Post Views: 11
Презентација на животни искуства, создавање кративен план, тимска работа, како и најразлични други вештини и знаења и годинава беа дел од активностите на учесниците на проектор Лидерска академија за жени. Преку едно уникатно искуство учесничките имаа можност десеттина дена во Охрид, да работат во групи, на теми кои се однесуваат на жената, тргнувајќи од телото, срцето, умот и душата како што појани претседсателката на Сороптимист Струга, Снежана Зороска Чолакоска
„Целта на проектот Лидерска академија за жени, пред се се однесува на лидерството, на млади девојки и жени...
Post Views: 7
Советниците дирекно во неколку наврати како главен виновник за тоа го посочија ЈП „Комунално“. И ТВМ во неколку наврати информираше за грдата слика со градежниот шут и комуналниот смет на дел од плажите во Струга. Денес на оваа тема проговори и советникот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Затуроски, од каде што доаѓа и директорот на ЈП, Петко Кутаноски.
Тој истакна – „Ние сме сведоци, секојдневно ги гледаме сите овие работи каде што се растура шут на секоја страна после рушење на објекти каде што се фрла ѓубре на секоја страна. Факт е дека комуналното претпријатие функционира...
Post Views: 2
Доведен под знак прашалник статусот на Охридскиот регион под заштита на Унеско. На последната седница на Комитетот на УНЕСКО која се одржа во Истанбул, за прв пат во официјален документ на светската организација е ставена забелешка со која Охридскиот регион се соочува со опасност да биде впишан во листата на загрозени подрачја. Ваквото нотирање е чекор до губење на статусот на заштитено подрачје, алармираат еколозите од НВО „Фронт 21/42, на стартот од кампањата „Едно е!Вредно е!“ за зачувување на Охридскиот регион под УНЕСКО. Со кампања се крева гласот за надлежните...
Post Views: 0
Веста која ја потресе не само Србија, туку и целиот регион е премногу рано згаснатиот живот на двомесечно бебе. Причина за неговата смрт е опасниот коронавирус.
Бебето починало на Детската клиника во Белград.
За жал, првото бебе кое го примивме кога имаше само десет дена, почина минатата недела по речиси шест недели борба за неговиот живот на клиниката, изјавила лекарката Снежана Рсовац.
Таа додаде дека моментално, на клиниката биле сместени уште две бебиња, но нивната состојба засега е добра.
Post Views: 5
Градскиот пазар во Охрид е едно од најпосетените места посебно во летниот период. Граѓаните и туристите секојдневно од таму се снабдуваат со свежо овошје и зеленчук. Големата фреквенција на луѓе како и високите температури си го прават своето па многупати хигиената на пазарот не е на највисоко ниво. Граѓаните коментираат дека тоа не му доликува на туристички центар како што е Охрид.
Од ЈП „Градски пазар“ тврдат дека нивните екипи особено се ангажирани околу одржувањето на хигиената во пазарот бидејќи од тоа во голема мера зависи и неговото функционирање, а додаваат дека...
Post Views: 1
Нема проблеми во функционирањето на колекторскиот систем во шпицот на туристичката сезона во Охрид и Струга, уверува Владимир Алексијески, директор на ДП Колектор. Капацитетот на системот е за 120.000 жители и без разлика на напливот на гости редовно се пречистуваат отпадните води.
Понекогаш се случува застој на препумните станици како резултат на ниската еколошка свест на граѓаните кои фрлаат предмети на кои не им е место во секундарната канализација. Понекогаш им се случува прелевање на отпадните води во Грашница. Информираат дека наскоро ќе се зафат со справување...
Post Views: 1
„Гогољ“ е тема која девет години е на репертоарот на „Сфумато тетарот“ од Бугарија. Таа секогаш се изведува во сали исполнети до последното седиште со љубители на театарската уметност. Театарската претстава „Сонот на Гогољ“ зборува за еден провинциски човек кој доаѓа од Украина и се наоѓа во Санкт Петербург. Тој сонува за својата земја каде ќе ја сретне својата мајка, а ќе се најде и во лудница. Истакнатиот професор од Факултетот за драмски уметности во Софија, Иван Добчев, образложува дека актерите на Сфумато театарот од Бугарија ќе го доловат Гогољ преку човекот...
Post Views: 12
Се обнови бродската линија на релација Охрид Поградец. Во новата летна туристичка сезона донесено е решение за отварање на привремениот граничен премин од страна на министерството за внатрешни работи и Царинската управа. Од охридската капетанија информираат дека 80- тина туристи веќе се возеле на оваа линија. Според економските законитости засега потребите на пазарот се да се вози еднаш во неделатата, укажува капетанот Горан Устијаноски.
Задоволни се како во моментов функционира водениот сообраќај на Охридското езеро.
„Првата тура е реализирана без никаков проблем....
Post Views: 0
Денес е тешко да се предвиди како би изгледала иднината, но некои луѓе даваат идеи, други пак се обидуваат тоа да го претворат во реалност.
Ова е концепт на новата генерација за транспорт кој не изгледа неизведливо и предалеку. “Летечки ресторан” кој служи за превоз помеѓу градови може да биде своеврсна иднина на јавниот превоз за кратки релации.
Како и да е, иднината нема да изгледа онака како што ја замислуваме, но веројатно ќе биде интересна. Во продолжение можете да го видите видеото како некои луѓе ја замислуваат иднината на јавниот превоз.
{loadposition co...
Post Views: 0
Спортот ме научи на дисциплина и почит кон луѓето. Почнав како на шега да се занимавам со кик бок но денес од тоа живеам, вели младиот октишанец Бени Османоски, кој за нецела година се стекна со две нови светски титули. Неговата 11 годишна кариера во овој спорт бележи 58 борби во кои има претрпено само 7 загуби, 51 победа од кои 35 со нокаут, во категорија до 83 килограми.
„Беа тешки борбите, јас се борев и ја одбранав титулата на која бев носител во светскиот шампион и се борев, против турчинот Омер Кочак кој е светски шампион, стѕанува збор за силен борец, имавме...
Post Views: 1
Доцни поставувањето на подземниот контејнер наспроти маркетот Рамстор. Од Локланата самоуправа уште пред еден месец најавија дека контејнерот ќе биде ставен во функција, но овој проект сеуште не е реализиран.
Поради некои технички проблеми се оддолжи целата работа. Имаше некои пропусти во висината на контејнерот . Тие проблеми веќе се надминати и деновиве повторно ќе се активираат работите на терен. За десетина дена контејнерот треба да биде поставен, вели Томе Џамтоски-портпаролот на Локланата самоуправа.
Подземниот контејнер е составен од три контејнери кои имаат...
Post Views: 3
Со 1,65 милиони реализирани рецепти, лекот “enalapril” е топ број еден најкористен лек за 2012 година.
Тоа е за 7,8 проценти повеќе од 2011 година. Овој лек е во групата на кардиолошки лекови кои делуваат на ренин-ангиотензин системот. Зголемување на потрошувачката во однос на 2011 има и лекот за смирување Diazepam со 882.013 реализирани рецепти.
Ако се има предвид дека овој лек во многу аптеки се добива и без рецепт, тогаш неговата реална потрошувачка е многу поголема. Токму ваквата потрошувачка на антидепресиви беше иницијатива уште лани министерството за здравство...