ГЕОРГИЕСКИ ВО ПОСЕТА НА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески беше во посета на Територијалната противпожарна единица во Охрид.

 |   | 

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески беше во посета на Територијалната противпожарна единица во Охрид.

На средбата со охридските пожарникари и комадирот Спасе Прентовски, градоначалникот се информираше за подготвеноста на службата, како и за превентивните мерки и активности кои треба да се преземат со цел да се спречат пожари од поголеми размери во Охридскиот регион.

Беше разговарано и за подобрување на условите за работа на пожарникарите, набавка на дополнителна опрема и возила. Исто така, се разговараше за потребата од дополнителна опрема за товарното противпожарно возило од марката „Ивеко-Магирус“ кое општина Охрид го обезбеди преку донација во 2019 година.

Охридската противпожарна служба, од почетокот на оваа година до денес реализирала над 180 успешни интервенции на територијата на Охридскиот регион.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top