Post Views: 0
На 24.02.2022 година, при сообраќајни контроли спроведени од 11 до 16 часот, полициските службеници затекнале 23 пешаци кои, небезбедно и надвор од пешачки премин, преминале коловозна лента (Охрид-08, Струга-07, Кичево-07, Дебар-01).
Ним, издадени им се прекршочни платни налози – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 13
Секој буџетски денар мора да биде на увид на граѓанинот, порача генералниот секретар на најголемата опозициска партија во земјава Оливер Спасовски. Тој денес на градскиот плоштад одржа прес конференција. Спасoвски рече дека времето на неодговорни политичари завршило. Додаде дека тие како одговорна политичка партија ќе овозможат сите граѓани да имаат редовни и точни информации во кои проекти се вложуваат нивните пари што се слеваат во буџетот на РМ.
„Сите државни институции ќе имаат обврска да доставуваат детални месечни извештаи за сите исплатени пари од буџетот....
Post Views: 3
Јавната установа Национален парк „Галичица“ и изведувачот на работите за реконструкција на патниот правец преку Галичица ја информираат јавноста дека од понеделник, 9-ти август 2021 година до петок 13-ти август 2021 ќе продолжат градежните активности.
За непречено одвивање на активностите на терен, патниот правец ќе биде затворен за сообрајќај од 08:00 до 17:00 часот, секој ден, од превојот Баба во насока на Отешево. Сообрајќајот од Охрид до превојот Баба ќе се одвива непречено. Јавната установа Национален парк Галичица, заради зголемениот број на јавувања од страна...
Post Views: 2
Охрид е домаќин на спортските игри на телесните инвалиди од Македонија. Овие игри се одржуваат по четврти пат, а нашиот град по прв пат е нивни домаќин. Трудови инвалиди од повеќе градови од државава се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини, како што се трчање на 100 метри, шах, домино, пикадо, фрлање ѓуле. Ваквите средби за овие лица значат можност да излезат од своето секојдневие и да поминат убави моменти заедно со останатите луѓе кои својот инвалидитет најчесто го добиле на работното место.
Овие спортски игри значат многу за нас бидејќи се дружиме, спортуваме,...
Post Views: 2
Граѓаните на Охрид бараат поголема активност на терен од вработените во Локалната самоуправа, но и на охридските советниците. Дел од граѓаните кои денес ги анкетиравме, се изјаснаа дека градската власт но и нивните избраници во градскиот совет треба да бидат постојано во контакт со граѓаните во сите делови од општината. Исто така сметаат дека советниците треба да бидат поупорни во барањето увид во работата на локалната администрација. Еве кои прашања ги упатија дел од анкетираните граѓани до локалната .
Ветуваше дека ќе има современ пазар, колку е точно и кога ќе биде...
Post Views: 4
Одговорот на прашањето како да се украдат милијарда долари во три дена го знае 28 годишниот бизнисмен од Молдавија кој токму тој износ го подигнал од три банки.
Сиромашната екс советска република остана во шок откако се дознало дека од три банки во ноември минатата година исчезнале околу една милијарда долари што е еквивалент на 12% од молдавскиот БДП.
Истрагата дошла до заклучок дека зад сето тоа стои 28 годишниот молдавски бизнисмен Ilan Shor – еден од најбогатите луѓе во земјата чиј татко фамилијарното богатство го стекнал отворајќи ги првите duty-free продавници...
Post Views: 2
На просторот во близина на кружниот тек кај охридската болница, никна мини пазарче. Десеттина продавачи секој ден тука ги нудат своите производи. Има од се по нешто, пиперки, патлиџани, грозје, тиква, костени, ореви и друг сезонски зеленчук и овошје. Продавачите велат дека ова место го избрале за да ги продаваат своите производи поради тоа што е многу фреквентно и има доста купувачи, а и им е поблиску до нивните домови.
И оние кои купуваат зеленчук и овошје на ова импровизирано зелено пазарче се задоволни од понудата и цените по кои тоа се продава.
Од пред една година...
Post Views: 1
По повод Денот на гладта, 16 октомври и Недела на борба против гладта (16-22 октомври), под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” Црвен крст Охрид спроведува кампања за помоШ на најсиромаШните наШи сограѓани.
Активностите се насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид.Во текот на Неделата на борба против гладта од 16-22 октомври, во поголемите маркети во Охрид Ќе бидат поставени видно...
Post Views: 4
Животните во Македонија од 1 октомври ќе може да се хранат со генетски модифицирана (ГМ) храна. Тоа им го овозможува Правилникот што го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство во согласност со Министерството за животна средина. Дел од граѓаните бараат да бидат информирани какви опасности може да има тоа за нивното здравје, други веќе најавуваат – збогум на месото, млекото, сирењето, јајцата..!
Последиците се гледаат подоцна
Зоран Поповски, професор на Факултетот за земјоделски науки на УКИМ и раководител на Катедрата за биохемија и генетско инженерство, вели дека...
Post Views: 2
Охриѓани на отворените денови со катастар и понатака најмногу се интресираат за проблемите настанати од авионското снимање. Минатата година во катастарот се обратиле 157 граѓани ,а оваа година на првиот ден имало 42 -ца граѓани кои побарале некакво решение од катастарот за овој проблем. Славче Трпески , директор на Агенцијата за катастар на недвижности тврди дека за да им се олесни постапкаата на граѓаните со овој проблем донесени се законски измени.
„Оваа пролет направени се измени на Законот за недвижности каде е овозможено без геодетски елаборат со изјави...
Post Views: 3
Денес претставници од „Синергија плус“, агенцијата за финансиска писменост учесничките ги запознаваа со начините, како подобро да се менаџира со финансиите.Односно како откако ќе ја пронајдат работата, да се менаџираат приходите кои ќе се стекнат, зошто денес не е доволно само да имаш приходи треба да се знае што да се прави со нив, вели Коста Мицкоски – генерален менаџер на. „Синергија плус“.
„Сето тоа би требало да претставува еден коктел на корисна практична применлива обука која посетителките ќе можат да ја искористат лично за себе и со истото да си ја надградат,...
Post Views: 1
Само 5 соби во еден објект за индивидуално станување да можат да се издаваат како сместувачки капацитет од мал обем , предвидуваат измените на Законот за угостителска дејност. Досега законот дозволуваше 10 соби со 20 легла да можат да се регистрираат за издавање и тоа по физичко лице. Намалување на бројот на соби ги засегна станоиздавачите. Денес во големата општинаска сала се одржа јавна дебата со цел да се изнајдат најдобри предлог решенија во врска со законските измени и да се достават до Владата на Р. Македонија и Министерството за економија. Од Секторот за ТЛЕР...