Во Охрид се одржа научна дискусија на тема „Богомилството без граници“

Во Охрид се одржа научна  дискусија на тема „Богомилството без граници“.

 |  Валентина Неловска  | 

„ Богомилството без граници“ е темата  на научната дебата како финална активност на проектот „Богомилското движење и Богомилската книжевност“. Тоа е проект кој започна на иницијатива на Македонската  академија на науките и уметностите од 2014 година. Во изминатиoт период на оваа тема се направени многу активности  и теренски истражувања, вели Маја Ангелоска Панова од Македонскиот институт за  национална историја.

„Целта е да се дефукусираме од националистичките присвојувања на Богомилството. Затоа произлезе насловот „Богомилството без граници “ туку да се третира како заедничка придобивка, како универзална, цивилизациска придобивка значајна која го надминува просторот на Балканот и има свои импликации во земјите на Западна Европа  одразувајќи се во катаризмот и лолардството“, истакнува   Маја Ангелоска Панова од Македонскиот институт за  национална историја.

Во таа насока ушт ево 2010 година во Охрид се органзирала летна школа наречена Богомилството како културен мост помеѓу Истокот и Западот. Во неа учествувале експерти од Балканот и Европа и биле засегнати многу прашања поврзани со Богомилското движење.

„Богомилството се толкуваше од аспект на неговата интердисциплинарност, имаше дискусии и за политичките  импликации на Богомилството во Босна  што е случај и кај нас. Во потрага по идентитет некои од луѓето имаат потреба да се идентификуваат како богомоли, како што е случајот со помаците во Бугарија или торбешите во Македонија“, нагласува Ангелоска Панова.

На денешната научна дебата беа присутни академици и  екперти од Македонија и Бугарија, како и научни работници  од Универзитетите од Глазгов и Лондон.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top