Post Views: 5
Во месец август охридските пожарникари имале 17 интервенции. Се гаселе пожари на објекти, хотели, магацин, стрништа. Се интервенирало при 2 сообраќајни несреќи, имале 16 достави на техничка вода, 2 отклучувања на објекти и 3 обезбедувања на концерти и манифестации. Шест интервенции биле на запалени објекти, а останатите биле на гасења на пожари на отворено. Пожарникарите имале 5 интервенции на гасење на запален контејнер и на локализирање пожари во атарите на селата Лескоец, Волино, Лакочереј и Оровник. Исто така, пожарникарите интервенирале и на гасење на 5 запалени...
Post Views: 0
Во овој момент во општина Охрид нема сериозни проблеми од синоќешните дождови. Врнежите не предизвикаа сериозни проблеми, а во текот на ноќта имаше во одделни реони од градот и околни села кратки прекини со напојување на електричната енергија, информираат од Центарот за управување со кризи.
„ Реките имаат доволно можност да ја примат оваа количина на врнежи. Очекувањата попладне и во текот на ноќта се дека времето полека ќе се смирува и не се очекуваат сериозни нови врнежи од дожд“, информира Митко Темелкоски од ЦУК.
Нема излевање на речните корита и канали затоа што...
Post Views: 7
Се проценува дека еден човек годишно пуши по 2310 цигари или 115 кутии. Лекарите предупредуваат дека од вкупниот број смртни случаи на возраст од 35 до 69 години, 21% се како последица на пушењето.
Тројца здравствени работници се фатени со цигара на работното место и бидејќи го прекршиле законот против пушење се соочуваат со прекршочни пријави. Од државниот санитарен инспекторат, кој годинава спровел 470 -тини теренски контроли се свесни дека законот против пушење не се почитува секаде, но очеуваат тоа да го прават барем оние што треба да ја подигнат свеста за штетноста...
Post Views: 1
Македонија повеќе увезува отколку што извезува мед. Ваквата констатација произлегува од пчеларскиот еснаф, кој во моментов според кажувањата на претседателот на Пчеларското Здружение, Охрид од Охрид Тони Јосифовски се соочува со повеќе проблеми. Според него проблем за домашните пчелари е нелојалната конкуренција, вештачкото производство, но и нереалните цени кои им го руши производството.
„Македонија е соочена со тој проблем, бидејќи слаб е одзивот на надлежните органи да го контролираат тој проблем“ – вели Јосифоски.
Просечното производство е 15 килограми мед...
Post Views: 11
Годинава Струшките вечери го слават својот златен љубилеј, 50 години „Струшки вечери на поезијата“. Интересот и за годинава на поетите за учество на фестивалот е огромен. Од организацијата откриваат дека за прв пат годинава на фестивалот ќе учествуваат околу 130 тина странски поети од 71 земја.
„ Годеншното фестивалско издание ќе биде една вистинска вавилонска кула на јазици. Задовојни сме што годинава ќе имаме и претставници од земји кои што ретко доаѓале или не се спомнуваат во хрониките на самиот фестивал. како куриозитет на овај фестивал е што изведбата на Т’га...
Post Views: 2
На најстариот аматерски спортски клуб во градов му прети опасност од затворање. Атлетскиот клуб „Охрид“ кој е формиран уште во далечната 1977год и егзистира повеќе од 40 години, А кој е расадник на голем број атлетичари, поради финанасиски проблеми може да згасне.
Блокирана е жиро сметката веќе 3-4 години и не гледаме излез дека може нешто да се направи единствено ако државата застане зад клубот или пак ако општината ни подаде рака па да излеземе од таа криза во која се наоѓаме моментално, вели Пецо Неданов- претседател на атлетскиот клуб „Охрид“.
Атлетичарите од „Охрид“...
Post Views: 6
Општина Охрид согласно Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП ,,Билјанини извори”-Охрид бр. 07-785/20 донесена од страна на Советот на Општина Охрид, на седницата одржана на ден 29.10.2014 година и Одлуката за дополнување на Oдлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти бр.07-4189/41 од 30.12.2014 година, објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП ,,Билјанини извори” Охрид.
Субвенционирањето...
Post Views: 40
Распослан на површина од 30 хектари, некогаш еден од најатрактивните авто-кампови на охридската ривиера, авто-кампот „Андон Дуков“ сега е во очајна состојба. Во уште полоша состоба е и објектот на некогашниот хотел „Меркур“ кој фактички е руина. Со улично осветлување кое речиси и да не функционира и хигиена во кампот која е под секое достоинство, овој некогаш атрактивен туристички објект сега е само сенка на она што некогаш претставувал.
Рака на срце се правеа обиди да се реши и урбанизира овој атрактивен дел од охридското крајбрежје, па така пред помалку од две години...
Post Views: 7
Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески беше во посета на Територијалната противпожарна единица во Охрид.
На средбата со охридските пожарникари и комадирот Спасе Прентовски, градоначалникот се информираше за подготвеноста на службата, како и за превентивните мерки и активности кои треба да се преземат со цел да се спречат пожари од поголеми размери во Охридскиот регион.
Беше разговарано и за подобрување на условите за работа на пожарникарите, набавка на дополнителна опрема и возила. Исто така, се разговараше за потребата од дополнителна опрема за товарното...
Post Views: 4
Во населбата Бараки „Гоце Делчев“ и на улицата Дејан Војвода граѓаните јавуваат за зголемено присуство на глувци во нивните средини. Жителите стравуваат од заразни болести кои ги пренесуваат овие глодари. Од Центарот за јавно здравје пак, информираат дека досега не добиле информција за појава на наезда на глувци во делови од градот, а ја најавуваат редовната планирана системска дератизација во градот и околните места, кажува епидемилогот од Центарот за јавно здравје д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.
„Планирано е на почетокот на септември да се изведе системска...
Post Views: 1
Англичани, Холанѓани, Белгијци, Турци, Израелци и од каде уште не ова лето пристигнаа гости во Охрид. Но многу често поставувано прашање е колкав е бенефитот од нив, односно каков е импактот на туристите врз охридската економија. Не е ретко да се слушне дека градот врие од гости, но дека тие се слаби потрошувачи. И навистина, некои гости полесно го отвораат кесето и трошат пари и вон она што им е предвидено во самиот аранжман, а некои пак се поскржави. Според светските анализи, англичаните според нивото на потрошувачка се на прво место, додека пак за холандските туристи...
Post Views: 2
Седум квадратни километри, 200.000 пријави за државјанство и даноци кои не морате да се плаќаат, тоа е Liberland.
Овие денови нема кој нема слушнато за Liberland – самопрогласената држава на Дунав помеѓу Србија и Хрватска. Претседателот е еуроскептик и доаѓа од Чешка, политичарот Vit Jedlicka, а официјален јазик е чешки и англиски.
Како што вели господинот претседател оваа држава, која се простира на 7 квадратни километри, откако излегоа во јавност примиле околу 200.000 пријави за државјанство од целиот свет.
Jedlicka вели дека во неговата држава многумина ја нудат својата...