Уништени канделабри на градскиот плоштад

Post Views: 7   Уништени канделабри во централното градско подрачје во Охрид. На градскиот плоштад од неколку канделабри висат електрични кабли. Тоа не само што претставува грда слика за ова фрекфентно место каде што најмногу циркулираат родители со мали деца, туку е потенцијална опасност по безбедноста на луѓето. Па оттука и оправдани се стравувањата на граѓаните кои ги анкетиравме дека надлежните треба да ги санираат штетите, а несовесните граѓани да престанат да дивеат по општото добро на градов. „Посебно треба да се внимава, бидејќи многу деца од незнаење можат да ја пикнат раката...

Continue reading

Охрид низ перото на патеписците

Post Views: 3 Уште во далечната 1099 година арапскиот географ Ал Шариф Ал Идриси ќе напише „Охрид е великолепен град со многу резиденции и митрополии. Распослан на врвот на убав рид покрај големо сино езеро”. За Охрид пишувале многу патотписци, а најзначајните нивни белешки во изминативе 1000 години конечно се собрани во една книга, делото „Патописците пишуваат за Охрид”., на истакнатиот научен работник, историчарот на уметност со археологија, Гоце Ангеличин Жура. Книга која како вели авторот, сите охриѓани заслужуваат да ја чуваат под перница. „Оваа книга треба да биде во илјадници...

Continue reading

LG во Њујорк официјално го претстави G4

Post Views: 5 Со оглед на тоа дека имаше доста информации и фотографии пред самото претставување, немаше многу изненадувања. Новиот G4 го покренува нов 6-јадрен процесор Qualcom Snapdragon 808 со 64 битна поддршка, додека за безгрижен мултитаскинг се грижи 3GB работната меморија, односно 32 GB интерната меморија со можност за проширувње со micro SD картичка. Што се однесува до екранот, новиот G4 може да се пофали со LCD QHD екран со дијагонала од 5,5 инчи со одличен агол при гледање во него. Она што е интересно е неговото име – имено, наречен е “Quantum dot”, а наводно така го нарекле...

Continue reading

Нов модел за пријавување и плаќање на сезонските работници во туризмот

Post Views: 3 Во Македонија пазарот на труд се менува, ако некогаш работодавачите знаеа на терет на големата понуда на работна сила на пазарот да злоуптребат одредени работнички права или да бараат повеќе од онашто ќе платат, сега ситуацијата е поинаква бидејќи во многу стопански гранки недостасува работна сила. Организацијата на работодавачи на Македонија заедно со Асоцијацијата на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови – ХОТАМ со иницијатива за измени и дополнувања на законската регулатива која се однесува на ангажманот на сезонските работници. Имено според бизнисмените од секторот...

Continue reading

Кога купувате на интернет не наседнувајте на лажни страници

Post Views: 5   Од ден на ден се поголем е бројот на луѓе кои го користат интернетот како место за шопинг. Овој начин на купување има свои предности како што се избегнување на метежот во шопинг центрите, но и заштеда на време. Но од друга страна пак има и одредени негативности бидејќи сведоци сме дека во последно време се повеќе на социјалните мрежи се нудат брендирани производи од познати светски марки, кои навидум наликуваат на оргиналите, а кога ќе стигнат на вашата адреса се вистинско разочарување. Дали некој тоа го контролира во нашата земја и како да се заштитиме од ваквите...

Continue reading

mortalitet

Пораст на морталитетот во Македонија

Post Views: 2 Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 3,4 отсто во однос на претходната година и изнесува 20.134 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10.523 или 52,3 отсто од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 230 и нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1,1 отсто на 100 умрени лица. Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 70,3 години, односно 74,4 години кај лицата од женски пол, или за 4,1 година повисока просечна возраст се бележи кај жените. Како и...

Continue reading

Во градов има зголемена појава на глодари, се жалат граѓаните

Post Views: 5 Граѓаните од стариот дел на градот се жалат дека има зголемена појава на глувци. Пред еден месец на тоа реагираа и граѓаните од населбата Бараки „Гоце Делчев“ и од  улицата „Дејан Војвода“. Од Центарот за јавно здравје тогаш информираа дека на почетокот на септември ќе се изврши дератизација со кој требаше да бидат опфатени 3000 шахри во охридскиот регион, но досега ваков зафат не е направен. Заради неповолните временски услови не можевме да ја спроведеме дератизацијата на почеток на септември како што беше планирано така да ќе се спроведе во среда, четврток и петок...

Continue reading

plaza galeb

„Скалила“

Post Views: 9 Велат времето лечи се, но постојат рани кои тешко заздравуваат. После година дена од трагичниот настан, кога на 11 септември од струен удар загинаа тројца стружани, на местото на несреќета се открива споменик. Утре со почеток во 11 часот, членовите на потесното семејство на загинатите, поточно нивните деца ќе го откријат споменикот. На споменикот покрај иницијалите на починатите, ќе биде напишана посвета од најблиските. Скулптурата е насловена како „Скалила“, и всушност тоа ќе претставува спомен за минатото и чест кон починатите, а воедно и порака за иднината. Споменикот...

Continue reading

Увоз на работна сила ќе бараат хотелиерите и угостителите од охридско – струшкиот регион

Post Views: 1 На охридско- струшката ривиера во угостителските и хотелските објекти недостасува стручен  кадар. Нема квалифицирана работна сила за работа во кујна, менаџери за управување со објектите,  кувари и  келнери, како и специфичен кадар за работа во СПА центрите. Хотелиерите и организацијата на работодавачи предлагаат увоз на одредени профили за да се задоволат потребите во оваа бизнис сфера. Тие ги бараа причините и решенијата за унапредување на бизнис климата во регионот. Претседтелот на Здружението на хотелиери, Крсте Блажески вели дека работодавачите од оваа сфера проблемот...

Continue reading

Филип Кривокапиќ за утрешниот натпревар против Еурофарм Пелистер 2

Post Views: 6 Гладијаторите во сабота ќе ја пречекаат екипата на Еурофарм Пелистер 2 во рамките на регуларниот дел од Супер лигата. Ракометарот на ГРК Охрид, Филип Кривокапиќ, со негов став околу утрешниот натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер 2. Сигурно дека нѐ очекува еден неизвесен натпревар и одлична атмосфера на трибините на кои ќе бидат нашите „РИБАРИ” и навивачката група „Чкембари”. Кога е во прашање екипата на Еурофарм Пелистер 2 секогаш резулатот бил неизвесен. Клучни биле еден или два гола разлика и два пати имаме завршено нерешено. Ова е значаен натпревар...

Continue reading

На ФТУ Охрид, сеуште има слободни места

Post Views: 9   Во учебната 2016 – 2017 година на ФТУ во Охрид вкупно се запишани 257 нови студенти. Од деканатот на овој факултет задоволни се бројот на запишани студенти бидејќи со тоа успеале да се рангираат на првото место на факултети, од Универзитетот „Св Климент Охридски“ Битола. Денес на ФТУ е четвртиот уписен рок. Продеканот Доц. д-р Александар Трајков, за ТВМ појаснува од каде се наложила потребата и за четврт уписен рок. „Државните квоти се целосно потполнети со исклучок на насоката осигурување каде што има само уште едно слободно место, додека сеуште имаме слободни места...

Continue reading

„ПУРА ВО ОСАКА“ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЖИВКО ЧИНГО

Post Views: 2 Расказот „Пура во Осака“ под шифра „Архина“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2021 година што општина Охрид ја доделува по повод Традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“. По распишаниот Конкурс на општина Охрид за најдобар расказ биле пристигнати 47 раскази. Жири комисијата во состав, проф. д-р Димитар Пандев- претседател, проф. Славе Ѓорѓо – Димоски член и Тоде Илиески – член, издвои десет раскази во поширок и три раскази во потесен избор. На работниот состанок одржан на 06.08.2021 година, едногласно било одлучено наградата „Живко Чинго“...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top