Почнува скопскиот џез фестивал

Со лајв-промоцијата на проектот Амам на македонско-италијанското трио Скопје конекшн, во четврток , во Домот на армијата стартува 28-то издание на Скопскиот џез фестивал.

Со лајв-промоцијата на проектот Амам на македонско-италијанското трио Скопје конекшн, во четврток , во Домот на армијата стартува 28-то издание на Скопскиот џез фестивал.

logoОваа година фестивалот е дисперзиран на неколку локации – Домот на армијата, Универзалната сала, Македонската опера и балет и ноќниот клуб Хард рок.
„Скопје Конекшн“  го сочинуваат Емин Џијан, Георги Шарески и Лука Акуино. По промоцијата на „Амам“ во клубот Хард рок ќе се одржи промоција на новото издание на Скопскиот џез фестивал, „Jazz from Macedonia“, издание наменето пред се‘ за странскиот пазар.
Втората вечер, со поднаслов „Жени во џезот“, ќе ја претстави германската пијанистка Аки Такасе со проектот инспириран од музиката на славниот пијанист Фетс Волер, како и групата на популарната џез-перкусионистка Мерлин Мазур.
На 24 октомври, во рамките на третата фестивалска вечер, ќе настапат две големи имиња на современиот американски џез: саксофонистот Џејмс Картер со својот квинтет и триото на пијанистот Бред Мелдау.
Претпоследната вечер на Фестивалот е посветена на одбележувањето на 40-тиот роденден на култната џез етикета ECM, со два специјални концерта: првиот, на уникатниот норвешкиот двоец Арве Хенриксен Јан Банг, а вториот, на џез-иноваторот Џон Хасел и неговиот проект „Маарифа Стрит“.
Фестивалот ќе го заокружи супергрупата „Power Of Three“ на легендарните Чик Кореа, Стенли Кларк и Лени Вајт.
Покрај редовната програма, Скопскиот џез фестивал и оваа година нуди квалитетни и возбудливи полноќни настапи на неколку современи џез имиња: новата американска пејачка ѕвезда Хозе Џејмс, бразилскиот гитарист Чико Пињеиро со својата „Банда“, како и квартетот на италијанскиот саксофонист Микеле Полга.
Постерот на Фестивалот оваа, како и минатата, година го изработи македонската дизајнерка Неда Фирфова.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top