Post Views: 5
Постот што го анализираме шири лаги во врска со сузбивањето на пандемијата на коронавирус во Јапонија и мерките за борба против истата. Не е точно дека Јапонија „става крај на лудилото со ковид-19“, така што ја напушта вакцинацијата и почнува со примена на ивермектин. Во Јапонија се спроведува масовна вакцинација на населението, а ивермектинот не е одобрен како лек во борбата против ковид-19, ниту од СЗО, ниту пак, од јапонските власти.
Пост на Фејсбук шири дезинформации дека Јапонија го прекинала вакцинирањето против ковид-19 и преминала на лекување со ивермектин....
Post Views: 8
Успешно завршена показната вежба на гасење на опожарен брод и на спасување давеници и опожарени лица. Во вежбата учествуваа припадници на територијалната противпожарна единица, брза помош, спасувачките екипи на Црвен крст, припадници на езерската полиција, Капетанија. Во симулативната вежба учествуваа над 50 лица и покажа дека се подговени брзо и ефикасно да интервенираат при слични несреќи. По оваа вежба ќе следуваат анализи за интервенцијата во насока на што поголема ефикасност при делување во реални ситуации, кажа Зоран Нешкоски од МВР Скопје. „Оваа вежба беше сублимат...
Post Views: 32
Честитка на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески по повод 2-ри августа-118 години Илинден и 77 години Асном.
Денес, е денот кога се присетуваме и ги славиме идеалите на илјадници македонски дејци, револуционери и борци за слободна и независна држава. Илинден е длабоко втемелен во кодот на македонците, силно вкоренет во традицијата, а во колективната меморија важи за симбол на непокор на голем број херои кои се жртвуваа за слобода.
Благодарение на нив, ние денес живееме во мир и во своја држава меѓународно признаена. Но борбата за подобро утре, посветла...
Post Views: 6
Вистински предизвик денес е обидот да се излезе од еден затворен круг во кој владеат стереотипите, предрасудите, асимилацијата секојдневното стигматизирање од страна на мнозинските заедници кое доведува до изолација на заедницата од општествените текови. Иако преамбулата на уставот е извор на права, сепак египќаните и некои други помали заедници кои живеат во зермјава не се споменати во неа, па така денес политиките на државата се креирани и наменети за припадниците на заедниците кои ги има само во неа. Неодамна и Народниот правобранител напомена дека со години наназад...
Post Views: 5
Во тек се градежните зафати врз реконструкцијата, адаптацијата и промените на новиот објект во рамките на специјланата болница за ортопедиај и трауматологија Св.Еразмо Охридски. Обиколка на објектот кој се гради направија градоначалникот Никола Бакрачески, неговиоте соработници заедно со првите луѓе на специјалната болница Св.Еразмо и на Заводот за Кардиологија, д-р Митко Тилев и д-р Изабела Автоска Наумоска.
Објектот е проект на Владат на РМ, но јас како градоначалник имам обврска да направам увид за да видам како течат активностите околу изградбата.
„ Ова...
Post Views: 2
Исламската држава објавила ново видео во кое предупредуваат дека нема безбедност за ниеден Американец на светот и тврдат дека САД ќе гори во уште еден напад како оној 9/11.
Во видеото наречено “ќе ја запалиме Америка” ги повикува приврзаниците на Исламската држава да ја нападнат САД одвнатре, тврдејќи дека безбедноста на нејзините граѓани е фатаморгана, пишува Daily Mail.
Во видеото се претставени и некои од најкрвавите злосторства на милитантите како што е обезглавувањето на James Foley, неколку масовни сечења на глави и стравичното палење на јорданскиот пилот Muahd...
Post Views: 5
Со цел да се запознае со динамиката и интензитетот на градежните работи кои симултано се одвиваат на неколку локации низ градов, градоначалникот Никола Бакрачески денес ги посети местата на кои се одвиваат работите на неколку проекти, како од сферата на спортот и урбаното живеење, но и на изградбата на локални патишта. Можеби една од најголемите потреби на охриѓани и секако клучниот момент во развојот на пливањето како спорт карактеристичен за регионт, е изградбата на затворенот пливачки базен.
„Во овој момент се завршени сите работи околу ископите, поставена е дренажа,...
Post Views: 1
Премиерата Благородник утревечер е на сцената на охридскиот театар. Станува збор за 6 -та премиера во оваа сезона. Благородник е работена по текст на Жан Батист Поклен Молиер во режија на Дејана Николовска ,а досега не се направени поставки. Изборот да се постави ова дело на еден од најголемите свтески комедиоградфи како што е Молиер доаѓа во прав момент. Делото кореспондира со актуелните општествени кризи кога елитата и интелектуалците се принудени д а замолчат пред обезмноста од материјланата моќ.Според Николовска во моментов нема посоодветен текст од класиката кој...
Post Views: 9
Од осамостојувањето на Македонија до денес ретки се годините во кои нема барем по една жртва во македонските рудници. Иако во изминативе неколку години постои тренд на подобрување на условите во кои работат рударите, а главно поради воведувањето на новата регулатива за безбедност при работа, сепак експертите укажуваат дека компаниите мора уште повеќе да внимаваат на заштитата на нивните вработени.
Јанко Јанчевски, професор на Машинскиот факултет, кој бил ангажиран и како вештак во македонските рудници, вели дека впечаток е дека компаниите не вложуваат доволно во заштитата...
Post Views: 5
Четири илјади спасени животи за десет години е резултатот со кој може да се пофали Центарот за интервентна кардиологија во Охрид. На 21 Јуни 2006 година беше изведена првата дијагностичка коронарографија а потоа и перкутана коронарна интервенција во Охрид. Оваа институција постојано соработува со останатите здравствени центри во Република Македонија, постојано разменува искуства со цел да се зголеми ефикасноста на негата на пациентите кои страдаат од кардиоваскуларните заболувања. Во борбата со овие заболувања потребна е системска соработка со останатите институции кои...
Post Views: 1
Примена на Законот за спречување и заштита од дискриминација, денес главна тема на разговор помеѓу струшката локална самоуправа, невладиниот сектор и останатите институции засегнати со оваа проблематика. Основна цел на дебатата беше борба против дискриминацијата како и изнаоѓање начин за почитување на законот. Раководителот на одделението за човечки ресурси Муним Бајрактар, вели дека во Локалната самоуправа нема дискриминација и во најмала доколку има индиции за тоа, навремено се реагира.
На оваа тема веќе подолго време работи и НВО „Езерка“, од Струга. Драгица Павлеска...
Post Views: 0
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
Со кривична пријава се стекнаа уште три лица од Охрид на возраст од 27 до 41 година, поради постоење основи на сомнение за помагање во извршувањето на кривичното дело „изнуда“.
На 5-ти овој месец околу 22.30 часот, пријавените отишле во база на такси компанија во Охрид поради нерасчистени имотно правни односи и со сериозни закани сакале да изнудат пари и материјални средства од оштетениот. Следниот ден околу 02.00 часот пријавените отишле...