Post Views: 5
Со отварањето на “Tino’s pub & bar”, охридската ривиера доби нова угостителска понуда. Познатите содржини од овој бренд со долгогодишна угостителска традиција, како што се хотел “Тино“ на охридскиот кеј и спа центарот во населбата Свети Стефан, менаџментот реши да ги надополни со новоотворениот угостителски објект – паб и бар. “Наша идеја беше да понудиме нешто поразлично од тоа што до сега го нуди брендот „Тино“. Објектот ќе функционира во склоп на хотелот „Тино“ на охридскиот кеј и за нас лично претставува заокружување на една целина...
Post Views: 18
Холандскиот Амбасадор Вилем Воутер Пламп денес ќе биде во протоколарна посета во Охрид.
Најпрвин ќе оствари средба со градоначалникот Бакрачески , а потоа заедно ќе положат цвеќе кај споменикот на Ден Долард.
Post Views: 28
На денешен ден се одбележува светскиот ден на Ромите во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 8-12 април 1971 година во Лондон и тоа е еден од најважните датуми во историјата на овој народ. На тој датум на конгресот се стретнаа претставници на Ромите од 14 земји во светот.
Како една од најважните усвоени одлуки се одлуката за ромско знаме и официјална химна. Ромското знаме во долниот дел има зелена боја која ја симболизира земјата, а горниот дел е обоен со сина боја која го симболизира небото. Црвеното тркало кое се наоѓа во средина на знамето ги претставува...
Post Views: 7
По повод Денот на Екологијата 05 Јуни, Женски Центар Бисера Охрид објавува конкурс за избор на најубаво уреден двор и станбена површина.
Конкурсот се објавува со цел да се поттикнат граѓаните да учествуваат и дадат свој придонес за почист и поубав град, во пресрет на туристичката сезона.Конкурсот ќе трае до 01 Јуни 2016 год.
Сите заинтересирани граѓани своето учество да го пријават на тел. 264-469 од 10 до 13 часот секој работен ден или во канцаларијата на ЖЦ Бисера Охрид на ул. Димитар Влахов бр. 8 во Охрид.
Post Views: 5
Според податоците во Единствениот избирачкиот список, во општина Струга своето право на глас ќе го остварат 59.460 граѓани.
Претседателот на Општинската изборна комисија од Струга, Џенгис Хани не информира дека на предвремените парламентарни избори кои денеска се во тек, стружани гласаат на 78 избирачки места. Хани потенцира дека сите избирачки места се отворени точно навреме, а до 11 часот, според податоците со кои располага Општинската изборна комисија од Струга, излезноста била околу 10%.
Post Views: 0
Денес со почеток од 11 часот, Македонскиот Олимписки Комитет , ОУ Христо Узунов и Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ организираат Олимписки ден кој ќе преставува мал спортски вовед пред предстојните олимписки игри во Рио.
Настанот ќе се одржи во дворот наОУ Христо Узунов и на него ќе учествуваат 300 ученици организирани од активот по физичко образование како и наставниците по ликовно и музичко.
Со особено задоволство на настанот покрај претседателот на МОК г-дин Васил Тупурковски ќе биде присутна и првата потврдена македонска олимпика за РИО...
Post Views: 0
Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и свети Трифун, празник главно познат по обредното закројување на лозјата.
Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници.
Како што забележале собирачите на македонските народни умотворби, но и на народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на лозарите и градинарите. Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), поради што луѓето го славеле и...
Post Views: 19
Затворањето на бегалскиот камп во Идомени на Македонско-Грчката граница, позитивен импулс за туристите од Холандија кои сакаат да ја посетат земјава. Денес менаџментот на познатиот туроператор „ТУИ“ и холандската федерација за патување и туроператори се сретнаа со раководството на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за да разговараат токму за влијанието на потенцијалните безбедносни ризици предизвикани од актуелната политичка состојба во земјава, но и мигрантската криза.
„Луѓето кои се веќе на одмор тука сфатија дека имаат одмор без да се вклучени во никаков...
Post Views: 2
Синоќа генералниот секретар на #СДСМ, Љупчо Николовски присуствуваше на изборна конференција на ОО СДСМ Охрид, по која општинската организација доби нов претседател и ново раководство.
Владата и локалната самоуправа предводена од СДСМ во Охрид и градоначалникот Константин Георгиевски покажаа што значи вистинска грижа за Охрид. Последна потврда за тоа е и одлуката на Комитетот на УНЕСКО, Охрид да не биде впишан во листата на светско наследство во опасност, што е признание за нашата посветеност да го зачуваме и унапредиме квалитетот на живот во овој регион, стои на фејсбук...
Post Views: 6
Охрид од денес е седиште на почесниот конзулат на Руската Федерација на Македонија. Високи претставници на руската амбасада во Македонија, министерството за надворешни работи на Македонија, челниците на Македонската православна црква г.г Стефан и Дебарско кичевската епархија, г.Тимотеј, претставници на руската патријаршија, интелектуалци присуствуваа на свеченото отворање на почесниот конзулат на Русија во Охрид. Овој чин, според амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербик е значајна етапа во продлабочувањето на руско-македонските односи.
„Новиот почесен конзулат...
Post Views: 2
На охридскиот факултет за туризам и угостителство на свечена церемонија денес им беа доделени дипломите на завршените студенти од првиот и вториот циклус од студиските програми.Весна Коцевска ја прими дипломата за магистер по туризам и угостителство .Коцевкс авлеи дек аи чест да биде дел од туристичката дејнсот кој ја врши и можноста да го надогради своето образование. Младата магистерка по туризма и угоститеслво не ги крие и своит еидни планови во својата професија.
„ Идните планови ми се поврзани со повеќе активности на полето на туризмот во Охрид и Македонија“,...
Post Views: 7
Веројатно најголем страв кој корисниците го имаат при плаќањето на интернет е дека хакерите или онлајн криминалците ќе дојдат до податоците и дека ќе ви ја испразнат сметката. Поради тоа е потребно големо внимание при пишувањето на своите лични и податоците од картичките, датумот на изминување, видот на картичката и безбедносниот број од три или четири броеви кој се наоѓа на задната страна од картичката.
Од компанијата Oberthur Technologies тврдат дека имаат решение кое во голема мерка ќе ја зголеми безбедноста на купувањето преку интернет и ќе оневозможи злоупотреба...