Oдбележан денот на заедницата на Балканските египќани во Македонија 24-ти јуни

Единството на заедницата, развојот, еднаквоста и просперитетот се постулатите на овој етникум кој е нераскинлив дел од македонското општество.

 |   | 

Вистински предизвик денес е обидот да се излезе од еден затворен круг во кој владеат стереотипите, предрасудите, асимилацијата секојдневното стигматизирање од страна на мнозинските заедници кое доведува до изолација на заедницата од општествените текови. Иако преамбулата на уставот е извор на права, сепак египќаните и некои други помали заедници кои живеат во зермјава не се споменати во неа, па така денес политиките на државата се креирани и наменети за припадниците на заедниците кои ги има само во неа. Неодамна и Народниот правобранител напомена дека со години наназад има појава на неквалитетна примена на начелото на соодветна и правична застапеност. Заедницата на Балканските Египќани е нераскинлив дел од македонското општество и треба да се направи напор за унапредување на степенот на права кои ги уживаат преставниците на заедницата на Балканските Египќани.

„Ние како организација се трудиме да соработуваме со сите и на локално и на државно ниво, но соработката оди малку потешко, па затоа и овие вакви прослави одат малку потешко, меѓутоа се надеваме дека понатаму ќе имаме плодна соработка со сите наши чинители во оваа наша држава“ вели Аднан Ашимоски -Претседател на Здружението на Балканските Египќани во Република Македонија – Охрид .

Од осамостојувањето на РМ до денес заедницата на Балканските Египќани се соочуваат со континуирана дискриминација од страна на државните институции, речиси и да нема услови за заштита на културниот идентитет на зедницата како и соодветни услови за ефективно учество во процесите на донесувањето на одлуки и вработување во јавните институции. Одбележувањето на Денот на Балканските Египќани е убава можност да се афирмира историјата и културата на заедницата на Балканските Египќани, но и да се проговори за актуелните предизвици со кои се соочуваме вели Зизо Љамковски – Претседател на Здружението за заштита на културниот идентитет на Египќаните ИЗИДА 41/21 Ресен.

„Наша цел во иднина ќе биде да креараме активности и иницијативи со коишто ќе го зголемиме степенот на учество“ вели, Зизо Љамковски – Претседател на Здружението за заштита на културниот идентитет на Египќаните ИЗИДА 41/21 Ресен.

Египќаните на Балканот се дојдени како колонизатори, да ископуваат и експлоатираат метали во 13 век п.н.е. Припаѓале на семејството семитски хамити, а зборувале на староегипетски јазик, кој денес е загубен. Најголем број египќани денес живеат во Грција, Македонија, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а помал дел ги има во Турција и Бугарија. За жал сеуште не постојат релевантни податоци за бројноста на египќаните во Македноја, се шпекулира со бројки од 8-17.000 претставници на овој етникум. На вториот конгрес на Сојузот на балканските египќани одржан во 2010-та година во Струга, донесена е одлука 24-ти јуни да се одбележува како Меѓународен ден на балканските Египќани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top