Три домашни рецепти за отстранување забен камен

Post Views: 2 Таложењето на забен камен на забите е нелагодна појава која ги погодува сите возрасти, а и која ги уништува непцата и забите. Ако сакате да ги отстраните наслагите на забен камен и да го спречите неговото појавување, испробајте ги трите едноставни домашни начини кои навистина делуваат.-Јаболкова киселина – Во чаша ставете јаболкова киселина и во неа ставете ја четкичката за заби да отстои неколку минути. Потоа со четката добро исчеткајте ги забите две до три минути. По четкањето со јаболковата киселина измијте ги забите со паста за заби и добро исчеткајте ја усната шуплина.-Алое...

Continue reading

Во Охрид се одржа научна дискусија на тема „Богомилството без граници“

Post Views: 0 „ Богомилството без граници“ е темата  на научната дебата како финална активност на проектот „Богомилското движење и Богомилската книжевност“. Тоа е проект кој започна на иницијатива на Македонската  академија на науките и уметностите од 2014 година. Во изминатиoт период на оваа тема се направени многу активности  и теренски истражувања, вели Маја Ангелоска Панова од Македонскиот институт за  национална историја. „Целта е да се дефукусираме од националистичките присвојувања на Богомилството. Затоа произлезе насловот „Богомилството без граници “ туку да се третира како...

Continue reading

Охрид нема концертна сала

Post Views: 10 Охрид нема концертна сала. Иако овој проект години наназад беше најавуван како еден од приоритетните, сеуште не е ниту започната негова реализација. Концертната сала му е потребна на градов за да можат да се организираат музички настани од повисок ранг, но пoвеќе од потребна му е и на фестивалот Охридско лето. Тоа го истакна и директорот на овај реномиран фестивал, Оливер Арсовски, кажувајќи дека поради немањето концертна сала во градов повеќе настани од овогодинешното издание на Охридско лето, кои поради лошите временски услови не можеа да се одржат на отворено, беа...

Continue reading

vladici

Српските владици ќе расправаат за автокефалноста на МПЦ

Post Views: 5 Колку СПЦ е подготвена да направи компромис за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА? Се очекува ова прашање да биде дел од расправата на пролетниот собор на Синодот на СПЦ, кој се одржува веќе една недела. Изминатите години српските архијереи се покажале доволно ригидни во односот со МПЦ и не сакаат да се изјаснат кој би бил нивниот компромис во врска со подготвеноста да ѝ се даде томос за автокефалност на МПЦ. Минатата година српскиот претседател Томислав Николиќ во официјална посета на Македонија рече дека долгогодишниот спор меѓу двете цркви е решлив, но за тоа...

Continue reading

Поголем дел од жителите од Долно Лакочереј се без канализација

Post Views: 1 Жителите од Долно Лакочереј бараат изградба на фекална канализација. Не сакаат јавно да зборуваат пред камера, но порачуваат дека е време да се заштити реката и животната средина од понатамошно загадување. Се обидовме да стапиме во контакт со претседателите на двете месни заедници на Горно и Долно Лакочереј, но без успех. Ниеден од двајцата први луѓе на  месните заедници не беа достапни за коментар. Се обративме и до еколозите од Грашница. Тие напоменуваат дека уште од 1990 година е изработена  Физибилити студија за охридско – струшкиот регион и за делот на Поградец...

Continue reading

Jubilej Strushki veceri na poezijata

Јубилеј за паметење

Post Views: 1 Струга, еден од највоспеаните градови во светската литература во Македонија, е прагот низ кој поминале илјадници поети, кои на илјадници јазици ги испеале своите поеми. Со музичката изведба на антологиската поема Т’га за југ, од страна на тенорот Благој Нацески и палењето на фестивалскиот оган, синоќа беше означен почетокот на 50-то јубилејно издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. На свеченото отворање на манифестацијата кои се случи на Мостот на поезијата,  беа прочитани и стихови од досегашни добитници на Златниот венец на поезијата како и од годинешниот...

Continue reading

Цветков: Пастрмката сеуште ја нема доволно во Охридското Езеро

Post Views: 0   Охридското Езеро ќе се порибува со 2 200 000 помладок пастрмка. Годинава Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, за таа цел издвои 10 милиони евра. Министерот Михаил Цветков, истакна дека досега ова е најголема количина на риба што ќе биде фрлена во езерските води и нагласи дека од година во година тој тренд ќе расте. „Секако гледате дека фрламе голем број на рипчиња…но реалноста кажува дека немаме многу пастрмка во Охридското Езеро. Јас на стручните лица ги прашав колку од фрлените два милиони и нешто пастрмка остануваа, …ми рекоа дека...

Continue reading

Библиотека

Нови наслови во Библиотеката

Post Views: 0 Од новиот контингент набавени книги тимот од НУ „Григор Прличев“ од Охрид оваа недела ви ги предлага следните наслови: „Баба ми ве поздравува и ви се извинува“ од Фредерик Баркман, „Свекрва“ од Сели Хелворт. Во изборот од девет книги се и: „Гала – Дали“ од Кармен Доминго, „Последниот воз за Истанбул“ од Ајше Кулин и „Пукнатина“ од Јозеф Карика. Не помалку интересни за читање се и следните романи: „Ана“ од Николо Аманти „Децата на злото“ од Миодраг Мајиќ и „Викендичка со базен“ од Херман Кох, како и „Мирисот на листовите чај“ од Дајана Џефрис. До први септември пултот...

Continue reading

540 првачиња од општина Охрид денес за прв пат седнаа во училишните клупи

Post Views: 13 540 првачиња од општина Охрид денес за прв пат седнаа во училишните клупи. Почетокот на новата учебна година за нив е и ново поглавје во нивниот живот. Завршуваат безгрижните детски денови и почнуваат школските обврски, учење и надоградување за еден ден да станат личности кои ќе придонесат за поголем квалитет на живеењето во градов. По повод стартот на новата учебна година, заменик градоначалникот Ангел Јанев го посети основното училиште „Св.Климент Охридски“, каде  на учениците им посака успешен почеток и постигнување на што подобри резултати. Започнува една нова...

Continue reading

Се вработија сите волонтери во охридска болница

Post Views: 0   Статус на вработени доби и последната група на волонтери во ЈЗУ Општа болница Охрид. Денес во просториите на управата на болницата вкупно 22 лица потпишаа решенија. Со тоа се заокружи проектот на Министерството за здравство, вели првиот човек на установата Љубен Арнадов, додавајќи дека со тоа на сите 76 лица кои беа ангажирани во болницата на различни работни места им се реши проблемот со вработувањето. „Денес имаме еден убав ден завршува еден проект со волонтерите, акосе сеќавате беше една група од 76 волонтери кои работеа во болницата, со примања кои стварно по законите...

Continue reading

Градинката „Билјана“ повторно ставена во функција

Post Views: 0 Од денес дечињата повторно се згрижени во објектот „Билјана“на градинката „Јасна Ристеска“.  Овој клон повеќе од еден месец беше затворен поради проблеми предизвикани од излевањето на канализационата цевка од зградата која се наоѓа над градинката, а  која поминува низ пералната на објектот. Направени се сите подготовки, објектот е дезинфициран, исчистен со помош на Центарот за јавно здравје, направена е комплетна дезинфекција на целиот инвентар, испрана е постелнината и објектот е ставен во функција, вели Розе Костоска- директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Но проблемот...

Continue reading

Windows 10 покрај “Start” ја враќа и легендарната игра поврзана со Microsoft

Post Views: 18 Очигледно е дека долгите и беспредметни дискусии околу отфрлањето на “Start” ја натера екипата од Редмонд да врати уште еден митски состваен дел од Wndows која одбележа еден голем период наназад.Се работи за играта Solitaire која заедно со игрите Minesweeper и  Hearts беа заштитен знак на Windows и играње на компјутерите, се додека во Windows 8 и 8.1 не беа исфрлени. Игратра не исчезна потполно бидејќи беше достапна на официјалниот Windows Store, но како и за класичното копче Start така и за играта, поприлично голем број на корисници сакаа играта да си биде на своето...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top