• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ОО СДСМ ОХРИД: Градноачалникот Никола Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ не реализираа ниту еден од ветените приоритетни проекти

ОО СДСМ ОХРИД: Градноачалникот Никола Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ не реализираа ниту еден од ветените приоритетни проекти

Охридските социјалдемократи со обвинување до Градноачалникот Никола Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ дека и по цели три години и четири месеци владеење не реализираа ниту еден од ветените приоритетни проекти, во својата предизборна програма.  Д-р Томислав Тунтев, пратеник во Собранието на Република Македонија и претседател на ОО СДСМ Охрид, посочи дека поради “дил ориентид“ политиките на криминалната власт на ВМРО ДПМНЕ, како и виртуелните нереални и неостварливи мегаломански проекти, Охрид секоја година e на првото место по бројот на иселени луѓe во нашата држава.

 |   | 

Од Општинската Организација на СДСМ од Охрид денес на прес конференција излегоа со обвинување дека пред 40 месеци ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески со изборната програма за локалните избори им ветија на охриѓани: изградба на нова современа автобуска станица, изградба на затворен базен за пливање, модерно градско пристаниште, изградба на затворен современ зелен пазар, изградба на катни гаражи, изградба на водоводни системи, проекти наведени на стр. 11 од нивната изборна програма, како приоритетни .
Но, во овој период не реализираа ниту еден од ветените приоритетни проекти, потенцираше Томислав Тунтев, пратеник во Собранието на Република Македонија и претседател на ОО СДСМ Охрид.

„Еве, почитувани граѓани, било кој од Вас нека се обиде да пронајде или да посочи барем еден од овие проекти што е до овој момент реализиран… тоа е невозможно, затоа што таков реализиран проект не постои. И не само тоа… го нема ни домот за стари лица, што го ветија; го нема ни ветениот откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи; наместо ветената индустриска зона, во Мауцкер има голема депонија, на која незаконски се складира градежен шут и отпад од целиот град“ посочи Тунтев.

Тунтев додаде дека досега најголемите проектни достигнувања на локалната власт во Охрид се решавањето на мали комунални проблеми чие решавање во секоја друга нормална цивилизирана држава се активности кои се сметаат за редовни во одржувањето на комуналната инфраструктура од страна на јавните општински служби, но овде властите ги сметаат за капитални проекти и крупни развојни инвестиции.

„Поради “дил ориентид“ политиките на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, како и поради виртуелните нереални и неостварливи мегаломански проекти за медитерански плажи, туристички комплекси, престижни хотели, зимски центри, монденски марини, аеродроми на вода и парапетче околу езерото, Охрид секоја година e на првото место по бројот на иселени луѓe во нашата држава. Наголемо ветуваната економска преродба и економски развој на Охрид се трансформираа во економска стагнација на градот и најголемо иселување на млади образовани луѓе во последните неколку години“ објасни претседателот на СДСМ од Охрид.

За крај Тунтев се осврна на проблемите со кои охриѓани се среќаваат за време на туристичката сезона велејќи дека проблемите се идентични и нерешени како и пред четири години: секоја вечер граѓаните и туристите во градот се изложени на несносна бука во доцните вечерни сати од прегласната музика од угостителските објекти; многу ретко или воопшто не се почитува законското работно време на угостителските објекти и многу ретко или воопшто не се санкционира неговото непочитување. Тој додаде дека жителите од стариот дел од градот секојдневно маки мачат со хаосот во одвивањето на сообраќајот и узурпираните паркинг простори, додека хигиената и чистотата во градот во текот на летната туристичка сезона веќе неколку години се под секаква критика.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top