Post Views: 2
Во врска со доцнењето на дистрибуцијата на учебниците по „Кембриџ“ програмата Твм ТелевизиА доби официјален одговор од издавачката куќа „Арс Ламина“. Во дописот кој го добивме од Директорот на издавачката куќа Горан Црвенковски, стои дека основна причина за доцнењето е аа што учебниците се работат по програма одобрена од Кембриџ и вообичаената процедура подразбира секој превод и адаптација на истите да минат низ ригорозна контрола и проверка од страна на CIE (Центарот за меѓународни испити од Кембриџ).
Бидејќи учебниците за седмо, осмо и деветто одделение се многу пообемни...
Post Views: 7
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Разбојништво“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.А. (38) од струшкото село Делогожда.
На трети овој месец, околу 02.00 часот,пријавениот, со намера да изврши кражба пристигнал во охридското село Ново село и затропал на вратата од куќата сопственост на З.Д. (56). Таа, му ја отворила вратата откако Ф.А. и кажал дека сака леб, по што влегол во внатрешноста на куќата. Во момент кога З.Д. се упатила кон кујната, пријавениот ја заклучил влезната врата, се упатил во кујната каде била оштетената и веднаш со...
Post Views: 0
Имајќи во предвид дека не успева да држи чекор со нашата бескрајна потреба за сѐ поголема потреба за побрз пренос на информации, интернетот полека, но сигурно, е близу до исполнување на сите свои капацитети, предупредуваат научниците.Поради тоа минатиот месец на состанок во Лондонското кралско друштво, се повикани водечките инженери, физичари и телекомуникациски компании за да се обидат да утврдат како би го решиле овој проблем.“Развојот на технологијата, како интернет телевизијата, стриминг сервисите и сѐ повеќе моќни компјутери значително го зголеми оптеретувањето...
Post Views: 2
Охрид домаќин на првиот конгрес на црноморската асоцијација од областа на наука и технологија за производство на храна. Целта на конгресот е сите научници, не само од земјава туку и од целиот регион, да прикажат на останатите научници од светот, што сработиле, што знаат ново и тоа да го прикажат пред научната заедница. Професор Владимир Какуринов, извршниот директор на Консалтинг и тренинг центарот КЛУЧ, посебно се осврна на иновациите и достигнувањата од македонската научна фела.
„Гледавме се она што е најново од различни области да биде застапено. Пример имаме презентација...
Post Views: 8
Наскоро треба да започне реконструкцијата на езерскиот кеј. Општина Охрид распиша тендер со кој бара изведувач на градежните работи на кејот. Рокот за доставување на понуди е до 12 октомври. Граѓаните го поддржуваат ваквиот зафат но имаат и свои предлози.
„На кејот му треба обавезно нов лик, но нема марина, а секоја година има се повеќе пловни објкети ,а нема каде да се остават. Пристаништето е разрушено и срамота е што ништо не е направено“.„Апсолутно му треба реконструкција. И паркот треба да се поправи, доста работи има запоставено. Охрид е туристичко место доаѓаат...
Post Views: 13
Православните верници во земјава се изложени на најголеми трошоци кога станува збор за венчавка, погреб, крштевка или слава, наспроти поевтиниот ценовник на Исламската верска заедница и либералниот ценовник на Католичката црква во Македонија, пренесува „Инфо+“ порталот.
Според ценовникот на Македонската православна црква, од 1.500 до 3.000 денари плаќа семејството на покојникот, ако на погребот пее еден поп. Цената двојно се зголемува, ако дојде уште еден поп. Свеќите се купуваат, бидејќи така требало велат од Скопската епархија. Две илјади и четиристотини денари чини...
Post Views: 5
Претседателот на комисијата за економија, Драган Тевдовски денес во посета на Охрид. Тој рече дека со неговиот тим разговарале со сопствениците на мали бизниси и со граѓаните во врска со економската состојба во државава и во градов и речиси сите кажале дека многу тешко врзуваат крај со крај. За да порасне животниот стандард на мнозинството граѓани кои секојдневно работат и живеат од своите плати, а не од приходи од капитал потребно е да растат платите во Македонија, рече Тевдовски. Тие имаат пакет мерки со кои ќе ја подобрат економијата во државава.
Освен што ќе обезбедиме...
Post Views: 7
Поводи кои секогаш даваат можност да се вратиме на својата историја. Во рамките на одбележувањето на големите јубилеи и годишнини поврзани со делото на браќата Миладиновци, 200 години од раѓањето на Димитар, 150 години од излегувањето на зборникот е и научниот симпозиум кој денес свечено беше отворен во спомен домот на браќата Миладиновци. Директорот на НУ Музеј „Др Никола Незлобински“, доц. Др Сашо Цветкоски вели дека уште при основање на спомен домот на Браќата Миладинвци, некаде во 70 сетите години од минатиот век, замислата била овој простор да биде музејска институција,...
Post Views: 9
Секојдневните работни активности може да се реализираат без автомобил. Оваа порака денес ја испратија охридските велосипедисти до своите сограѓани и сите граѓани во Р. Македонија. Со цел зајакнување и подигање на свеста на граѓаните за здравјето, квалитетен живот и здрава животна средина, нашиот град го одбежа Европскиот ден без автомобили. По тој повод во организација на Локалната самоуправа односно Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад, се одржа дефиле низ охридските улици. Во првиот ред на велосипедистите застана градоначалникот на Охрид Никола...
Post Views: 2
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.М. (47) од Охрид.
При извршен преглед на патнички автомобил, сопрен на улицата „Васил Стефоски” во Охрид, тој, пред полициските службеници исфрлил кеса со марихуана – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 1
Речиси на самиот крај на првиот училишен месец, полека привршува дистрибуцијата на учебниците по програмата Кембриџ во охридските училишта. Оштетените и дотрајани учебници пак, ќе се заменуваат тековно, според Законот за учебници од основно и средно образование, информираат од охридските училишта.
Охридските ученици полека ги добиваат учебниците по кои ќе можат да учат според Кембриџ програмата. Од охридските училишта информираат дека неделава пристигнаа и учебниците за седмо, осмо и деветто одделение по предметот Математика на кои најдолго се чекаше. Меѓутоа сеуште...
Post Views: 5
Утрово во земјава пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Република Хрватска. Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата.
Ова е втора донација на вакцини „Астра Зенека“, од страна на хрватската Влада.
На почетокот од месец јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.
Солидарноста и подадената пријателска рака во време на пандемијата е чин што целиот процес на борба против корона вирусот го прави поуспешен. Министерот за...