино. По промоцијата на „Амам“ во клубот Хард рок ќе се одржи промоција на новото издание на Скопскиот џез фестивал, „Jazz from Macedonia“, издание наменето пред се‘ за странскиот пазар.Втората...
Post Views: 4
За само неколку месеци, општините ќе се отарасат од депониите. Овој проблем што ги гуши сите градови а не ја одминува ниту Струга, е приоритет на министерството за животна средина. При неодамнешната посета на министерот Неџати Јакупи во Струга, тој кажа дека стратегијата и планот за управување со отпад, е првите работи кои треба да ги реши ресорното министерство како и владата на Р.Македонија. Министерот истакна дека за решавање на оваа проблематика, се во постојани контакти со локалните власти на општините и верува дека за скоро време ќе се изнајде решение.
„Секако...
Post Views: 2
Трет ден се собираат потписи под мотото ,,Стави потпис за вистински попис” низ градовите во Македонија. Денеска на пунктот на плоштадот Крушевска Република, пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков го стави својот потпис на петицијата со која неговата пратеничка група ја бара поддршката од граѓаните за да се обидат да го поништат Законот за попис.
„Денеска на две локации собираме потписи заедно со граѓаните на Охрид, одѕивот е одличен заклучно со вчерашниот ден на ниво на Македонија се собрани 45 илјади потписи и очекуваме дека до крајот на...
Post Views: 0
Лондон наскоро ќе му плаќа на British Airways за згрижување на својот отпад. British Airways од комуналниот отпад ќе произведува млазно гориво за своите авиони.
Компанијата најавила дека наскоро со помош на фирмата Solena Fuels ќе почне со производство на обновливо млазно гориво од комунален отпад.
Овој вид на гориво е поефтино од конвенционалното млазно гориво, а ќе помогне да се намали отпадот на депониите за ѓубре.
Отпадот кој е сортиран за рециклирање ќе се претвора во млазно гориво со помош на две технолошки методи, а од British Airways јавуваат дека производството...
Post Views: 2
Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, Васко Наумовски, ќе учествува на дебатата „Дијалог за прогресот и проспектите на проширувањето на Европската Унија“, која ќе се одржи денес во Брисел.
Дебатата ќе ја отвори комесарот за проширување на Европската комисија Оли Рен, а свои излагања ќе имаат и Мајкл Ли, директор на Генералниот директорат за проширување и Бранко Баричевиќ, амбасадор на Хрватска во ЕУ, се вели во соопштението од секретаријатот за европски прашања.Наумовски на дебатата ќе дискутира за сегашната состојба со проширувањето од аспект...