Post Views: 4
Едно лицe се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 18 часот и 50 минути се случи на регионалниот пат Св.Наум – Охрид кај Хидробиолошки Завод.
Во сообраќајната незгодата со тешки телесни повреди односно повеќе фрактури и повреда на внатрешни органи, се здобила М.П. (27) од Охрид која на регионалниот пат, од правец на Пештани кон Охрид управувала патничко моторно возило марка „Шкода-Фелиција“ со охридски регистарски ознаки. Таа, со возило на брза помош е пренесена во медицински центар Охрид оддел за хирургија каде и е укажана неопходна...
Post Views: 6
Од 20-ти до 25-ти август во Велестово, по втор пат ќе се одржи StartQube, летен камп за претприемачи и луѓе ориентирани кон градење на бизнис или подобрување на своите бизнис вештини.
Учесниците ќе имаат уникатна можност, покрај одморот, да живеат со менторите на настанот во текот на целиот камп и заедно да работат на развој на бизниси според методологиите на дел од најуспешните претприемачи кои веќе го имаат тоа искуство на градење бизниси.
StartQube е збир на повеќе практични работилници кои се организираат во соработка со повеќе експерти. Идејата е учесниците да се...
Post Views: 7
Компанијата на 4 април 1975 година ја основаа Bill Gates и Paul Allen, а од мал софтверски производител за Altair компјутерите и подоцна за IBM-компатибилните PC уреди, од осумдесетите години на минатиот век па сѐ до денес, прерасна во најдоминантната компанија на светот.
Во овој период компанијата изроди три милијардери (од кои Bill Gates е најбогатиот жив човек) и 12.000 милионери, кои работеле во Microsoft.
Денес Microsoft вработува преку 125.000 луѓе ширум светот и е трета највредна компанија на светот – пред неа се само Exxon Mobil и конкурентот Apple, додека Google...
Post Views: 5
По повод претстојната посета на Охрид на претседателот на Република Чешка г-динот Милош Земан и неговиот домаќин, претседателот на Република Македонија г-динот Ѓорге Иванов, СВР Охрид ги презема сите неопходни мерки за безбеден претстој на двајцата претседатели и членовите на нивните делагации.
Во таа насока, а со цел натамошно одржување на стабилната и поволна безбедносна состојба на подрачјето, СВР Охрид веќе спроведува низа превентивно-оперативни и сообраќајни мерки со доследна примена на законските полициски овластувања. Планираните активности се поврзани со физичко...
Post Views: 2
Доделени 67 решенија за работен однос на наши сограѓани од сферата на образованието. Решенијата им ги врачи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и заменик министерот за образование Спиро Ристески, на пригодна свеченост во Локалната самоуправа. Градоначалникот Бакрачески истакна дека општина Охрид посветува силно внимание на подобрување на наставно научниот процес во образовниот систем на ниво на општина Охрид, како и во подобрување на условите за изведување на настава.
„Со тоа тие го решија нивното основно животно прашање, вработувањето, што им обезбеди стабилна...
Post Views: 0
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 59. седница на која на дневен ред е Предлог одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР, АЛТЕА.
Во насока на продлабочување на соработката и придонесот на земјата кон мировната операција предводена од Европската унија, Република Македонија го продолжува учеството во ЕУФОР, АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Ќе биде испратен уште еден медицински тим во состав од десет припадници на Армијата и еден офицер-правен советник...
Post Views: 8
Во основните и средните училишта во градов недостасуваат дефектолози и логопеди. За жал потребата од ваков кадар се повеќе расте бидејќи расте и бројот на деца кои имаат проблем во психичкиот развој или пак имаат некаква говорна мана. Директорите велат дека постојано бараат од Локалната и од министерствата да се примат вакви лица кои ќе можат на децата да им пружат соодветно внимание а со тоа ќе имаат и подобри резултати во образованието. Во ОУ „Христо Узунов“ неодамна добиле дефектолог што во голема мера ја олеснило работата со децата кои имаат пречки во развојот, но...
Post Views: 5
Прекрасно е чувството, а задоволството неизмерно кога ќе се види насмевката кај само едно детенце, велат волонтерите на „Црвениот крст“. Амбициозниот проект кој за прв пат беше реализиран во 2005-та година, деновиве го живее и своето второ издание. Деновиве во Струга, десетици дечиња со вродени или стекнати срцево-садови заболувања, кои се лекуваат во Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори” учествуваат на летниот камп. Акцентот на неколкудневните активности е ставен на поттикнување на здравите капацитети кај овие деца и изразување на нивната внатрешна...
Post Views: 3
Нема добар образовен систем без адекватно физичко и здравствено образование, истакна градоначалникот Никола Бакрачески, на денешното свечено пуштање во употреба на спортската сала во подрачното училиште „Ванчо Николески“ во Косел. Ова училиште ја доби најквалитетната спортска сала, вели Бакрачески.
„Тоа е уште еден поттик и мотивација за учениците од ова училиште да градат здрави животни навики паралелно со одвивање на квалитетна настава во делот на физичкото и здравственото образование. Со средства на МОН и дел средства на Локланта самоуправа реконструиране е училишната...
Post Views: 0
На ул. „Даме Груев” во околните згради кај АвтоМакедонија Охрид беше опожарен контејнер поради несоодветно одлагање на отпад.
Многу често Ј.П.„Охридски Комуналец” се соочува со проблемот на комплетно уништување на јавната опрема и јавни добра кои треба да им служат на сите наши сограѓани. Дежурните екипи затекнаа комплетно уништен пластичен контејнер на ул. „Даме Груев” кој беше изгорен од запалив отпад депониран во самиот контејнер.
Во тек на грејната сезона честа е појавата на депонирање недогорени остатоци од отпад во контејнерите од страна на...
Post Views: 2
Пазарниот инспекторат заедно со општинскиот инспекторат и полицијата вршат засилени контроли дали сопствениците на угостителските и трговските објекти имаат одобрение за поставување урбана опрема. Покрај што се контролирало во градов инспекторите го прочешлале и комплексот Св. Наум каде се затекнале голем број неправилности. Речиси целокупната урбана опрема била поставена без одобрение од Локалната.
Затекнати се неправилности и сите се санкционирани. Изречена им е глоба од 200 евра но ако истата се плати во рок од осум дена тогаш се намалува сумата на пола. Сите прекршители...
Post Views: 0
Финишираат градежните активности од проектот за реконструкција на улицата „Абас Емин“. Денеска се поставува првиот асфалтен слој на целиот потег на коловозот до крстосницата со улица „Железничка“, каде што комплетно беа завршени градежните активности за поставување на подземната инфраструктура.
Претходната седмица се поставуваше втор асфалтен слој на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улица „Охридска бригада“. Паралелно со асфалтирањето се врши уредување на тротоарите од двете страни на улицата, се поставуваат рабници и се врши нивелирање...