Опожарен контејнер на улицата „Даме Груев“ во Охрид

На ул. „Даме Груев” во околните згради кај АвтоМакедонија Охрид беше опожарен контејнер поради несоодветно одлагање на отпад.

 |   | 

На ул. „Даме Груев” во околните згради кај АвтоМакедонија Охрид беше опожарен контејнер поради несоодветно одлагање на отпад.

Многу често Ј.П.„Охридски Комуналец” се соочува со проблемот на комплетно уништување на јавната опрема и јавни добра кои треба да им служат на сите наши сограѓани. Дежурните екипи затекнаа комплетно уништен пластичен контејнер на ул. „Даме Груев” кој беше изгорен од запалив отпад депониран во самиот контејнер.

Во тек на грејната сезона честа е појавата на депонирање недогорени остатоци од отпад во контејнерите од страна на несовесни граѓани со што доаѓа до самозапалување на отпадот. Истото претставува не само проблем за нас, туку и за случајните минувачи и останатите жители зошто може да предизвика штети од поголем размер. Упатуваме апел до граѓаните да внимаваат што депонираат во контејнерите, а истовремено ги повикуваме инспекциските служби да ги санкционираат несовесните граѓани – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top