Редовно се пречистуваат отпадните води со колекторот

Напливот на гости во шпицот на летната сезона не го попречува нормалното функционирање на колекторот. После подолго време во Црн Дрим се испуштаат пречистени води од втора и трета категорија.

 |   | 

Нема проблеми во функционирањето на колекторскиот систем во шпицот на туристичката сезона во Охрид и Струга, уверува Владимир Алексијески, директор на ДП Колектор. Капацитетот на системот е за 120.000 жители и без разлика на напливот на гости редовно се пречистуваат отпадните води. 

Понекогаш се случува застој на препумните станици како резултат на ниската еколошка свест на граѓаните кои фрлаат предмети на кои не им е место во секундарната канализација. Понекогаш им се случува прелевање на отпадните води во Грашница. Информираат дека наскоро ќе се зафат со справување со проблемот на овој потег. Како причина ја наведуваат ниската еколошка свест на граѓаните, а при минатонеделното снимање на системот откриле и повеќе проблеми меѓу кои затната цевка со пречник 1000 мм од огромен камен, корења и диви приклучоци.

Околу 720 метри од системот се снимени и се најдени аномалии. Искршени и споени цевки од атмосферска и секундарна канализација за да се слеваат во цевката од колекторскиот систем. Овој проблем ќе го решаваме по завршување на сезоната меѓу 15 септември и 1 октомври – истакна Алексијески.

Со минатогодишната санацијата на колекторскиот систем се решени многу горливи проблеми како што беа пумпните станици, непрочистениот цевковод во текот на 4 децении и запоставената пречистителната станица кај Враништа. Сега, во реката Црн Дрим завршуваат пречистени води од втора и трета категорија, информира Алексијоски. 

Во моментов тврдам, а тоа може да го потврдат и од Центарот за јавно здравје, затоа што како новина од оваа година, се вршат испитувања два пати во месецот. Водата која ја испуштаме е согласно стандардите кои се пропишани со Закон – додава тој.

Тековните проблеми кои се јавуваат на колекторскиот систем веднаш се одстрануваат. Од државното јавно претпријатие најавуваат и нови зафати за поекономично и подобро пречистување на отпадните води. Планираат поставување фрекфентна регулација на препумните станици со сопствените средства, со финансиската поддршка од Министерството за животна средина и Владата. Со обезбедување средства од ИПАРД 3 програмата во 2022 /2023 година планираат реконструкција на пречистителната станица во Враништа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top