Филип Кривокапиќ за утрешниот натпревар против Еурофарм Пелистер 2

Гладијаторите во сабота ќе ја пречекаат екипата на Еурофарм Пелистер 2. Ракометарот на ГРК Охрид, Филип Кривокапиќ, со негов став околу утрешниот натпревар.

 |   | 

Гладијаторите во сабота ќе ја пречекаат екипата на Еурофарм Пелистер 2 во рамките на регуларниот дел од Супер лигата. Ракометарот на ГРК Охрид, Филип Кривокапиќ, со негов став околу утрешниот натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер 2.

Сигурно дека нѐ очекува еден неизвесен натпревар и одлична атмосфера на трибините на кои ќе бидат нашите „РИБАРИ” и навивачката група „Чкембари”. Кога е во прашање екипата на Еурофарм Пелистер 2 секогаш резулатот бил неизвесен. Клучни биле еден или два гола разлика и два пати имаме завршено нерешено. Ова е значаен натпревар како за нас така и за нив. Крајниот исход ќе одлучува дали ние ќе ја задржиме 5-та позиција и дали тие ќе се искачат на 3-та позиција. Пред сѐ, мислам дека ќе одлучува одбраната. Многу е важно да одиграме јака и цврста одбрана со можност за полу-контра и контра напад до лесни голови. Имавме интезивни тренизи и видео анализа. Ја остваривме првата цел која ни беше зацртана, а тоа беше влез во плеј-оф. Нашите амбиции и желба во клубот да бидеме што погоре на табелата остануваат и понатаму. Се надевам дека ќе победиме и ќе славиме со нашата публика – истакна Кривокапиќ. 

Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 18 и 30 часот.

Влезот ќе чини 50 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top