Познати добитниците на стипендии за ученици од основните училишта во Охрид

Post Views: 3 По претходно распишан конкурс, Општина Охрид доделува стипендии за ученици од основните училишта во Општина Охрид. Добитниците се известуваат во период од 02.03.2022 година (среда) до 07.03.2022 година (понеделник) да дојдат во просториите на советничката канцеларија во општина Охрид, заради потпишување на договорите. Добитниците на стипендија (малолетни лица) при потпишувањето на Договорот, да бидат во присуство на родител или старател – велат од Локалната Самоуправа. Добитниците може да ги видите на следниот линк

Continue reading

Реакција на Општина Охрид на пресот на ОО СДСМ Охрид

Post Views: 1 Денес во јавноста после подолго отсуство понесен од потребата да го оправда своето опозиционо делување, а веројатно притиснат од членството и централата да ја искритикува локалната самоуправа се појави пратеникот Томислав Тунтев. Очигледно во денешната прес конференција измешале многу работи, а најмногу од се ја промашиле личноста која го водела овој прес. Замислете почитувани граѓани човекот кој цели осум години беше советник на мнозинството во Советот на општина Охрид, координатор на Советничката група на мнозинството во Советот на општина Охрид односно директен спроведувач...

Continue reading

Продолжуваат активностите за реконструкција на патот преку Галичица

Post Views: 11 Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк „Галичица“ од денеска ќе биде повторно затворен за секаков сообраќај. Мерката ќе биде на сила секој ден до завршувањето на работите на делницата од Баба до Царина – (Преспанска страна) од 08:00 до 17:00 часот, поради реконструкција на коловозната конструкција. – После 17:00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообраќајна сигнализација. Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен...

Continue reading

Четкар го отвори Бело лето 2016

Post Views: 6   Со прекрасниот концерт на нашиот сограѓанин познатиот автор, вокалист, композитор Владимир Василевски Четкар, во предворјето на црквата Св Софија беше означен почетокот на летната сезона во Охрид. Оваа туристичко – промотивна манифестација годинава го бележи своето трето издание. Првиот човек на градот Никола Бакрачески, открива дека овааа сезона нашиот туристички бисер ќе биде центар на културните збиднувања како никогаш до сега. „Ако по утрото денот се познава, тогаш оваа вечерна комбинација на божествена убавина на западната страна на црквата Света Софија комбинирана...

Continue reading

ОО СДСМ ОХРИД: Градноачалникот Никола Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ не реализираа ниту еден од ветените приоритетни проекти

Post Views: 15 Од Општинската Организација на СДСМ од Охрид денес на прес конференција излегоа со обвинување дека пред 40 месеци ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески со изборната програма за локалните избори им ветија на охриѓани: изградба на нова современа автобуска станица, изградба на затворен базен за пливање, модерно градско пристаниште, изградба на затворен современ зелен пазар, изградба на катни гаражи, изградба на водоводни системи, проекти наведени на стр. 11 од нивната изборна програма, како приоритетни . Но, во овој период не реализираа ниту еден од ветените приоритетни проекти,...

Continue reading

Американските компании исплаќаат на акционерите 1.000 милијарди долари

Post Views: 2 Акционерите на најголемите американски компании оваа година очекуваат рекордни 1.000 милијарди долари, бидејќи нивните управи поради состојбата на глобалната економија одлучиле да ги пренасочат парите на исплата на дивиденди и откуп на акции. Овие акционери и минатата година отствариле 903 милијарди долари, од што на дивиденди е исплатено 350 милијарди долари додека на откуп на акции се потрошени 553 милијарди долари, покажале официјалните податоци на S&P кои ги пренесува The Financial Times. Се очекува дека овој износ оваа година ќе се зголеми за двоцифрен процент....

Continue reading

Реакција на „ОхридSOS“ за сечата на здрави стебла дрвја на брегот на Охридско Езеро

Post Views: 3 „Во доцните попладневни часови вчера на брегот на Охридското Езеро во близина на појас трска крај новата патека е исечено дебело стебло на дрво старо повеќе од 20 години без никакво известување ниту објаснување од градските власти. Активист на ОхридSOS се нашол во близина во моментот и ја фотографирал сечата по што дрвосечачите го нападнале вербално активистот и за малку бил спречен физички напад врз него. Тој ги прашал и зошто го сечат дрвото на што му било одговорено дека станува збор за труло дрво, иако од фотографиите јасно се гледа пресекот на здравиот трупецот. Прашуваме...

Continue reading

цреша

Црешноберот донесе неволји за берачите

Post Views: 3 Почетокот на црешноберот ги донесе и првите неволји. Периодот на црешноберот е радост за љубителите на ова овошје, но и проблеми за берачите. За неколку дена итната  медицинска помош интервенирале во над 10-тина случаи каде што биле згрижени повредени берачи на цреши. Некои од нив  завршиле со полесни, но дел од нив има и со мошне сериозни повреди, информира раководителот на итната медицинска помош д-р Горан Симјаноски. „Повредите се од лесни до тешки трауми и политрауми. Сме имале случаи каде што сме ги испратиле во терцијално здравство во Скопје заради тежината и...

Continue reading

traktor

Двајца загинати, 11 деца повредени, билансот од несреќата со трактор во кочанско

Post Views: 8 Една жена загина и возачот на тракторот, а 11 деца се повредени тешко, од кои три се во критична состојба, и во средата навечер се згрижени на скопските клиники, изјави министерот за здравство Никола Тодоров кој е присутен во Ургентниот центар во Скопје. До несреќата дошло откако тракторот во чија приколка се превезувале вкупно 16 лица од кои повеќето биле малолетници кои биле на излет во месноста Илин дол, се превртел на патот меѓу кочанските села Пресека и Оризари. Несреќата се случила во средата навечер околу 19.30 часот. На лице место загинал 63-годишниот Миле Давитков...

Continue reading

Акционерите на некогашен „Отекс“, утре ќе одржат состанок

Post Views: 7 Акционерите на поранешното претпријатие А.Д. „Отекс, утре сабота 02,07 ќе одржат состанок. Состоанокот ќе се одржи во ОУ „Христо Узунов“ во 15:00. На состанокот ќе присуствува адвокатот Игњат Панчески.Присуството е задолжително.

Continue reading

Lozanoska

Југозападниот плански регион започна со реализација на проектите

Post Views: 5 Центарот за развој на Југозапдниот плански регион започна со активностите за имплементација на шест проекти одобрени од стана на владата на Р Македонија и финансирани преку министерство за локална самоуправа односно биро за регионален развој. На состанокот кој се одржа денеска во Струга претставниците на 13 те општини од регионов на некој начин беше иницијален за почеток на имплементација на проектот. „Генерално сите проекти се во насока на програмата за национален развој на југозападниот плански регион со националната стратегија за рамноправен регионален развој. Сите...

Continue reading

Пуштен во употреба новиот пат во населба Рача

Post Views: 2 Пуштен во употреба новиот пат во населба Рача. За нецели три месеци Локалната самоуправа на Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески успешно го реализираа овој значаен проект односно изведоа градежни зафати за асфалтирање на 900 метри од патот Рача – Кромидишта. Градоначалникот Бакрачески задоволен од сработеното, посебно од причина што првично овој проект задавал дилеми во стручната јавност кои што се занимаваат со изградба и реконструкција на патишта, но и кај службите во Локалната самоуправа поради специфичноста на теренот. „Се работеше по многу непристапен и стрмен...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top